Јавен повик за референдумот

Почитувани,

Македонската Алијанса уште еднаш апелира на сплотеност на сите политички, општествени и индивидуални сили во Татковината и надвор со единствена цел одбрана на светото Македонско име и Македонски идентитет. Наша патриотска обврска е да го следиме пулсот на Македонскиот народ кој масовно го отфрли предавството на Заев, Димитров и Шекеринска. Треба да учиме од историјата. Секогаш кога сме биле раскарани или разделени тоа било туѓо сценарио и баш тогаш највеќе сме страдале! Тоа не смееме да го дозволиме сега!

РЕФЕРЕНДУМОТ ДА СЕ ИГНОРИРА! САМО ИЗБОРИ СЕ РЕШЕНИЕ! МАКЕДОНЦИТЕ БАРААТ НОВА ВЛАДА СПОСОБНА ДА ГИ ЗАШТИТИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ!

Во едно се согласуваме со немакедонската Влада. Прифаќаме дека ова е време на историски одлуки. Затоа секој мора да има јасен и прецизен став. Или си Македонец кој си го брани најсветото, или си предавник! Или ќе се бориш со демократски средства да спречиш промена на Уставното име, воведување на двојна формула за идентитетот со која сме и „северномакедонци“, ревидирање на Македонската историја и откажување од нашите браќа и сестри во Егејска Македонија, или го подржуваш капитулансткото дело на Заев, Димитров и Шекеринска. Нема трето, нема и таму и ваму! Историјата ќе суди кој е на вистинската страна.

ПОРАКАТА Е ЈАСНА! И ДА ГИ НАПОЛНАТ ГЛАСАЧКИТЕ КУТИИТЕ НА 30 СЕПТЕМВРИ И ТЕНКОВИ ДА ИЗНЕСАТ НА УЛИЦИТЕ  УСТАВНИ ИЗМЕНИ НЕ СМЕЕ ДА ИМА!

Немакедонската Влада не бира ниту средства ниту методи за да го спроведе тоа за што е уценета. Шири страв и паника со Косовското прашање а во исто време Заев со пола Влада се слика со Вучиќ. Затоа, не е воопшто случајно што Македонскиот народ не верува на шарените лаги на Заев, Димитров и Шекеринска. Уште од сега се свесни дека не дај боже на сила да почне да се спроведува Договорот Заев –Ципрас  има да боли соочувањето со реалнсота, и тоа премногу. Дури и тие што се сега заслепени ќе плачат! Македонскиот народ знае дека гаранциите за експресен влез во ЕУ не држат вода. Нема никаква сигурност дека официјална Атина ќе го спроведе тоа што го потпишаа Ципрас и Каменос. Затоа никогаш нема  да се согласиме да станеме безимени и народ без историски корени!

 

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Претседател,

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *