АНА-МПА: Меркел во сабота во Скопје

Канцеларката Ангела Меркел во сабота ќе оствари посета на Скопје, соопшти пред малку нејзиниот портпарол Штефен Зајберт, објави грчката новинска агенција АНА –МПА.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, во кусиот текст, АНА-МПА пренесува изјава на портпаролот на канцеларката, кој вели дека Меркел сака на самото место да формира впечаток во пресрет на референдумот.

– Уште се работи на програмата, но можам да ви кажам дека канцеларката ќе се сретне со премиерот на ПЈРМ, Зоран Заев, изјави Зајберт и додаде дека во фокусот на средбата ќе бидат „регионалните случувања, билатерални теми“, додека пак госпоѓата Меркел „секако сака самата на лице место да формира впечаток во пресрет на референдумот за прашањето за името на земјата, кој што ќе се одржи на крајот од месецот“, пренесува грчката новинска агенција

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *