Со посна трпеза во центарот на градот, Прилеп го прославува „Свети Никола“

Со утринска свечена литургија во црквата „Свето Благовештение“, чествување пред параклисот во центарот на градот и со посна трпеза за сите на булеварот „Гоце Делчев“,  Прилеп денеска, организирано по 12-ти пат, го прославува светецот заштитник на градот „Свети Никола“.

Да ги следиме добродетелствата што ги правел големиот светец „Свети Никола“- заштитникот на морепловците, на децата, на сиромашните и на градот Пилеп, порача владиката Петар кој чиноначалствуваше со утринската свечена литургија и со чествувањето пред параклисот во центарот на Прилеп.

– Како што големиот светец Свети Никола правел добродетелства и им помагал на сите, така и ние треба да се угледаме на неговиот пример и да правиме добри дела и да го прославуваме достоинствено и со голема вера и со постапките, порача Владиката Петар.

Годинашниве домаќини семејството Ѓорѓиески, сопственици на прилепската компанија „Салида“ нагласија дека им е чест што годинава беа домаќини на градската слава и според Ице Ѓорѓиески, светецот им помогнал многу оваа година.

– Чест ни е што сме домаќини на годинашнава прослава и се чини дека „Свети Никола“ му донесе многу добро на нашето семејство. За прославата прилепските домаќинки приготвија околу 60.000 посни сарми, а за заедничката посна трпеза во центарот на Прилеп обезбедивме 700 килограми грав, 500 килограми риба, маслинки, пијалаци, рече Ице Ѓориески.

За прилепскиот градоначалник Илија Јованоски е посебна привилегија што в година неговото семејство ќе биде домаќин на прославата на „Свети Никола“, светецот чија домашна слава ја слават половина прилепчани, а другата половина им доаѓа на гости, и Прилеп го има развојот и така же биде и во иднина.

– Горди сме што ја продолжуваме традицијата и прославата на заштитникот на градот „Свети Никола“. Особено е чест моето семејство в година да биде домаќин на прославата. Прилеп имал и ќе има развој, а секако вербата во добродетелствата на еден голем светец каков што е Свети Никола, заштитникот на морепловците, децата, на сиромашните, значи многу за Прилеп и прилепчани, вели Јованоски.

Прилепчани денеска се послужија од посната трпеза на булеварот „Гоце Делчев“ во центарот на гардот и порачаа дека заедничката прослава на „Свети Никола“ значи продолжување на прадедовските традиции и многу се битни заеднишвото и споделувањето на добрата мисла.

 

2 thoughts on “Со посна трпеза во центарот на градот, Прилеп го прославува „Свети Никола“

  1. Hey there! Do you know if they make any plugins to help with Search Engine Optimization? I’m trying to get my site to
    rank for some targeted keywords but I’m not seeing very good success.
    If you know of any please share. Kudos! You can read similar article here: Scrapebox AA List

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *