Унапредувања, значки и благодарници за Денот на АРМ

Вработените во Министерството за одбрана и Генерал штабот на Армијата на Република Македонија денеска со свечено постројување на платото пред зградата на Министерството ќе го одбележат Денот на АРМ – 18. Август.

Согласно Правилото за воен протокол свеченото постројување се одржува еден ден пред централната прослава на Денот на АРМ. Се предвидува положување цвеќе пред споменикот на загинатте припадници на АРМ, ќе се соопштат имињата на унапредените и ќе се доделат плакети, значки, благодарници и други стимулативни мерки за припадниците на МО и ГШ на АРМ.

На свеченото постројување ќе присуствуваат министерката за одбрана Радмила Шекеринска, началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски, Заменикот на началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Азим Нуредин, државниот секретар во МО Драган Николиќ, директорот на ГШ на АРМ генерал-мајор Зоран Милески, раководителите на сектори во МО, началниците на организациските единици во ГШ на АРМ и вработените во МО и ГШ на АРМ.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *