“Tasmania, here I come!” – Симон Трпчески го најави претстојниот концерт во Тасманија

Македонскиот и светски виртуоз на пијано,  нашиот музички амбасадор – Симон Трпчески, на својата  facebook – страница го објави пристигнувањето во Тасманија, каде на 28 ми Јули во 19 : 30 часот по локално време ќе одржи концерт во Хобарт. Трпчески вели дека за сe’ има прв пат, како и за неговото прво гостување таму.
Тој како и секогаш, несебично ја користи секоја прилика да го истакне своето македонско потекло и да ја промовира македонската култура и традиција, каде и да се појави во светот. Така и овој пат, на својот профил духовито, во негов стил, нагласи дека Македонскиот Ајвар е насекаде, дури и во Тасманија!
Концертот во Тасманија е само дел од бројните концерти што во изминатиот период Трпчески ги одржа низ Австралија и Нов Зеланд, посетувајќи ги  Велингтон, Хамилтон, Северен Палмерстон, Тауранга, Оукленд.
Тој за својата публика несебично издвојува време да сподели дел од природните убавини во кои ужива за време на турнеите.
Пренесуваме дел од неговите фотографии :

За детални информации за следните концерти, посетете ја официјалната страница на Трпчески www.trpceski.com и ако сте во близина, не ја пропуштајте можноста да бидете дел од неговите следни настапи!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *