Легендарниот Диего Марадона, кој заедно со Пеле ја дели титулата најдобар фудбалер на сите времиња, даде интересна изјава на Светското клупско фудбалско првенство, врзана за тоа кој е најдобриот фудбалер во историјата на фудбалот. Имено, Марадона работи како тренер во Обединетите Арапски Емирати, во второлигашот “Фуџаира”, а секоја негова изјава се слуша со нескриен апетит. Овојпат на тапет беше Кристијано Роналдо и неговото тврдење дека е најдобар фудбалер во историјата на оваа игра. Откако слушна за таа негова изјава, легендарниот аргентинец прокоментира за медиумите:
-Роналдо најдобар фудбалер во историјата? кажете му да не се шегува…
Во финалето на СП во Абу Даби ќе се сретнат Реал Мадрид и бразилскиот Гремио, а Марадона не испушти и да му даде совет на претседателот на Реал, Флорентино Перез.
– Му реков ова лето да го купи Килијан Мбапе. Тој е најдобриот млад фудбалер во светот и внесе многу свежина во фудбалската игра – изјави Марадона.