о 69 гласови „за“ и еден воздржан Собранието на Република Македонија вчера повторно го изгласа Законот за ратификација на Договорот со Грција за спорот за името, откако на 20 јуни истиот беше усвоен, но претседателот на државата го врати без да го потпише.
Опозицијата, исто како и минатиот пат, не беше присутна на повторното гласање. ВМРО-ДПМНЕ до Јавното Обвинителство за организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против премиерот Зоран Заев, против Никола Димитров, против Талат Џафери, како и против сите пратеници кои што гласаа за овој, според нив, капитулантски, противуставен и противзаконски договор потпишан со Република Грција.
Шефот на дипломатијата Никола Димитров во обраќањето пред пратениците, се осврна на укажувањата од претседателот Ѓорге Иванов да не го потпише Законот. Рече дека посебноста на македонскиот идентитет и јазик согласно Спогодбата не се загрозени.
Според Димитров, по ова гласање, согласно законите, претседателот е должен да го потпише указот.
Претседателот на Собранието Џафери најави дека по прегласувањето ќе го испрати законот во Службен весник на РМ со еден потпис, а исто така ќе постапи и за Законот за употреба на јазиците, чиј указ Иванов не го потпиша
Премиерот Зоран Заев вчера го повика претседателот Иванов да го потпише Законот за ратификација на Договорот со Грција, а нагласи дека референдумот тоа само ќе го потврди.
– Процесот има решение, тоа го знае јавноста. Убаво е претседателот да го потпише Договорот и нека остане на своите ставови. Тие се легитимни, секој има право на тоа. Јас со него за многу работи се согласувам, реформите во Армијата, дипломатите почна да се поставуваат,… За ова прашање не се согласуваме, но законите и Уставот не обврзуваат како да постапуваме – потпишан Закон, апсолутно влегува во сила, но референдумот е конечен, рече Заев
Појасни дека Договорот и официјално ќе влезе во сила откако ќе помине референдумот, уставните промени, а потоа и ратификација во грчкиот Парламент. Тоа, рече Заев, ќе значи дека за меѓународна употреба во сите инситуции, во сите држави, ќе се употребува новото име.
Insightful read! Your analysis is spot-on. For more detailed information, visit: READ MORE. Eager to see what others have to say!