Триото „Ад либитум” ќе настапи во КИЦ на РМ во Софија

Триото „Ад либитум” составено од флејтистката Силвана Чулева-Атанасова, кларинетистот Лазар Соколов и пијанистката Емилија Кабранова-Филипова вечер од 18.30 часот ќе одржи концерт во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија.

Настанот е дел од годишната програма на КИЦ на РМ во Софија и се остварува во соработка со Домот на култура „Иван Мазов-Климе“ од Кавадарци.

Триото „Ад либитум” е формирано во 2015 година и во својот широк репертоар вклучува композиции од сите музички епохи, оригинални композиции за ваков состав, нивни транскрипции, обработки, модерни и современи композиции.

Настапувале во повеќе градови во Македонија, како и во Србија, Хрватска и Бугарија, на отворања на изложби, промоции на книги и како гости на други музичари. Минатата година го снимија нивниот прв компакт-диск.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *