Тачи и Харадинај им честитаа на Атина и Скопје за договорот

Косовските претседател и премиер Хашим Тачи и Рамуш Харадинај им честитаа на Атина и Скопје за постигнатиот договор за името на Македонија, јави Танјуг.

– Им честитам на премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев и нивните граѓани, напиша Тачи на Твитер, со порака дека „обновената можност за влез (на Македонија) во ЕУ и НАТО му помага и на Косово и на целиот Западен Балкан“.

Харадинај, на истата социјална мрежа, решавањето на прашањето за името го оцени како „одлична вест“.

– Им честитам на Заев и Ципрас на визијата и истрајноста. Се надевам дека сите преостанати отворени прашања на Балканот ќе бидат решени со ист конструктивен пристап, порача косовскиот премиер

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *