Интервенција од грчкиот претседател, за договорот, пред да биде потпишан да биде донесен во парламентот, побара лидерот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис од Прокопис Павлопулос на нивната денешна 30 минутна средба.
– Она што сакам да го побарам од Вас е многу јасно: Би сакал и вие да интервенирате, како што ќе направам и јас, за овој договор да дојде колку е можно побргу во парламентот, во секој случај пред да биде потпишан од грчката влада, за да се утврди дали самиот парламент има доверба во овој договор. Тоа е минимумот што може Ципрас да го обезбеди, ако ништо друго да го почитува Уставот на земјата, истакна Мицотакис.
Претседателот на Нова демократија, кој синоќа рече дека договорот е лош, денеска на грчкиот претседател му го повтори ставот дека актуелната грчка влада нема политички легитимитет да го потпише договорот.
– Договорот, според нашето мислење е многу проблематичен, не само затоа што е спротивен на ставот на мнозинството од грчкиот народ, бидејќи отстапува за македонски јазик и македонска националност, што за нас е неприфатлива национална отстапка, туку и за поради уште една дополнителна причина. Господинот Ципрас нема никаков политички легитимитет да го потпише овој договор, од моментот кога неговиот коалиционен партнер, јасно е против овој договор, рече Мицотакис, пренесе МИА.
Во кусиот дијалог на почетокот на средбата, Прокопис Павлопулос рече дека Уставот јасно ги одредува надлежностите на претседателот.
– Да бидете сигурен дека со целосно почитување на Уставот, ќе го сторам она што е во моја надлежност, но во целосна согласност со Уставот, кусо одговори Павлопулос.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, во Грција, во новинарските кругови се повеќе се споменува информацијата, за која се уште нема официјална потврда, дека опозициската Нова демократија размислува да достави до претседателот на грчкиот парламент барање за гласање недоверба на владата. Ова барање, доколку се потврдат шпекулациите, би можело да биде доставено или утре за време на расправата и гласањето на новиот нацрт закон што се однесува на среднорочната рамка за финансиската стратегија за периодот 2019-2022 или во петок кога можеби ќе се одржи расправа за договорот.
Fantastic article! Your perspective on this topic is truly insightful. For those looking to explore this further, I found an excellent resource that complements your points: READ MORE. I’m eager to hear what others think about this!