Заврши средбата кај претседателот Иванов за договорот за името

Заврши средбата кај претседателот Ѓорге Иванов на која премиерот Зоран Заев и шефот на македонската дипломатија Никола Димитров го информираа за постигнатиот договор за името.

Средбата траеше кратко, а од кабинетот на претседателот Иванов за МИА изјавија дека во текот на денот ќе излезат со став.

Република Северна Македонија, ерга омнес, промена на Уставот и постепено воведување на новото име во внатрешноста на земјата, зачувување на македонскиот идентитет и македонскиот јазик, е содржано во договорот, кој вчера во телефонскиот разговор го потврдија премиерите на Македонија и Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас, а потоа и ја информираа јавноста во своите земји за постигнатото во обидите да се стави крај на 25-годишниот спор.

Договорот, како што најави премиерот Заев, утре ќе биде разгледан на владина седница и ќе биде презентиран пред сите релевантни политички субјекти.

По потпишувањето на договорот од страна на двајцата премиери, тој треба да биде ратификуван во парламентите на двете држави.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *