Почитувани,
Во врска со Грчките најави дека многу брзо Премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас во Егејска Македонија ќе потпишат договор за решение на спорот за името, Претседателот на Македонска Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:
Вчера видовме колку аир имаме од преговорите за името. Бевме сведоци на масовен Грчки иредентизам во 21 век. Сите Грчки политичари во еден глас бараат отстранување на од нив измислениот Македонски иредентизам, а десетици илјади Грчки радикали и националисти извикуваа „Македонија е Грчка“. Поддржани од политичари и високи претставници на Грчката Црква. И тоа не случајно беа избрани градови од Егејска Македонија кои се анектирани со неправедниот Букурешки Договор. За да боли уште повеќе! За да не понижат до крај!
Република Македонија не е приватна сопственост на Заев, Димитров и Шекеринска за да ја држат во заложништво и Татковината и Македонскиот народ. Не може Грчка „Та Неа“ да објавува дека предлогот за кој се чека Заев да се изјасни е Република Северна Македонија без превод на англиски јазик, а актуелната Влада да молчи! Уште ли ќе се вадат на „некои технички детали“ или се мислат како да признаат?
Заев, Димитров и Шекеринска без оглед колку се уценети и принудени заради фотељите да го испорачаат ветеното и да направат обид за велепредавство, треба да им биде јасно дека без Македонскиот народ да се изјасни на референдум нивниот евентуален потпис на некаков нов меѓународен договор со Грција, во Преспа или Лерин, нема да има никаква правна важност. Единствените правни последици од нивниот кукавички чин ќе биде нивната кривична одговорност од која бегање нема да има! Ќе биде формирано Специјално Обвинителство за гонење на лица кои се обиделе да го раскрчмат Македонскиот национален идетитет и да го продадат името!
ОБЕДИНЕТО КРАЛСТВО МАКЕДОНИЈА ЗА СЕВКУПНА УПОТРЕБА!
Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски како искрен патриот им нуди решение за излез на Заев, Димитров и Шекеринска. Кога веќе во замена за гола власт ветиле дека по секоја цена ќе го сменат нашето свето и вековно Уставно име, еве им предлог – ОБЕДИНЕТО КРАЛСТВО МАКЕДОНИЈА за „ерга омнес“. Само ова древно историско име може да го замени Уставоното име Република Македонија и сигурно ќе помине на референдум!
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА
Претседател,
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски