Средба на Ѓорѓија Џорџ Атанасоски со Мајкл Вулц, кандидатот за конгресмен од Републиканската партија

Почитувани,

Претседателот на Македонска Алијанса Ѓорѓија Џорџ Атанасоски оствари неформална средба со Мајкл Вулц, кандидат за конгресмен од Републиканската партија во САД.

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски очекува Мајкл Вулц да стане конгресмен и да добие уште поголема поддршка во Конгресот на САД, каде веќе има неколку лични пријатели. Двајцата на средбата во Флорида разменија книги, но и поддршка еден за друг. Вулц да стане конгресмен на САД, а Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, претседател на Република Македонија.

Мајкл Вулц е бизнисмен од Флорида кој има учествувано во војната во Авганистан.

По завршување на работната средба двајцата бизнисмени, но и големи патриоти разменија по една книга. Атанасоски на подарок ја доби книгата од Вулц, додека Атанасоски со посебна чест му го подари неговото дело „Македонска Империја“.

Атанасоски на средбата му искажал целосна поддршка за неговата кандидатура, а Вулц се заложил за поддршка на Македонија кога тој ќе стане дел од Конгресот на САД.

 

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски                                     

Претседател,                                                                                       

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

                                                                                            

499 thoughts on “Средба на Ѓорѓија Џорџ Атанасоски со Мајкл Вулц, кандидатот за конгресмен од Републиканската партија

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *