Грчко МНР: Не сме надлежни да информираме за изјави од опозицијата во ПЈРМ

Министерството не е надлежно да информира за изјавите од ВМРО-ДПМНЕ, соопштуваат од грчкото МНР, во одговор на соопштението од опозициската Нова демократија.

– Министерството за надворешни работи не е надлежно, ниту пак има должност да ја известува Нова демократија за изјави од опозицијата на ПЈРМ (ВМРО-ДПМНЕ) сестринска партија на Нова демократија во Европската народна партија, до која треба да се обрати, соопштуваат од грчкото МНР, во однос на соопштението од грчката опозициска партија и додаваат дека со оглед на тоа дека лидерот на партијата Кирјакос Мицотакос се наоѓа во Минхен, за конгресот на ЕПП, може да најде време да се информира од „неговите пријатели од ВМРО“.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, од Министерството за надворешни работи на Грција ѝ порачуваат на Нова демократија „следен пат кога ќе сака да добие информација за случувањата во преговорите, добро би било директно да го побара тоа од Министерството“.

Од опозициската Нова демократија, како што веќе објави МИА, преку надлежниот за надворешна политика, Јоргос Кумуцакос, побараа известување од грчкото МНР за информациите на поранешниот шеф на македонската дипломатија, односно како што пишуваат во соопштението, „за јавно изразениот став на поранешниот министер за надворешни работи на Скопје, Антонио Милошоски според кој Алексис Ципрас е подготвен да ја обврзе земјата со договор со ПЈРМ“.

Од Нова демократија соопштуваат дека вчера во 17:45 побарале информации од Никос Коѕијас, а до моментот на издавање на денешното соопштение, 12:40, не добиле никакво известување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *