Македонското сонце е симболот на животот и работата на бизнисменот Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски

Само Сонцето е постаро од Македонија, вели Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски. Затоа, симболот на античките Македонци, на Филип и на Александар, чии потомци сме ние Македонците, од Кутлеш (Палатица), беше симбол на официјалното знаме на Република Македонија од осамостојувањето на 8 септември (гроздобер) 1991 година. За жал, под притисок на грчките шовинисти и едногодишната блокада од Грција, шеснаесетзрачното знаме е променето на 5 октомври (листопад) 1995 година. Новото знаме на Република Македонија е осумзрачно сонце, кое значи „ново сонце на слободата“.

Се чини  Сонцето  од  Кутлеш  (Палатица)  е многу значаен симбол на животот и работата на американскиот бизнисмен Ѓорѓија–Џорџ Атанасоски и на неговите инвестиции во Република Македонија: гласилото „Македонско сонце“, ТВ „Сонце“ и хотелот „Сонце ГА“. Исто така, во Македонија и во светот има голем број организации, институции, друштва и други асоцијации на кои им е симбол шеснаесетзрачното сонце, меѓу кои и името на ресторанот на бизнисменот Ристо Гуштеров во Нејплс во Флорида што го носи името Палатица (Кутлеш).

Од  19  септември  (гроздобер)  2004  година, пак, античкиот симбол – шеснаесетзрачното сонце се вее и на симболот пред општинската зграда во Пустец, Мала Преспа. За античкиот симбол на општинското знаме, секако има заслуги Светскиот македонски конгрес и збратимената општина Гази Баба од Скопје.

Утврдувањето на македонскиот симбол од страна на Советот на Општината  Пустец  и  неговото  потврдување од Министерството за правда на Република Албанија ја направи единствена општина со Македонци во светот, која за официјален симбол го утврди македонското шеснаесетзрачно сонце. Јавното објавување на симболот на Општината, симболично го означи и воведувањето на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо во административна употреба во Република Албанија, бидејќи на грбот називот на Општината е напи- шан и на македонски и на албански јазик.

Меѓутоа, најголемиот чувар и бранител на симболот од Кутлеш е, секако, бизнисменот Ѓорѓија  –  Џорџ  Атанасоски.  Тоа  сонце  постојано го води во текот на целиот негов живот, а тој тоа го потврдил особено преку гласилото „Македонско сонце“, чиј  историски развој  е тесно поврзан со идеите на одреден број Македонци во дијаспората.

Така, поттикнати од  патриотското чувство да му се докаже на светот дека древната македонска цивилизација ќе воскресне со осамостојувањето на Република Македонија есента 1993 година неколку патриоти од Германија, предводени од господинот Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски, донесоа одлука за издавање на македонски неделник. Се одлучи гласилото да има светско значење со тоа што ќе се дистрибуира насекаде во светот каде живеат Македонци.

2djo

Идејата на Ѓорѓија–Џорџ Атанасоски за издавање едно гласило тлееше уште од пред 25 години да излезе „Македонско сонце“. Тој почувствувал потреба да се има едно печатено информативно средство, да се основа независен весник којшто ќе ги информира колку што е можно пообјективно не само читателите и јавноста во Република Македонија, туку и македонските иселеници.

Вршејќи го својот приватен бизнис, повеќе во туѓина отколку во татковината, имаше чести средби со Македонците во Америка кои вестите и информациите си ги пренесуваа усно, со што повеќе се дезинформираа отколку што се информираа.

Сепак, по неколку средби со наши сонародници во Германија во текот на 1993 година, најпо- сле се реализира идејата за македонски национален неделник, кој би имал и лобистичка улога во осознавањето на нашето вековно постоење пр ку свои аргументирани историски прилози.

Следеше една година подготовки по кои најпосле бизнисменот Атанасоски го основа македонскиот светски неделник „Македонско сонце“, чијшто прв број излезе на 24 јуни (жетвар) 1994 година.

Иако Редакцијата на весникот се наоѓаше во Скопје, еден дел од македонската јавностi сметаше дека „Македонско сонце“ е неделник наменет само за македонската емиграција. Ваквата погрешна констатација траеше сè до оној момент додека читателот го немаше неделникот во свои раце.

По излегувањето на неделникот сопственикот Атанасоски со задоволство кажа дека неговиот труд, заложбите на соработниците и македонските желби за подигање на патриотскиот дух, не само меѓу Македонците во иселеништвото, но и во татковината, конечно се остварија. Од скромниот тираж од 2.000 примероци, весникот достигна да се печати во 7.000 – 8.000 примероци, а неколку пати ја преминал бројката од 10.000 примероци.

3djo

Ковчегот од Кутлеш (Палатица) 

Како основач на овој светски неделник бизнисменот Атанасоски се трудеше истиот да биде целосно независен, непартиски, без негово влијание во уредувачката политика. Треба да се знае дека „Македонско сонце“ беше независен, национален неделник, кој дејствуваше „без влакно на јазикот“, ги боцкаше негативните појави, но, исто така, весникот беше полн со хуманост и братска љубов кон своите најблиски – Македонците.

Во исто време гласилото имаше  респект и кон другите малцинства кои живеат во Република Македонија. Не случајно ја негуваше рубриката „Верата наша рисјанска“. Тоа беше заради тоа што господинот Атанасоски верува во Господ, верува и во себе и во својот народ и во својата држава. Бидејќи силно верува во сè, затоа за него Флорида е убавина, но Македонија е Божји рај! Заради тоа бизнисменот Атанасоски вели дека е хумано и морално да се почитуваат сите на светот, но уште подобро е првин да се сака својата нација, а потоа другите.

Инаку, првиот број на неделникот „Македонско сонце“ излезе на 24 јуни (жетвар) 1994 година и, со некои осцилации излегуваше во континуитет. Во два наврата беше извршена измена на форматот. Така, од бројот 493 од 12 декември (снежник) 2003 година до бројот 763 од 13 февруари (сечко) 2009 година беше издаден во боја со 64 страници формат А4, со рубрики и дизајн (со делови и изглед) според стандардите на европските неделници. Оттогаш „Македонско сонце“  се трансформира во електронско издание и е едно од главните информативни гласила во Македонија и особено во македонската дијаспора. Главен и одговорен уредник беше Александар Келтаноски, а денес директор е Владо Спасиќ.

4djo

Концепцијата и уредувачката политика на неделникот се темели врз неговата основна цел

– да се афирмираат македонските национални вредности не само на територијата на денешна Република Македонија, туку и во преостанатите делови на етничка Македонија и во целиот свет, односно секаде каде што живеат и работат луѓе чија етничка и државна припадност ги поврзува со Македонија.

Гласилото „Македонско сонце“ во печатена форма било дистрибуирано и продавано на паза- рот во Република Македонија, но и во целиот свет каде што има Македонци – Европа, Америка, Канада, Австралија.

Од 2003 година – директор: Елизабета Хаџи- Стојанова Костурска, потоа Александар Келтаноски, главен и одговорен уредник; Редакциски колегиум: Кокан Стојчев, Жаклина Митевска, Милева Лазова, Мишко Талески, Мирослав Георгиевски; соработници: Фросина Ташевска-Ременски, Дејан Савовски, Александар Вучевски, Живанка Филиповска; технички уредници, Синиша Кариќ и Владимир Стојковски,; Силвана Блажева, лектор; Зорица Кметовска, дактилографка; Сузана Јосифовска, секретарка на Редакцијата.

Од 2008 година главен и одговорен уредник стана Александар Келтаноски, а редакцискиот колегиум го сочинуваа: Кокан Стојчев, Жаклина Митевска, Милева Лазова, Мишко Талески, Ми- рослав Георгиевски; соработници: Фросина Ташевска-Ременски, Дејан Савовски, Александар Вучевски, Живанка Филиповска; технички уредници Синиша Кариќ и Владимир Стојковски,; Силвана Блажева, лектор; Зорица Кметовска, дактилограф; Сузана Јосифовска, секретар на Редакцијата, и дистрибуција Миле Оцевски.

Продолжува 

5djoПишува; СЛАВЕ КАТИН

ЃОРЃИЈА – ЏОРЏ АТАНАСОСКИ И НЕГОВАТА УСПЕШНА ЕКОНОМСКА, НАЦИОНАЛНА И ПОЛИТИЧКА ИДНИНА НА МАКЕДОНИЈА – ДЕЛ II

Во второто продолжение од разговорот на Елизабета Димитровска со бизнисменот Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски, објавено во списанието „Македонско сонце“, бр. 600/601 од 30.12.2005 година, за што е посветено посебно внимание и место во монографијата „Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски“. Затоа, во продолжение го објавуваме делот во кој е запишано следното:

Голем придонес дадовте за признавањето на уставното име од страна на САД. Успешни преговори водите и со претставниците на грчкото лоби во Америка, засновани на дипломатија и висока политика.

АТАНАСОСКИКако Македонец отсекогаш лобирам, и не само јас, туку и луѓето со кои соработувам. Понекогаш правиме директни контакти со претставниците   на  грчкото  лоби  и со некои грчки асоцијации,  при што најчесто успеваме да ги надминеме проблемите кои посто- јат меѓу Македонија  и Република Грција. Иако тешко, сепак наидуваме на позитивни прифаќања и разбирања.

Разговорите кои ги водиме се мошне конструктивни и позитивни, но сепак недостасуваат преговори кои треба да се вршат на државно ниво. Моето размислување е  дека  секогаш  кога  сакаме проблемот  да го решиме треба да седнеме со оние со кои го имаме спорот. Преку посредници и други варијанти  само се оддолжува и се комплицира и на тој начин не можеме да дојдеме до вистинската цел. Во иднина не треба да се плашиме од вистината. Ние сме Македонци, директни потомци на Александар Македонски и не смееме да отстапиме од нашата историја, од нашата култура која ја имаме низ вековите.

Кои се Вашите ставови по прашањето за доделување на статусот за чекање за влез во ЕУ?

АТАНАСОСКИ: Мислам дека позитивен чекор е и Македонија да биде членка на Европската  унија. За жал, ќе треба да чекаме долго време, но чекорот е направен и поддржувам една таква иницијатива.  Сепак, зависи  и од нас кога ние ќе го достигнеме тој степен да бидеме рамноправна  членка на ЕУ. Ако ги земеме работите во свои раце и ако сакаме што побрзо да влеземе потребна е голема стратегија и работите кои ги бара Европската унија да ги промениме  што побрзо, а тоа се, повторно ќе речам, корупцијата и промената на законите, кои ќе бидат поповолни и со исти критериуми  како и тие на Европската унија.

Во програмата и целите на Вашата партија Македонска алијанса сублимирани се сите цели и задачи, кои расцепкано се појавуваат низ поголемите и помалите партии во Македонија. Зошто Македонска алијанса поуспешно функционира меѓу Македонците  во дијаспората и во светот отколку во матичната земја?

АТАНАСОСКИМожам да напомнам  дека ги анализирам  сите политички  партии во Македонија,  но во ниедна не е застапена националната стратегија, која треба да биде во корист на државата и на граѓаните на Македонија. Македонска алијанса е единствена  политичка  партија која поаѓа од корените на Македонците, а тие се од времето на Филип и Александар Македонски.  Сите други партии и нивните платформи во однос на ова прашање се недефинирани.  Затоа имаме и големи проблеми со признавањето на Македонија. Ако ние уште од почетокот се дефинираме кои сме, што сме и почнеме од корените од каде што ни почнува историјата, денес не би ги имале тие проблеми.

Во однос на историјата Македонска  алијанса  секогаш  стои зад тоа и во иднина ќе продолжи да ги промовира тие идеи. Идната година ќе учествуваме на парламентарните избори, уште еднаш ќе й се понудиме на македонската  публика, а таа ако знае и умее да  го  избере  најдоброто  за  Македонија,  ние  ќе  бидеме  тука. Сепак ќе оставиме одлуката да ја донесе народот.

Можам да напомнам дека  Македонска  алијанса  не  работи само во Република Македонија,  туку во сите земји каде што има Македонци.  Еден од успесите е и создавањето политичка  партија на Македонците  во Албанија, која се вика Македонска  али- јанса за европскa интеграциja.  Ние соработуваме  и со “Виножито” од Егејскиот дел, успешна соработка  имаме и со ОМО “Илинден Пирин” од Република  Бугарија, со кои гаиме слични цели и идеали. Симболот на Македонска алијанса – македонското  сонце од Филип и Александар Македонски,  е истиот знак кој го има ОМО “Илинден”. Ние како Македонци, ако сакаме да се идентификуваме, мораме да имаме сила. Покрај другите симболи на државата, водечко треба да биде шеснаесеткракото сонце кое е симбол на македонската  нација.

Македонска алијанса е единствена политичка партија која поаѓа од корените на Македонците, а тие се од времето на Филип и Александар Македонски. Сите други партии и нивните платформи во однос на ова прашање се недефинирани. И затоа имаме големи проблеми со признавањето на Македонија. Ако ние уште од почетокот се дефинираме кои сме, што сме и почнеме од корените од каде што ни почнува историјата, денес не би ги имале тие проблеми. Во однос на историјата, Македонска алијанса  секогаш  стои зад тоа, и во иднина ќе продолжи да ги промовира тие идеи. Идната година ќе учествуваме на парламентарните избори, ќе й се понудиме уште еднаш на македонската публика, а таа ако знае и умее да го избере најдоброто за Македонија, ние ќе бидеме тука. Сепак, ќе оставиме одлуката да ја до- несе народот.

За македонската кауза веќе 11 години стоечки се борите и преку неделникот “Македонско сонце”. Во најскоро време ќе ја поставите и бистата на Александар Македонски во Прилеп, грандиозно дело на познатиот вајар Жарко Башески, кое ќе биде сведоштво за македонскиот идентитет од времето на Александар  Македонски?

АТАНАСОСКИ: “Македонско сонце” е неделник кој постои повеќе од 11 години. На страниците на овој неделник може да се види дека македонската кауза е присутна во континуитет и покрај сите пречки на кои наидувавме. Неделникот ги негува националниот и верскиот идентитет,  а работи и на успешна политичка и економска  стратегија.  Ние размислуваме на сите полиња. Бронзената биста на Александар Македонски веќе две години чека на своето поставување.  Тоа ќе биде гордост за граѓаните на Прилеп, но гордост и за Македонија и за сите Македонци секаде во светот. Ние сакаме со тоа на народот и на гра- ѓаните да им ја разбудиме асоцијацијата  со Александар Македонски.

Покрај сè сте и голем хуманист.  Вашите донации се движат во различни насоки.

АТАНАСОСКИ: Да, јас помагам и донирам  насекаде.  Стипендирам  голем  број  студенти,  од кои  најмногу  се наши  деца  од Мала Преспа, Голо Брдо и други. Донатор сум и на камбаната за црквата “Свети Никола” во Маврово, на која е вградено шеснаесеткракото сонце. Ја помагам радиостаницата во Мала Преспа, како и многубројните македонски  клубови и црковни општи- ни низ светот.

Како би ја заокружиле годината која измина, поточно ка- ко би ја заокружиле  Вашата 25-годишна  успешна работа во САД и во Македонија како успешен бизнисмен, но и човек кој, како што реков, паралелно работи на многу други полиња. Воедно, кои се Вашите планови кои си ги поставивте за во иднина?

АТАНАСОСКИ: Плановите не се менуваат. Само плановите мора да се остваруваат.  Успешно  ги реализирав  економските цели и задачи кои си ги поставив  и слободно  можам да кажам дека на тој план сум задоволен. Во политиката не е така едноставно. Транзицијата  во Македонија  направи една голема заблуда. Во прво време стравот од комунизмот на народот му наметна повторно да гласа за лидерите кои беа останати од минатото. Помина еден период во кој јас напорно работев и сметам дека народот тоа ќе го осознае. Иако нашиот народ е па- метен, сепак треба да умее и да ги препознае  вистинските  лич- ности,  кои  на  еден  демократски  начин  ќе  го  поведат  кон  подобра  иднина.

Ќе завршам  со пораката  дека јас како Ѓорѓија  – Џорџ  Атанасоски  секогаш  за  мојот  народ  ќе  имам  и  време  и желба да му го пренесам  моето знаење и практика,  за да ја направам државата  економски  постабилна,  поуспешна,  а за сметка на тоа подготвен сум да вложам а не да земам, како што тоа го направија  многумина  досега. Ќе бидам најсреќен кога Македонија ќе блесне во вистинскиот сјај, независно дали предводник ќе бидам јас или било кој друг успешен човек, ѝ изјавил на Елизабета Димитровска бизнисменот Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски.

Продолжува

 1KatS

Пишува: СЛАВЕ КАТИН