Историја за Балканот и Македонија – “Лидија”

ЛИДИЈА 

Меѓу палеобалканските народи кои поради притисокот на индоевропските народи во XIII-XII век пред Христа ги напуштиле балканските простори и мигрирале во Мала Азија, спаѓаат и Лидјаните/?Лидијците.19 Тие се населила во Лидија, покраина на западниот брег на Мала Азија, со главен град Сард (Сардес – скапоцен камен), на златоносната река Пактола и планинитие Тмола и Сипила. Градот Сард или Сарт бил престолница на лидиските кралеви. 

19 Strabo, Geographia, VII, 572, Meineke, Lipsiae, I, II, III,  1913; Papastavrou, I.: Istoria tis Arhaias Ellados, Hiotelli, p. 46, Athinai, 1972

Според Херодот,20 нивниот етноним потекнува од Лида (Lydos), син на кралот Атис, по кого целиот народ го добиле име Лидјани (Lydoi), а пред тоа се викале Меонци (Meiones), а нивната земја Меонија (Meonie). Сенц21 истакнува дека тие, во тие бурни времиња, го напуштиле Балканот заедно со Бригите, Стримоните, Мишаните, Мосиначаните и други и се населиле во Мала Азија, откако ги потиснале Хетитие околу 1200 година пред Христа. Кралот Атис бил родоначалник на династијата на Атиадите во Лидија и почитуван како божество кај Лидјаните и Фригијците и е изедначуван со богот Дионис.   

20  Херодот, Историја, I, 7, Матица Српска, Београд, 1988.

21  Senc. St.: Grčko-Hrvatski rječnik, s. 641, Kr. Zemaljaka tiskara, Zagreb, 1910.

Топонимот на Балкан кој би упатувал на нивната прататковита Хепербореја би бил денешниот град по име Мионица и селото Мионица, во ужичкиот крај на Србија. Во Тројанската војна, Лидјаните-Меонци биле на страната на Троја. За тоа, Хомер22 вели: „А Меонците во бој ги поведоа Местле и Антиф /Талеменовите синови кои гигејската нимфа ги роди,/ под Тнол тие Меоњанците во бој ги поведоа.“

22  Хомер, Илијада и одисеја, II, 864, Нови Сад, 1985. (прев. М.Н. Ѓуриѓ)

Будимир Милан23 изнесува дека за Мајонците се мисли и денес дека, во суштина, се балкански стар народ од индоевропско потекло, кои за време на егејските преселби, од почетокот на XII век пред Христа од Балканот се доселиле во северозападна Анадолија. Овие Мајонци етнички се многу поблиску до Бригите од Македонија и Тракијците, отколку до Хелените и припаѓаат, веројатно како и останатите, на Пеластите, првите индоевропски Балканци, кои на Средоземјето се доселиле пред Грците. Пизистративиот помалд современик, јамбографот Хипонакт (VI век пред Христа) сочувал во своите стихови повеќе мајонски глоси и фрази во мајонски оригинал и во грачки превод. Според Аристотел и основачот на хорската лирика Алкман, 625 година пред Христа, од Сардис, главниот град во Лидија, не е Спартанец, туку Лидиец. Според една античка традиција, поетот на Илијада, Хомер, треба да е Мајонец од Смирна, односно Мајонид од Лидија. 

23  Будимир Милан, Са балканских источника, СКЗ, 1969, 74.

Во митологијата како значаен Лидиец се споменува и Пелоп, син на кралот Тантал, еден од богатите и моќни владетели на Лидија. Тантал бил син на Зевс и имал три сина: Пелоп, Бротеј и Даксил, и ќерката Ниоба. Поради злоупотреба на наклонетоста на боговите, казнет е во Подземниот свет да трпи вечна глад и жед („танталови маки“).

Танталовиот најстар син Пелоп, уште во младоста ја напуштил татковината, бидејќи го загрозувал тројанскиот крал Ил (Ilos). Преку Егејското море во „златни кочии со крилести коњи“, заедно со Лидјаните и Фригијците и големо богатство, ги повел и сирмашните Ахејци (Ahaioi – Чемерни) од тесалската Фтија во Пелопонез.

Се оженил со ќерката на Еномеј, крал на Елид, Хиподамија, а неговите потомци, откако завладеале со цели полуострови, го промениле нивниот хороним од Апис во Пелопонез. Синови на Пелоп се Атреј, крал на Микена и Тијест, кралот Тиринт, познати во митологијата по богатството, но и по нивната меѓусебна омраза. Атрееви синови биле Агамемнон и Менелај, кои биле водачи на Данајците, Ахејците и Аргиевците во Тројанската војна.24              

24  Хомер, Илијада и одисеја, II, 864, Нови Сад, 1985. (прев. М.Н. Ѓуриѓ)

Меѓу лидиските династии во митологијата и античката историја се споменуваат уште и династиите Хераклиди и Мермнади.

Династијата на Хераклидите – Сандонидите е асирска династија, преку кралот Јордан и неговата ќерка Омфала, лидиска кралица. Од оваа династија потекнуваат Мирсил и Кандаул кој го изгубил кралството во 713 година пред Христа. Легендата за хераклидовската династија на Лидјаните настанала од Аполодор, во I-II век пред Христа,25 за време на македонско-римската епоха. 

25 Библиот. II, 3, 6 и натаму

2lidija

Тука се наведува дека Херакле со цел да го исчисти гревот поради убиството на Ифит, син на кралот Еврит, кој владеел со Ехалија, како и поради кражбата на „делфискиот троножец“, престојувал кај Омфал. Херакле му служел на Омфал три години како роб и за тоа време направил многу херојски дела. Во подоцнежните преданија, робувањето на Херакле кај Омфал е опишано на сосема понижувачки начин, кога Омфала го преобразила во мекуш и папучар.

Овие податоци, меѓутоа, од хронолошки аспект не се сложуваат. Асирската династија на Сандонидите-Хераклидите на власт дошла во 1221 гдоина пред Христа, додека Ифит бил учесник на Тројанската вона, 1183-1183 година пред Христа, како славен стрелец. Во повоениот период, кога еден ден на Ифит му исчезнале 12 кобили, тргнал да ги бара и казни крадливците. Своите кобили ги нашол во Хераклевата штала. Тогаш Херакле го убил Ифит и го задржал неговото добро. Од сето тоа произлегува дека не постоела династија на Хераклидите во Лидија и дека Херакле не учествувал во Тројанската војна. Третата династија носи назив Мермнади и почнува со Гига во 761 година пред Христа и преку Ардис, Садијат и Алијат се завршува со Крез.

Херодот26 за Крез (Kroisos, 555-549 година пред Христа) пишува дека тој е еден од Алијатовите синови, дека по потекло бил Лидиец и владеел западно од реката Халис сè до Егејското Море. Тој ги покорил Фригијците, Мисијците, Пафлагонците, Тракијците, Битињаните, Карците, Јонците, Дорците, Еолците и др. Кога сите ги покорил и присоединил на Лидија, дошле сите во Сард, кој до тогаш го постигнал највисокиот степен на слава и богатство („богат како Крез“), меѓу кои и многу дотогашни мудреци и Атињанинот Солон. Меѓутоа, и покрај својата моќ, Крез во 549 година пред Христа бил заробен од страна на персискиот крал Кир, со што Лидија станала персиски сатрап. Лидијците се ослободени од Персија дури во 334 година пред Христа од страна на Александар Македонски, за после тоа да бидат вклучени во македонско-азиското кралевство на Селеук, а подоцна во I век пред Христа под римско владеење. 

26  Херодот, Историја, I, 6, Матица Српска, Београд, 1988.

Фригија

Под името Фригија (Frygia) во праисторијата се јавуваат, на прво место, недиференцирани покраини во северозападниот дел на Мала Азија. Со текот на времето, под Фригија е означена најзападната покраина во Мала Азија, потоа еден крај на Хелеспонт кој ја опфаќа и Троја, под името Мала Фригија, еден дел од подоцнежната Битинија на Сангарија, а на крајот Голема Фригија.

За потеклото на Фригијците на тлото на Мала Азија, Херодот27 наведува: „На Фригијците, според кажувањето на Македонците, името им било Бриги додека живееле во Европа и додека биле соседи на Македонците, а кога се преселиле во Азија, ја промениле истовремено и родната грутка и името и се нарекле Фригијци. Арменците… се потомци на Фригијците“. 

27  Херодот, Историја, VII, 73, Матица Српска, Београд, 1988.

3lidija

На овие простори Фригијците најверојатно мигрирале во времето помеѓу кадмовите преселби за Илирија во 1313 година пред Христа и аргонатуските експедиции во 1225 година пред Христа. Томсон28 нивната миграција хронолошки ја поврзува со 1200 година пред Христа кога се случил падот на хетитската држава. Во Тројанската војна, Фригијците биле сојузници на Пријам против Грците. Од друга страна, младиот крал Пријам им помогнал на Фригијците во борбите против Амазонките, за време на кралот Отреј, а бил оженет со фригијската принцеза Хекаба, која му родила 19 синови. Во Тројанската војна, Фригијците ги водел кралот Форко, за што Хомер29 пее: „А од Асканија далечна ги водеше Фригите/Форкис и подобниот на боговите Асканиј за битки желни…“ Инаку, Асканија е крај во Мала Азија, на Асканското Езеро, на меѓата помеѓу Фригија и Мизија. 

28 Thomson, G.: I Arhaia Eilliniki Koinonia-to Proistoriko Algalo, p. 291, Athina, 1954

29  Хомер, Илијада и одисеја, II, 864, Нови Сад, 1985. (прев. М.Н. Ѓуриѓ)

Од митските личности на Фригијците познати се кралевите Тантал и неговиот син Пелоп, кој ги повел Ахејците во средината на XIII век пред Христа од тесалската Фтија во Пелопонез, а неговите синови Атреј и Тиест станале кралеви на Микена и Тиринт. Внуците Агамемнон и Менелај биле водачи на Грците во Тројанската војна во 1193 година пред Христа.

Кралот Гордиј (Gordios) се смета за основач на фригијската држава и на градот Гордион на реката Сангарија. Под оронимот на горите Гордиејците е еден дел од планината Таур во југозападна Арменија, каде се Гордите-Курди. Гордиј на власт дошол по една братоубиствена војна, на воловски коли со орел. На Гордиевата кола јаремот бил заврзан за рудата со јазол кој не можел да се одврзе. Според пророштвото, оној кој ќе го одврзел, ќе владеел со цела Азија. Тоа му успеало на Александар Македонци кој тоа го сторил со неговиот меч, во 334 година пред Христа. Гордиев син бил Мида, кој се смета за мудар и неизмерно богат крал. Тој во митологијата е познат по „магарешките уши на кралот Мида“.

Во легедните, меѓутоа, постои забуна помеѓу Мида од Фригија и Мида кој ги поседувал градините со рози во подножјето на македонската планина Бермион /Каракамен/ кај Воден, каде заскитал стариот Силен, учител на богот Дионис.

Според најновите истражувања30, миграцијата на Бригите и на Мизите од централно-балканските простори се одвивала во повеќе правци. Првиот поголем бран уследил околу 1500-1400 година пред Христа, во правец на Мала Азија. Вториот, помал бран во истиот правец, бил по Тројанската војна, т.е. по 1183 година пред Христа. Третиот бран настанал во правец на Епир, Грција и Италија околу 800-700 година пред Христа. Фригијската држава исчезнала на почетокот од VII век пред Христа, веројатно при освојувањата на лидискиот крал Крез.

Петрова, Е.: Бригите на централниот Балкан во II и I милениум пред н.е., с. 208, Скопје, 1996.

Продолжува

Пишуваат:

4lidijaАКАДЕМИК А. ШКОКЉЕВ-ДОНЧО И

5lidijaСЛАВЕ КАТИН 

ГОЛЕМИТЕ ПРЕСЕЛБИ НА БАЛКАНОТ ВО БРОНЗЕНО-ЖЕЛЕЗНИОТ ПЕРИОД

Славе

 

Академик А. Шкокљев-Дончо и Славе Катин

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ

ДЕЛ 25

 

 

Според археолошките наоди, на преодот од бронзениот во железниот период (1200-800 година пред Христа), повторно настанала епохата на превривање и несигурности на Балканот, слична на енеолитот (Папаставро, 1972 г.; Гарашанин, 1988 г.; Гавела, 1988 г.). Во овој период повторно дошло до поголеми и помали раздвижувања на жителите.

***************

Миграциите биле предизвикани со инфилтрација на нови сточарски групи од севернопонтинските области кон среден и долен Дунав (што може да се следи со културата на полињата со урни во Панонија), и до нови притисоци, селидби и последниот процес на прегрупирање, дезинтеграција и распаѓање на старите заедници.

До овој заклучок, уште порано, дошол Heurtley (1939 г.), кој врз основа на истражувањата на материјалната култура во Македонија, истакнува дека на крајот на микенската еволуција и почетокот на супгеометрискиот период, може да се констатира период на миграциски елементи на Балканот, поврзани со Медијана група, од околината на Светозарево во Србија (1300-1000 година пред Христа), во правец на југ кон Морава, Вардар и Егеј. Во прашање бил еден од оние бранови на преселби кои придонеле за рушење на микенската цивилизација. По завршувањето на овој процес, се’ до доаѓањето на Келтите и римското освојување на Балканот, немало поголеми археолошки промени.

Во овој период на Балканскиот Полуостров се појавиле нови големи етнички групи. Во источните делови биле Тракијците, а во јужните Дорците, а во западниот Илирите. Иако засега неможе да се утврди нивното потекло и областите од кои емигрирале (веројатно од реонот на курганската култура во евроазиските простори), нивните архиолошки, историски и лингвистички траги се многу раширени. Во овој период, во источна Европа како доминантна етничка група се појавиле Скитите, а во западна Европа Келтите.

Мала Азија

Досегашниве истражувања на античките писатели за споменатите етноси утврдиле дека миграциските бранови на почвата на Балканот ги потиснале најпрво староседелците, а нивниот притисок во бранови со паника се почувствувал во цела континентална и микенска Елада, т.е. во Пелагонија, во централен Балкан, егејските острови, Мала Азија, Сирија, Кипар и Египет. Овие преселби во историјата се означени како “народи на морето”, а нивното време како “мрачноисториско време”.

Пелазгите кои живееле во Епир (Теспротоја) ја напуштиле својата Додона со Зевсовиот храм и се доселиле во рамницата на реката Пенеј во Еолија (ajolis-светол,брзоног, подвижен), па оттогаш оваа област се нарекувала Тесалија, т.е  земја која ги присвоила. За оваа миграција Херодот (VII,176) во своите дела каде што ја опишува Термопилската Клисура во врска со настаните во војната со Персијците, вели: “… во таа клисура порано бил изграден sид и на него била направена една капија. Sидот го изградиле Фокејците од страв од Тесалците, кога тие дошле од Теспротија и сакале да се населат во еолската земја каде и денес живеат… Стариот sид изграден пред многу, многу години и поголемиот негов дел бил уништен во текот на времето”.

Тесалските Ахејци (Мирмидоните), кои останале со новодојдените Пелазги од Теспротија, станале робови, додека другите побегнале. Еден дел отишол на соседниот остров Евбеја и во Мала Азија кај Троја, т.е. подоцна наречена Еолија, а другиот дел се населил на северниот дел на Пелопонез, кој оттогаш се нарекувал Ахаја (Папаставро, 1972 г.). Во Тесалиската Рамнина историчарите ги идентификувале следните региони, по доаѓањето на  теспрочанските Пелазги-Тесалците. Централниот дел бил наречен Пелазгоитидис, со градовите Арг и Лариса. Северозападниот дел се нарекувал Хистиотида. Јужниот дел Фтиотида, каде се наоѓале ахејските бегалци, по заземањето на земјата на Тесалците.

Следниот бран миграција бил во 1130 година пред Христа, а ги опфаќал Пелазгите од јужните делови на планините од пидскиот масив, Војон и Грамос, меѓу Македонија и Епир, под името Беоти или Беоќани, според планината Војон. Тие ја зазеле Кадмовата земја, денешна Беотија, меѓу планините Хеликон и Китерон, на границата со Атика.

Крајбрежниот бран на други доселеници се спуштил по  јонскиот дел на Јадранското Море, преку Акарнанија и Коринтскиот Залив во северозападниот дел на Пелопонез во Елида и Ахаја.

Од централниот балкански дел, Македонија и Тракија, Бригите и Битињаните, како и други народи, мигрирале во Мала Азија, каде подоцна повторно ја изградиле Троја. За овој настан Херодот (VII, 73) вели: “… Фриѓаните, по кажувањето на Македонците, имале име Бриги, а кога се преселиле во Азија, истовремено го смениле и родниот крај и името, и се нарекле Фриги”.

Понатаму во текстот Херодот (VII, 75) ја опишува генезата на Битињаните и истакнува : “… Тие кога преминале во Азија, го добиле името Битињани, а порано, како што сами раскажувале, се викале Стримоњани, зашто живееле на Стримон”. Понатаму вели: “… Арменците се потомци на Фригите”. Од Средно Подунавје, исто така, имало повеќе миграции. Тоа се пред сите Мизијците mis-глушец, кој бил свето животно и симбол на оваа популација). Мизијците живееле на просторите на денешна Србија, меѓу Дрина, Сава и Дунав. Останала нивната етнолошка ономастика во топонимите: рид и село Мишар и посавскиот крајбрежен дел на сремската страна.

Сите овие миграциски поместувања на Балканот довеле до уништување на важни државни и културни центри, не само на Балканот, туку и во Мала Азија (хетитската држава), во Сирија, Палестина, па се’ до Египет. Овој бран на селидби на “народите од море” бил запрен од египетскиот владател-фараонот Рамзес III, во 1194-1190 година пред Христа, што е востонавено од еден египатски епиграм во храмот Мединет Хабу, за запирањето на Дануните (Подунавците), Пелешаните (Пелазгите), Фригите (Бригите) ит.н. (Chikde, 1986 г.; Papastavrou, 1972 г., 4; и Macqueen, 1986 г., 157).

Со селидбата на новите етнички групи на Балканот и со поместувањето на старите, Полуостровот влегол во период на дифузија и преобразување на неговите жители. По “мрачниот историски период” од неколку векови, дошло до ревитализација на општествените и економските односи, до развој на културата која ќе обезбеди создавање на нов европски дух на слободата и независноста.

Продолжува  http://mn.mk