Историја за Балканот и Македонија – “Лидија”

ЛИДИЈА 

Меѓу палеобалканските народи кои поради притисокот на индоевропските народи во XIII-XII век пред Христа ги напуштиле балканските простори и мигрирале во Мала Азија, спаѓаат и Лидјаните/?Лидијците.19 Тие се населила во Лидија, покраина на западниот брег на Мала Азија, со главен град Сард (Сардес – скапоцен камен), на златоносната река Пактола и планинитие Тмола и Сипила. Градот Сард или Сарт бил престолница на лидиските кралеви. 

19 Strabo, Geographia, VII, 572, Meineke, Lipsiae, I, II, III,  1913; Papastavrou, I.: Istoria tis Arhaias Ellados, Hiotelli, p. 46, Athinai, 1972

Според Херодот,20 нивниот етноним потекнува од Лида (Lydos), син на кралот Атис, по кого целиот народ го добиле име Лидјани (Lydoi), а пред тоа се викале Меонци (Meiones), а нивната земја Меонија (Meonie). Сенц21 истакнува дека тие, во тие бурни времиња, го напуштиле Балканот заедно со Бригите, Стримоните, Мишаните, Мосиначаните и други и се населиле во Мала Азија, откако ги потиснале Хетитие околу 1200 година пред Христа. Кралот Атис бил родоначалник на династијата на Атиадите во Лидија и почитуван како божество кај Лидјаните и Фригијците и е изедначуван со богот Дионис.   

20  Херодот, Историја, I, 7, Матица Српска, Београд, 1988.

21  Senc. St.: Grčko-Hrvatski rječnik, s. 641, Kr. Zemaljaka tiskara, Zagreb, 1910.

Топонимот на Балкан кој би упатувал на нивната прататковита Хепербореја би бил денешниот град по име Мионица и селото Мионица, во ужичкиот крај на Србија. Во Тројанската војна, Лидјаните-Меонци биле на страната на Троја. За тоа, Хомер22 вели: „А Меонците во бој ги поведоа Местле и Антиф /Талеменовите синови кои гигејската нимфа ги роди,/ под Тнол тие Меоњанците во бој ги поведоа.“

22  Хомер, Илијада и одисеја, II, 864, Нови Сад, 1985. (прев. М.Н. Ѓуриѓ)

Будимир Милан23 изнесува дека за Мајонците се мисли и денес дека, во суштина, се балкански стар народ од индоевропско потекло, кои за време на егејските преселби, од почетокот на XII век пред Христа од Балканот се доселиле во северозападна Анадолија. Овие Мајонци етнички се многу поблиску до Бригите од Македонија и Тракијците, отколку до Хелените и припаѓаат, веројатно како и останатите, на Пеластите, првите индоевропски Балканци, кои на Средоземјето се доселиле пред Грците. Пизистративиот помалд современик, јамбографот Хипонакт (VI век пред Христа) сочувал во своите стихови повеќе мајонски глоси и фрази во мајонски оригинал и во грачки превод. Според Аристотел и основачот на хорската лирика Алкман, 625 година пред Христа, од Сардис, главниот град во Лидија, не е Спартанец, туку Лидиец. Според една античка традиција, поетот на Илијада, Хомер, треба да е Мајонец од Смирна, односно Мајонид од Лидија. 

23  Будимир Милан, Са балканских источника, СКЗ, 1969, 74.

Во митологијата како значаен Лидиец се споменува и Пелоп, син на кралот Тантал, еден од богатите и моќни владетели на Лидија. Тантал бил син на Зевс и имал три сина: Пелоп, Бротеј и Даксил, и ќерката Ниоба. Поради злоупотреба на наклонетоста на боговите, казнет е во Подземниот свет да трпи вечна глад и жед („танталови маки“).

Танталовиот најстар син Пелоп, уште во младоста ја напуштил татковината, бидејќи го загрозувал тројанскиот крал Ил (Ilos). Преку Егејското море во „златни кочии со крилести коњи“, заедно со Лидјаните и Фригијците и големо богатство, ги повел и сирмашните Ахејци (Ahaioi – Чемерни) од тесалската Фтија во Пелопонез.

Се оженил со ќерката на Еномеј, крал на Елид, Хиподамија, а неговите потомци, откако завладеале со цели полуострови, го промениле нивниот хороним од Апис во Пелопонез. Синови на Пелоп се Атреј, крал на Микена и Тијест, кралот Тиринт, познати во митологијата по богатството, но и по нивната меѓусебна омраза. Атрееви синови биле Агамемнон и Менелај, кои биле водачи на Данајците, Ахејците и Аргиевците во Тројанската војна.24              

24  Хомер, Илијада и одисеја, II, 864, Нови Сад, 1985. (прев. М.Н. Ѓуриѓ)

Меѓу лидиските династии во митологијата и античката историја се споменуваат уште и династиите Хераклиди и Мермнади.

Династијата на Хераклидите – Сандонидите е асирска династија, преку кралот Јордан и неговата ќерка Омфала, лидиска кралица. Од оваа династија потекнуваат Мирсил и Кандаул кој го изгубил кралството во 713 година пред Христа. Легендата за хераклидовската династија на Лидјаните настанала од Аполодор, во I-II век пред Христа,25 за време на македонско-римската епоха. 

25 Библиот. II, 3, 6 и натаму

2lidija

Тука се наведува дека Херакле со цел да го исчисти гревот поради убиството на Ифит, син на кралот Еврит, кој владеел со Ехалија, како и поради кражбата на „делфискиот троножец“, престојувал кај Омфал. Херакле му служел на Омфал три години како роб и за тоа време направил многу херојски дела. Во подоцнежните преданија, робувањето на Херакле кај Омфал е опишано на сосема понижувачки начин, кога Омфала го преобразила во мекуш и папучар.

Овие податоци, меѓутоа, од хронолошки аспект не се сложуваат. Асирската династија на Сандонидите-Хераклидите на власт дошла во 1221 гдоина пред Христа, додека Ифит бил учесник на Тројанската вона, 1183-1183 година пред Христа, како славен стрелец. Во повоениот период, кога еден ден на Ифит му исчезнале 12 кобили, тргнал да ги бара и казни крадливците. Своите кобили ги нашол во Хераклевата штала. Тогаш Херакле го убил Ифит и го задржал неговото добро. Од сето тоа произлегува дека не постоела династија на Хераклидите во Лидија и дека Херакле не учествувал во Тројанската војна. Третата династија носи назив Мермнади и почнува со Гига во 761 година пред Христа и преку Ардис, Садијат и Алијат се завршува со Крез.

Херодот26 за Крез (Kroisos, 555-549 година пред Христа) пишува дека тој е еден од Алијатовите синови, дека по потекло бил Лидиец и владеел западно од реката Халис сè до Егејското Море. Тој ги покорил Фригијците, Мисијците, Пафлагонците, Тракијците, Битињаните, Карците, Јонците, Дорците, Еолците и др. Кога сите ги покорил и присоединил на Лидија, дошле сите во Сард, кој до тогаш го постигнал највисокиот степен на слава и богатство („богат како Крез“), меѓу кои и многу дотогашни мудреци и Атињанинот Солон. Меѓутоа, и покрај својата моќ, Крез во 549 година пред Христа бил заробен од страна на персискиот крал Кир, со што Лидија станала персиски сатрап. Лидијците се ослободени од Персија дури во 334 година пред Христа од страна на Александар Македонски, за после тоа да бидат вклучени во македонско-азиското кралевство на Селеук, а подоцна во I век пред Христа под римско владеење. 

26  Херодот, Историја, I, 6, Матица Српска, Београд, 1988.

Фригија

Под името Фригија (Frygia) во праисторијата се јавуваат, на прво место, недиференцирани покраини во северозападниот дел на Мала Азија. Со текот на времето, под Фригија е означена најзападната покраина во Мала Азија, потоа еден крај на Хелеспонт кој ја опфаќа и Троја, под името Мала Фригија, еден дел од подоцнежната Битинија на Сангарија, а на крајот Голема Фригија.

За потеклото на Фригијците на тлото на Мала Азија, Херодот27 наведува: „На Фригијците, според кажувањето на Македонците, името им било Бриги додека живееле во Европа и додека биле соседи на Македонците, а кога се преселиле во Азија, ја промениле истовремено и родната грутка и името и се нарекле Фригијци. Арменците… се потомци на Фригијците“. 

27  Херодот, Историја, VII, 73, Матица Српска, Београд, 1988.

3lidija

На овие простори Фригијците најверојатно мигрирале во времето помеѓу кадмовите преселби за Илирија во 1313 година пред Христа и аргонатуските експедиции во 1225 година пред Христа. Томсон28 нивната миграција хронолошки ја поврзува со 1200 година пред Христа кога се случил падот на хетитската држава. Во Тројанската војна, Фригијците биле сојузници на Пријам против Грците. Од друга страна, младиот крал Пријам им помогнал на Фригијците во борбите против Амазонките, за време на кралот Отреј, а бил оженет со фригијската принцеза Хекаба, која му родила 19 синови. Во Тројанската војна, Фригијците ги водел кралот Форко, за што Хомер29 пее: „А од Асканија далечна ги водеше Фригите/Форкис и подобниот на боговите Асканиј за битки желни…“ Инаку, Асканија е крај во Мала Азија, на Асканското Езеро, на меѓата помеѓу Фригија и Мизија. 

28 Thomson, G.: I Arhaia Eilliniki Koinonia-to Proistoriko Algalo, p. 291, Athina, 1954

29  Хомер, Илијада и одисеја, II, 864, Нови Сад, 1985. (прев. М.Н. Ѓуриѓ)

Од митските личности на Фригијците познати се кралевите Тантал и неговиот син Пелоп, кој ги повел Ахејците во средината на XIII век пред Христа од тесалската Фтија во Пелопонез, а неговите синови Атреј и Тиест станале кралеви на Микена и Тиринт. Внуците Агамемнон и Менелај биле водачи на Грците во Тројанската војна во 1193 година пред Христа.

Кралот Гордиј (Gordios) се смета за основач на фригијската држава и на градот Гордион на реката Сангарија. Под оронимот на горите Гордиејците е еден дел од планината Таур во југозападна Арменија, каде се Гордите-Курди. Гордиј на власт дошол по една братоубиствена војна, на воловски коли со орел. На Гордиевата кола јаремот бил заврзан за рудата со јазол кој не можел да се одврзе. Според пророштвото, оној кој ќе го одврзел, ќе владеел со цела Азија. Тоа му успеало на Александар Македонци кој тоа го сторил со неговиот меч, во 334 година пред Христа. Гордиев син бил Мида, кој се смета за мудар и неизмерно богат крал. Тој во митологијата е познат по „магарешките уши на кралот Мида“.

Во легедните, меѓутоа, постои забуна помеѓу Мида од Фригија и Мида кој ги поседувал градините со рози во подножјето на македонската планина Бермион /Каракамен/ кај Воден, каде заскитал стариот Силен, учител на богот Дионис.

Според најновите истражувања30, миграцијата на Бригите и на Мизите од централно-балканските простори се одвивала во повеќе правци. Првиот поголем бран уследил околу 1500-1400 година пред Христа, во правец на Мала Азија. Вториот, помал бран во истиот правец, бил по Тројанската војна, т.е. по 1183 година пред Христа. Третиот бран настанал во правец на Епир, Грција и Италија околу 800-700 година пред Христа. Фригијската држава исчезнала на почетокот од VII век пред Христа, веројатно при освојувањата на лидискиот крал Крез.

Петрова, Е.: Бригите на централниот Балкан во II и I милениум пред н.е., с. 208, Скопје, 1996.

Продолжува

Пишуваат:

4lidijaАКАДЕМИК А. ШКОКЉЕВ-ДОНЧО И

5lidijaСЛАВЕ КАТИН 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *