Јанша: Можен напредок со Северна Македонија и Албанија во октомври ако има договор

Премиерот на Словенија, Јанез Јанша, одржа прес – конференција по неговото обраќање пред европратениците во Стразбур…

Потпишан Меморандум за продлабочување на соработката меѓу народните банки на С Македонија и Хрватска

Продолжување на досегашната плодна меѓусебна соработка и поддршка во интерес на двете институции, но и економиите…

Фон дер Лајен: ЕУ мора да ги исполни ветувањата кон Скопје и Тирана

– Словенечкиот премиер, Јанез Јанша, утрово ги презентира приоритетите на претседателството на неговата земја со ЕУ,…

Самит на Берлинскиот процес: Иднината на Западниот Балкан лежи во вистинска обединета Европа

Иднината на Западниот Балкан лежи во вистинска обединета Европа. Целосната интеграција на Западниот Балкан во европското…

Мицотакис: Стратешки избор на Грција беше и останува ЕУ перспектива на Западен Балкан

Поддршката на Грција за европската перспектива на регионот, како и подготвеност на земјата да обезбеди помош…

Заев на Самитот на Берлинскиот процес: Регионалната соработка е основа за поврзување и економски прогрес, а не замена за интеграцијата во ЕУ

Регионалната соработка е основен фактор за поврзување и економски прогрес, но не е замена за членството…

И пратениците на ДОМ и ЛДП ја прифаќаат резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ

Пратениците од ДОМ и ЛДП ќе ја прифатат резолуцијата предложена од ВМРО-ДПМНЕ. Ова тие го потврдија…

Левица и ВМРО-ДПМНЕ денеска поднесоа интерпелација за претседателот на Собранието Талат Џафери. Пратеникот Димитар Апасиев од Левица на прес-конференција во Собранието рече дека интерпелацијата е поднесена поради три главни причини. -Повреда на Амандманот V од Уставот на РМ, преку неупотреба на македонскиот јазик во излагањето на Џафери пред Комитетот на министри на Европскиот парламент, како единствен службен јазик во меѓународните односи на Републиката, свесно и злонамерно истиснување на македонскиот јазик од интерната употреба во парламентот, преку противуставно, противзаконско и противделовничко доставување само на двојазични материјали за сите пратеници (на македонски и на албански јазик), а не само за оние пратеници кои говорат друг јазик во службена употреба, различен од македонскиот и повреда на Протоколот и Дополнението на протоколот за организирање седници во услови на коронакриза, кога спикерот – правејќи кривично дело – дозволи двајца позитивни пратеници на Ковид-19 да гласаат во скафандери во Собранието на РМ, свесно загрозувајќи го здравјето на сите останати пратеници, рече Апасиев. Пратеникот на Левица ги повика сите пратеници, и од власта и од опозицијата, да ја поддржат оваа интерпелација за, како што кажа, „заедно да се стави крај на самоволието на собранискиот спикер, кој во последно време покажува недозволиви автократски тенденции“. Апасиев соопшти исто така дека во петокот на 2 јули правниот тим на Левица поднесе и итна Иницијатива за вршење вонреден инспекциски надзор до Министерството за култура, кое е надлежно да врши контрола над правилната употреба на македонскиот јазик од страна на јавните и приватните субјекти. Пратеничката Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека има многу причини за интерпелација, но оти она што се случило во Европскиот парламент цврсто ги уверило дека сега треба да биде поднесена интерпелација за Џафери. -Можеби се ова најтешките моменти на атак на македонскиот јазик не само однадвор, од соседството туку и одвнатре. Суспендирајќи го македонскиот јазик како ексклузивен во меѓународната комуникација тој го атакуваше одвнатре. Со ова не само што го повреди Уставот, туку го направи македонскиот народ како и јазикот како еден од најважните идентитетски симболи, со што го изложи на подбив македонскиот народ, а всушност ова е кривично дело кое е санкционирано според членот 179 од Кривичниот законик, рече Силјановска Давкова. Во компаративното уставно право, додаде таа, се вели дека претседател на Собранието треба да биде човек со највисок изборен легитимитет, но и со најдлабок, најширок морален интегритет. Значи, претседателите на собранијата важат за најпочитуваните личности. За луѓе на Парламентот и за луѓе пред се на опозицијата, рече пратеничката. За разлика од оваа европска пракса, Џафери, според Силјановска Давкова, не е човек на Парламентот туку е човек на Владата, не се однесува како прв меѓу еднаквите туку се однесува како основен господар на Собранието, а ние се чувствуваме како да сме советодавно тело. -Ниту е неутрален ниту е правичен ниту е непристрасен. Не го чува собранискиот куќен ред како добар домаќин затоа што немаме ни календар за работа. Ние сме единствен Парламент во Европа, а можеби и во светот што нема календар за работа, рече таа. Втората причина, пратеничката Силјановска Давкова, е една чудна, бизарна номотехника што се применува извесно време во Собранието, непозната не само во која било национална држава туку непозната ниту во федерациите ниту во меѓународните организации, ниту во Советот на Европа ни во Европскиот Парламент. Имено, ние од неодамна сите материјали вклучувајќи ги и законите ги добиваме во две поглавја. На левата страна на македонски, на десната страна на албански јазик. -Значи мора да има автентична верзија зошто јас кога гласам за две колони гласам и за верзијата на македонски и верзијата на албански јазик, а јас учам, но не го знам албанскиот јазик. Тоа не е во ред. Ниту има правен основ, објасни пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ. Третата причина е „гласањето со скафандерите“, кога според неа, беше прекршен протоколот и дополнението на протоколот и беше доведено во опасност здравјето на сите пратеници и на сите вработени во ова Собрание. -Да заклучам, Собранието е како куќа без прозорци, нема демократски воздух туку има авторитарен систем оптоварен со византиски игри, а првиот човек не персонифицира демократија туку персонифицира апсолутизам, рече Силјановска Давкова.

Пратениците од ДОМ и ЛДП ќе ја прифатат резолуцијата предложена од ВМРО-ДПМНЕ. Ова тие го потврдија…

Левица и ВМРО-ДПМНЕ поднесоа интерпелација за претседателот на Собранието Џафери

Левица и ВМРО-ДПМНЕ денеска поднесоа интерпелација за претседателот на Собранието Талат Џафери. Пратеникот Димитар Апасиев од…

Стоев: Скопје мора да ја убеди Софија дека сака решение за проблемите

арскиот  технички министер за надворешни работи Светлан Стоев денеска изјави дека процесот на пристапување на Република Северна…