ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ЕСМА“ НА СЛАВЕ КАТИН

Во оваа прилика ќе претставиме некои од карактеристиките на домот на Есма. Имено, треба да се нагласи дека куќата на Кралицата на ромската музика, Есма Реџепова-Теодосиевска, постојано беше полна со луѓе и со песна. Својот живот го посвети на песната и на хуманоста. Речиси и да нема некој што не знае дека Есма во својот живот израсна 47 машки деца и едно девојче, кои денес се солидно згрижени во сопствени домови, а луѓето што ја почитуваат нејзината музика и ја познаваат професионално со задоволство ја именуваат со титулата Кралица на ромската музика

Есма беше личност која во својот живот многу патувала и посетила многу земји во светот, се претставила со својата музика, а секогаш на највисоко ниво ја претставувала и земјата од која доаѓа – Република Македонија.

За Македонија таа често го повторуваше следното: „Сум се родила тука и тука ќе умрам. Го сакам македонскиот народ, оваа земја. Секогаш со гордост истакнувам од каде сум. По цел свет кажувам дека сум родена во Македонија, во која Ромите најмногу ги зачувале јазикот, традициите и обичаите на својата прататковина Индија. Дека имаме две ромски телевизии, радиостаници, свој застапник во парламентот, ромски градоначалник. Кога со Стево се вративме во Скопје, по триесет години живот во Белград, изгубивме многу пари, ама не жалам. Така одлучивме и никогаш не се покајавме“, велеше Есма.

Кога зборуваше за другите градови освен Скопје, кое го сака на свој начи, велеше дека од градовите во светот најголем впечакот ѝ оставил Ленинград, денешен Петровград, а од државите Индија. За неа Ленинград беше град кој поседува автентична убавина, поубав е дури и од Венеција. Таа беше фасцинирана од знаменитостите и старите архитектонски зданија кои можат да се видат во овој град. Но кога би имала можност повторно да избира каде да живее, таа би ја одбрала Германија.

Според Есма, Германија е земја која на свој специфичен начин се грижи за своите граѓани и им го олеснува животот. Таа велеше дека таму постои голема дисциплина, ред, мир, сѐ она што му е потребно на еден човек за пријатен и спокоен живот. Исто така, за Есма беше карактеристично што таа имала добиено многу подароци. Нејзината колекција на подароци не беше само од обичните граѓани, од нејзината публика на нејзините концерти, туку и од високи државници.

За подароците Есма Реџепова-Теодосиевска велеше дека тие биле многу вредни, но добила и такви кои воопшто не се скапи, но за неа имаа огромно значење ѝ беа посебно драги. Многу често неа можеше да ја израдува и најмала ситница. Меѓу посебно драгите подароци ѝ беа сарите кои ги добила лично од Индира Ганди, кога ја прогласила за Кралица на ромската музика.

Исто така, во најдрагите подароци го вбројуваше и прстенот што за нејзиниот роденден ѝ го подари синот Симеон, како и обетките од нејзиниот зет за сестра што ѝ ги подарил кога била на гости во Шпанија. Тие обетки ги носеше неколку години и многу ги сакаше.

Многу ѝ беше драго гуменото маче, кое ѝ беше подарок од едно четиригодишно девојче, кога пред 30 години имала концерт во Австралија. По завршувањето на концертот, малечкото девојче ѝ пришло и ѝ го дало малото маченце. Велеше дека тоа и е најдраг подарок, бидејќи  е од дете, а децата имаат најчиста душа.

Меѓу поспецифичните предмети што можат да се забележат во домот на Есма, а и нејзе ѝ беа од голема важност, секако скулптурата на Исус, направена од камен. Скулптурата била изработена специјално за Есма, за да биде Господ со неа и да ја чува. Ја изработил студентот Ќазим Дурмиш, кога бил во прва година на Академијата за ликовна уметност. Во нејзината дневна соба можепе да се забележи и полицата  со бел резбан камен на која имаше два големи и остри меча. И тие  беа од камен, а на Есма ѝ беа посебно драги, бидејќи беа од Франција.

Есма Реџепова-Теодосиевска имаше многу пријатели и тоа не само од Македонија, туку од целиот свет. Добрeдојдена беше во многу земји, па и таа со широко срце ги пречекуваше сите што доаѓаат во нејзиниот дом.

Инаку, кога Стево и Есма живееја во Белград, како гостин нивниот дом го посетила Индира Ганди, а нешто подоцна и Тешеира. Се пренесувало низ Белград дека кога го прашале Тешеира што сака да посети од знаменитостите во Белград, тој им одговорил дека е согласен да го шетаат домаќините каде што сакаат, но на крајот да го однесат кај Есма на кафе и на колачиња. Тоа потврдува дека во нејзиниот дом вратите секогаш биле ширум отворени.

 1globi44Во домот музеј

Есма пеела за Движењето на неврзаните, кога во 1962 година се основало во Белград. Повеќе пати се сретнала со Индира Ганди, за која стекнала впечаток дека била мошне племенита личност, а исто така, пријатно се чувствувала и во друштво на Јосип Броз Тито. Кога била на Бриони, каде Тито примал странски државници, секогаш ѝ велел да им подарува нејзини плочи и да им посака добредојде со својата убава песна. Живо се сеќаваше на посетата на Гадафи кога Јосип Броз Тито ѝ рекол дека тој е најголемиот маж и дека мора да го бакне кога ќе му ги подарува плочите. Таа вели дека Тито секогаш бил непосреден и сакал да се шегува.

Еве, уште една анегдота со странски државник. Имено, во 1968 година кога Есма Реџепова-Теодосиевска имала концерт во париската „Олимпија”, од тогашниот Советски Сојуз се враќал Шарл де Гол. Му доцнел авионот, па задоцнил во телевизиското студио. За да ја пополнат празнината во програмата, Француската телевизија пуштила снимка од концертот на Есма. Затоа, утредента во париските средства за информирање пишувало дека Шарл де Гол ја лансирал Есма.

Од многубројните случки, ќе одбележиме една аукција за настраданите од цунами. Тогаш Есма ја дала својата омилена слика со својот лик. Притоа, изјавила дека таа живее под мотото „Ако имаш две, тогаш подели го со оној што нема ниту едно“. Есма имала неколку слики – портрети со нејзиниот лик, но решила да ја даде онаа слика што ѝ значела најмногу, велејќи дека тој што ја добил добро ја чува.

Таа сметаше дека сликата по нејзината смрт ќе достигне висока цена. Есма сметаше  дека кога луѓето ќе изгубат нешто или некого што има посебно значење во нивниот живот, не само во нивната земја, туку и, воопшто во светот, тогаш го величат, му подигаат споменици. Така, таа веруваше дека истото ќе се случи и со нејзината слика.

Меѓутоа, таа велеше дека  пред сѐ сликата ја подарила од срце, иако ѝ била најдрага, но знаела дека им ја дава на некои беспомошни луѓе кои изгубиле сѐ. Затоа со право се вели дека таа е личност која се трудеше оние што биле во нејзина близина да се чувствуваат пријатно и денот да им помине поубаво.

А што се однесува до животот, и онаму каде што живееше, каде што ѝ беше домот и сите деца и пријатели, таа велеше дека и покрај ситуацијата во земјата, за која се надева дека ќе се подобри, во моментот таа мислеше дека е најсреќната личност во светот. Токму тогаш ѝ се живееше, бидејќи децата за кои се грижеа таа и Стево тогаш и возвраќаа, така што тие се грижеа за неа, секојдневно ѝ се јавуваа…

Исто така, Есма велеше дека има особено почитување од публиката. Навистина ѝ се случувале многу убави работи. Затоа, како што изјавуваше самата, немало посреќна личност од неа и затоа ѝ се живеело.

Во врска со враќањето на Есма и Стево Теодосиевски од Белград во Скопје, Есма со задоволство го изјавила следното: „Во 1989 година се вративме во Македонија, зашто сакав во родниот град да основам Дом на хуманоста и Музеј на музиката. Домот е голем и се протега на површина од 840 метри квадратни. Во него ќе изложам сѐ што Стево и јас сме собрале на патот по светот: поклони, признанија, предмети и друго. Планирам во Домот да профункционира и аптека и амбуланта за деца од сиромашните семејства, кои немаат пари за лекување и лекови.

Кога ја поведовме иницијативата, од градот ни беше понудена локација на Водно, ама јас сакав да биде тоа на Кале. Бидејќи и онака тојот предлог наиде на остар прием кај водњанците. Но, јас, сепак, не им се лутам. Можеби тие се сметаат за луѓе од повисок ранг, додека, пак, јас сметам дека сите луѓе на светот се еднакви. Исто се раѓаме, исто, со празни раце, ќе заминеме од овој свет.

1globi444

Оркестарот „Теодосиевски“ во почетните години

Кога во јавноста се слушна дека на Водно не може да се слуша звукот на тарабуката и зурлите, ми се јави еден човек, нема да го именувам, но тој ми рече: Ќе ја добиеш локацијата на Кале. Така и се случи“, вели Есма.

Но, како жена од народот, која целиот свој живот била со народот и своите песни му ги посветила нему, Есма Реџепова–Теодосиевска избра да живее на Кале, покрај Музејот на Гоце Делчев и Музејот на современата уметност. Куќата што таа и нејзиниот покоен сопруг Стево Теодосиевски почнале да ја градат пред дваесеттина година служеше и како стан во кој живееше Есма и како Дом на хуманоста „Куќа музеј на музиката на Есма и Стево Теодосиевски“.

Куќата целосно не е завршена, но таа е распоредена на четири нивоа. Освен дневната соба со трпезарија и кујна, како и спалните соби сместени еден кат погоре, кои претставуваа дом на Кралицата на ромската песна, според проектот на професор Димитрие Голубовски, се изградени уште еден голем дневен престој со поглед кон градот, како и изложбен музејски простор на приземјето со адекватни помошни простории.

По смртта на Есма, куќата треба да биде претворена во мавзолеј, а на приземјето ќе бидат изложени урните со пепелта на Стево (каде и сега се наоѓа) и на Есма. Во дворот, пак, ќе има малечок амфитеатар и ќе се уреди паркот на целата локација.

Куќата и Музејот се предвидени да бидат заедно во еден објект, затоа што идејата на Есма беше по нејзината смрт луѓето да можат да видат сѐ што било поврзано со неа и со Стево Теодосиевски.

При една средба, за куќата и Музејот Есма ни изјави: „И Стево и јас сакавме луѓето да можат да дојдат и да видат како сме живееле и да разгледаат сѐ што на некој начин било поврзано со мојот и со животот на Стево“, вели Кралицата на ромската песна, која жали што не поминува повеќе време во домот. Притоа, додава: „Постојано сум на концерти и на турнеи. Веројатно, куќата ќе ми стане вистински дом кога ќе се повлечам, кога нема да патувам“. 

Продолжува 

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ВО ЧЕСТ НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА – АНТИЌ И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН

Во 1969 година Македонската православна црква, македонската држава и македонскиот народ достојно го одбележаа 1100-годишниот јубнлеј од смртта на сесловенскиот и рамноапостол свети Кирил Солунски, авторот и творецот на словенската азбука и темелоположителот на нашата писменост. Во таа година одлучено е Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква да испраќа своја поклоничка група во Рим заедно со државна делегација во базиликата посветена на свети Климент Римски каде што мирува телото на свети Кирил Солунски, Константин Фнлозоф, како што веќе го викаа во Магнаур, заради бистрината на умот и заради логичноста на мислењето.

Кај македонскиот народ отсекогаш било длабоко и искрено почитувањето на свети Кирил Солунски и неговиот брат св. Методиј. Нашите прадедовци и дедовци на нив им се обраќале молитвено за закрила и духовно раководство речиси секојдневно, а не само кога бил денот на нивниот празник. Ги споменувале за да се потсетат какви светители стојат во нивното црковно и национално битие. Им се молеле за духовна поткрепа и светлина тогаш кога нивните непријатели биле жестоки и кога сопствените сили им биле при крајот, тогаш кога темнината била ужасна, а надежта на умирање. И тогаш кога ропството и гневот биле неподносливи светите браќа и нивните ученици им боскотеле во мракот и ја поткрепувале нивната вера во посветла и поубава иднина.

Денес кога ги обновуваме древните црковно-народни трздиции, кога е обновена Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква, кога на најсвечен начин ги прославуваме јубилеите на нашите црковни и народни великани, одлуката за поклонички патувања, во период од четириесетина години, пред гробот на сесловенскиот апостол, е одлука на чувството на благодарност и пиетет кон свети Кирил. Тој ги посејал првите семиња на словенската писменост, која станала движечка и животворна сила за сите словенски народи. Светите браќа ги развиле своите духовни дарби и створиле дело од непроценлива културно-уметничка вредност, што претставува голем придонес во духовната и културната ризница, не само за македонскиот и другите славјански народи, туку и за човештвото во целина.

На 14 февруари 1969 година се навршија 1.100 години од блажената смрт на свети Кирнл Солунски. На тој ден во базиликата „Свети Петар” се отслужи концелебрација (сослужение) во слава на просветителското дело на свети Кирил Солунски. Во таа имлозантна катедрала посветена на првиот Христов апостол, кој, исто така, како и свети Кирил Солунски, дошол од Исток во илјадалетниот град, или градот на вечноста – Рим, за да го проповеда христијанското учење. Свети Кирил Солунски дошол да го брани тоа учење, да докаже дека може да се проповеда и на јазикот на Словените, а не само на елински (грчки), латннски и еврејски, како што дотогаш се верувало. Дошол кај поглаварот на западните христијани пред единаесет векови и бил разбран, и оттогаш христијанската вера се проповеда и на словенски јазик.

На концелебрацијата што ја одржаа словенските бискупи, присуствуваше и делегација од Република Македонија и тоа: делегацијата на Македонската православна црква којашто ја сочинуваа митрополитите преспанско-битолски г. Климент, американско-канадско-австралиски г. Кирил и протоереј ставрофор г. Климе Малевски, во делегацијата на Извршниот совет на СР Македонија беа: д-р Иван Катарџиев и Владо Малески, а делегацијата на Македонската академија на науките и уметностите и на Универзитетот во Скопје, кој од 24 април 1969 година го носи името „Кирил и Методиј” а денес – „Свети Кирил и Методиј” ја сочинуваа академикот проф. д-р Харалампие Поленаковиќ и проф. Фрањо Бачиќ.

Светата литургија во црквата „Свети Петар” ја служеше светиот отец папата Павле ВИ, со учество на четириесетина кардинали, кои служеа на словачки јазик, а присуствуваа околу Ѕ(К) поклоници од Чехословачка. По литургијата папата Павле VI одржа слово за животот и делото на свети Кирил Солунски на италијански јазик. По таа боженствена богослужба, на којашто покрај поклониците присуствуваа и бројни туристи, папата Павле VI ја поздрави македонската делегацијаи во разговотот со претставниците од Македонија изрази благодарност за присуството на концелебрацијата.

Истиот ден попладне на гробот на свети Кирил Солунски, во базиликата „Свети Климент Римски”, македонската делегација му оддаде почит на личноста и делото на свети Кирил, изразувајќи благодарност што јазикот на македонските Словени го издигнал на степен на книжевен јазик, прифатен од сето словенство. Во таа пригода, делегацијата на Македонската православна црква отслужи молебен, а делегацијата на тогашниот Извршен совет на СР Македонија положи венец од името на благодарниот македонскм народ со натпис: „На Кирил Солунски, сесловенски просветител, со израз на благодарност од македонскиот народ”. Исто така, делегацијата на МАНУ и Скопскиот универзитет положија венец во името на Советот на академиите на тогашна Југославија и на заедниците на тогашните југословенски универзитети. Потоа повелбата беше прочитана на македонски и на латински јазик.

1globi444566

Треба да се одбележи дека папата Павле VI ги дочека делегациите на словенските народи со иста срдечност, со каква што беа пречекани словенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, од папата Адријан II. Делегацијата на Македонија, пак, беше дочекана од претставникот на тогашна СФРЈ при Светата столица г. Вјекослав Цврље, кој организира прием во чест на македонската делегација.

На приемот присуствуваа високи личности од црковниот, политичкиот и културниот живот на италијанската престолнина, меѓу кои кардинали и бискупи при Ватикан и при Секретаријатот за единство на христијаните. На таа заедничка трпеза, меѓу другите, присуствуваше и кардиналот д-р Фрањо Шепар, префектот на Конгрегацијата за верски доктрини на Ватикан, како и надбискупот д-р Вилибрандс, прв секретар на Секретаријатот за единство на христијаните при Светата столица.

Престојот на делегацијата од Македонија беше видно одбележан во тамошните средства особено по двете прес-конференции, најнапред со претставниците на италијанската агенција АНСА, а потоа со директорот на списанието за информирање „Релационе религиозе”. Притоа на делегацијата и беше пружена можност да ги искаже впечатоците во врска со прославата на свети Кирил преку Радио Ватикан. Во изјавчта, митрополитот Климент меѓу другото рече: 

„Оваа година е света за целиот христијански свет, а посебно за словен-ските народи бидејќи се навршија точно 1100 години од смртта на светиот отец Кирил, творец на првото словенско писмо. Следејќи го повикот на светиот апостол Павле: „ Споменете ги вашите наставници кои ви го проповедаат словото Божјо…” ние, наследниците на нашите прадедовци, македонските Словени, дојдени сме од Македонија да се поклониме лред гробот иа нашиот првоучител и просветител Кирил.

Македонската православна црква се однесува со поссбен почит спрема словенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј и нивните ученици свети Климент Охридски и свети Наум Охридски, и ги смета „земнија тверди звсзди и светила трисолнечнаго сијанија, благодати јасни проповед-ници, благоглаголиви писании учителие, закона Божија велегласни правовјесници, раја достојни мителие и долнија к горнему наставници”.

Македонија не е голема земја, но има голема вера во Господа, а Македонската православна црква е чувар и пазител на тронот на Охридската света црква, чијшто основоположник е еден од првоучените на свстите браќа – свети Климент Охридски.

И ние во Македонија ќе го почестуваме споменот на нашитс апостоли преку свети служби и свечени духовни академии.

Истовремено изразуваме и искрена благодарност поради вниманието на кое наидовме при нашиот неколкудневен престој во овој вечен град Рим, а по повод 1100-годишниот јубидеј. Посебна благодарност изразуваме и на Радио Ватикан за укажаната можност со оваа наша изјава да бидат запознати неговите многубројни слушатели”.

Во текот на престојот којшто траеше од 12 до 17 февруари 1969 година, претставниците на Македонската православна црква го посетија Секретаријатот за единство на хрнстијаните при Светата столица, каде што покрај другото, се разговараше за прогласувањето на автокефалноста на Македонската православна црква, за којашто беше речено дека е од понов датум, од јуни 1967 година, и декае предмет на интересирање. Домаќините беа информирани дека автокефалноста на најстарата словенска црква на Балканот, односно Охридската архиепископија, којашто постои речиси од времето на свети Кирил Солунски, неканонски беше укината во 1767 година, со ферман на турскиот султан, а по барање на Цариградската патријаршија.

Продолжува

 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

МЕДИУМИТЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО СОЕДИНЕТИТЕ АМЕРИКАНСКИ ДРЖАВИ (14)

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ“ (ТРЕТ ДЕЛ) НА СЛАВЕ КАТИН

Македонците во САД и Канада имаат долга историја која датира од вто­ра­та половина на XIX век и со различен интензитет трае до денес. Тоа било дик­ти­рано од жестокоста на искушенијата низ кои минувал македонскиот народ во борбата за својот опстанок, на просторот на кој постоела и се разви­вала др­жавата на големиот македонски цар Александар Македонски. Распа­ѓањето на Ос­манлиското царство и формирањето на балканските држави, пак, биле повод и причина за приграбување и освојување на територијата на Македонците и за нивно асимилирање како народ, во рамките на бугарската, српската и гр­чката држава, под насилничкиот патронат на Големите сили и нивните гло­бални интереси за доминација на Балканот.

Иселеничката голгота, особено од беломорскиот дел на Македонија, е голем предизвик да се фрли светлина на страдањата и борбата на маке­дон­скиот народ за одбрана на неговиот национален идентитет, верата, културата, тра­дициите и обичаите, кои извирале од неговите библиски корени. Тој исто­ри­ски факт може да се најде и најсилно да се почувствува кај Македонците во САД и Канада, кои како припадници на една од најстарите цивилизации во Европа, во битката за одбрана на националната кауза, морале да минат низ големи искушенија и страдања и да се потврдат како успешни градители на Новиот свет.

По конституирањето на НР Македонија, а особено со возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква, започна нова ера во информирањето кај иселениците во дијаспората. Започнаа да се печатат автентични македонски весници, списанија, црковни билтени, а се отворени и бројни македонски радио и телевизиски часови. Речиси во секоја македонска православна црковна општина се печатат црковни билтени и билтени по повод одржувањето на црковно-народните собири што секоја година ги организира американско-канадската македонска епархија.

Во продолжение ќе поместимедел од Црковните билтени и други информативни гласила,

            1.  Црковен билтен (1970) – ЛАКАВАНА. Билтенот бил орган на американско-македонската православна црква “Св. Кирил и Методиј” од Лакавана во државата Њујорк. Тој излегол на почетокот на 1970 година, паралелно на македонски и англиски јазик, на шапилограф со слаб квалитет, на 12 страници, на формат 21 х 24 см.  Од овој Црковен билтен излегол само еден број.

            2. ЦРКОВЕН БИЛТЕН (1974 –) – ГЕРИ. Првиот број на ова гласило излегол во февруари 1974 година како гласило на Македонската православна црква “Св. Петар и Павле” од Гери, Индијана. Печатен е на 26 страници, на формат 21,5 х 28 см,  на македонски јазик со латиница, а има текстови и на англиски јазик. Билтенот излегува повремено и се прекина.

Црквата „Света Богородица“ во Детроит

           3. “БИЛТЕН 1976” – КОЛУМБОС. По повод одржувањето Вториот црковно-народен собир на Македонската православна црква во САД и Канада  од 4 до 6 септември 1976 година во Колумбос – Охајо отпечатен е “Билтен на македонски и на англиски јазик” на 36 страници на среден формат на 21 х 7,5 см, чиј формат е задржан и на другите билтени на Епархијата.

           4. “ПРВО СЛОВО” (1977-1978) – СИРАЌУЗ. Билтенот бил орган на МПЦ Св. Ѓорѓи од Сираќуз. Првиот број излегол како шестмесечен билтен за периодот јануари – јуни 1977 година, а отпечатен е на 24 страници на формат 14 х 21,5 см на македонски јазик со кирилица.

           5. “МАКЕДОНСКА ИСКРА” (1977) – ДЕТРОИД. По повод македонскиот пикник одржан на 14 август 1977 година во Детроид, Организацијата “Обединети Македонци”, гранка Детроид го отпечати првиот и единствен број на весникот “Македонска Искра”. Гласилото е отпечатено на македонски јазик со кирилица и на англиски јазик.

           6. “МАКЕДОНСКИ ЗБОР” (1977-) – ДЕТРОИД. Ова е прво македонско списание од ваков вид во Северна Америка што се печатело на македонски јазик и претставувало значаен афирматор на македонското име и нација и било тесно поврзано со вистината на Република Македонија.

Првиот број на списанието излегол на 1 август 1977 година, на 8 страници во големина 28 х 22 см, со латиница чија форма ќе ја задржи и за идните броеви. Овој број е посветен на 74-годишнината од Илинденското востание и 33-годишнината од конституирањето на македонската држава. Списанието е орган на Македонскиот културен центар “Илинден” од Детроид.  Од списанието “Македонски збор”  се печатени по десетина броеви секоја година с# до 1995 година.

           7. “МАКЕДОНЧЕ” (1977) – ДЕТРОИД.  Во мај 1979 година во издание на Македонско-американската издавачка куќа “Илинден” – Детроид се појавило детското списание “Македонче”. Тоа е печатено на македонски јазик на 28 страници на мал формат 13,5 х 21 см. Тоа е прво детско списание што излезе на северноамериканскиот континент, од кое е отпечатен само еден број.

Публикацијата, пак, „Македонците во Светот“ од Слааве Катин, која е во издание на книгоиздателството „Македонска искра“ од Скопје и Фондацијата „Џорџ Атанасоски“ од Прилеп излезе од печат во 2021 година Таа претставува значајна и своeвидна документација за одбрана на националното, духовното и културното битие на Македонецот во светот.

Ова дело  е обид да се осветли иселеничката одисеја на Македонците во САД, Канада, Европската Унија и Австралија и да се остави неизбришлива трага за нивното постоење и активности во државите во кои несебично ги вградиле своите човечки и интелектуални способности за развојот на македонската вистина во тие демократски општества. Публикацијата е отпечатена на 520 страници, на македонски јазик.

Таа, всушност, открива еден навидум познат, а, всушност, недоволно осознаен феномен на Македонците во дијаспората: способноста за нивното брзо адаптирање и интегрирање во новата средина; изостреното чувство за прифаќање на новите општествени норми и стандарди и успешното вклучување во новите економски, социјални културни и други процеси. Таквиот modus vivendi им овозможува да го свртат вниманието на тамошниот естаблишмент врз сопствените цивилизациски вредности и врз својот автентичен геокултурен автопортрет, со кој Македонецот е препознатлив, речиси, на сите меридијани.

Прололжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

РАЗЛИЧНИ РАБОТНИ И ДРУГИ АКТИВНОСТИ НА ЛУ ВЛАШО ВО ОХАЈО (12)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ЛУ  ВЛАШО – АМЕРИКАНСКИ СИН НА МАКЕДОНИЈА“

Немаше курсеви по компјутерски науки на универзитетите; Отидов директно во IBM да земам часови. На крајот купивме IBM 360, кој имаше помалку работи од нашите iPhone телефони денес, 16 килобајти. Но, работите се движеа толку брзо што ја сменивме нарачката во 32 килобајти. Поставивме 15 апликации кои би ни биле корисни.

Додека се движевме нанапред сфативме една работа: ќе мора да изградиме нова зграда. Компјутерите мораа да се чуваат на одредена температура; старата зграда не можеше да ги собере канцелариите и компјутерската опрема и системот за климатизација.

И тоа го промени Хобарт.

Се разбира, кога го изградивме новото седиште, мислевме дека треба да го смениме името. Ангажиравме консултантска фирма и кога сето тоа беше готово рековме дека не сакаме да произведуваме и дека не ни треба „The“.

Така, ја сменивме од Хобарт Mанифакчуринг Kомпани (The Hobart Manufacturing Company) во Хобарт Корп (Hobart Corp). Тоа беше „големата промена“!

Откако ја започнавме компјутерската физибилити студија, јас станав системски супервизор – мојата прва менаџерска позиција. Се пријавив кај мојот добар пријател Бил Бекер за обработка на податоци. Подоцна станав менаџер за сметководство за производство.

Харланд Мишлер беше ангажиран како контролор. Тоа значеше дека тој ми е надлежен. Џон ми рече: Не грижи се за тоа. Тое нема да има никакво влијание врз тебе.

Така, Харланд беше контролорот. Сепак, јас навистина бев во персоналот на Двајт Мил, бидејќи како менаџер за сметководство за производство бев на сите состаноци на производството и дискусии за проширување и промени на фабриката. Но, го имав тој луксуз да не морам да му поднесувам извештаи на Двајт.

Двајт беше донесен како потпретседател за производство, и тој беше причината да имаме менаџер за сметководство за производство. Тој беше навикнат да има некој што ја разбира работата и ги разбира бројките. Никогаш не сум бил класичен сметководител; Можев да ги погледнам податоците и знаев како да ги анализирам, да објаснам што може, а што не може да се направи.

За тоа зборуваат сметководителите денес: како да ги разберете бројките за да можете да направите нешто со нив. Јас тоа го правев уште тоа време. Научив многу, па дури и ме замолија да го искористам моето знаење како еден од уредниците за третото издание на Прирачникот за сметководство на Вајли, Водич за менаџмент во сметководство (Wiley’s Accountants Handbook, A Guide to Management Accounting).

Толку многу добри работи ми се случија во Хобарт. Мојата тогашна секретарка ме номинираше за шеф на годината и ја добив наградата! Имаше и такви кои рекоа дека ја добив затоа што бев „премногу мек“ со луѓето. Можеби отсекогаш сум бил она што тие го нарекуваат мек; Мислам дека така е полесно.

Но, понекогаш мора да покажеш цврста рака и малку да ги стегнеш работите за да ја докажеш поентата. Го научив и тоа.

Повеќе простории, повеќе одговорности

Нашиот прв стан во Трој беше на втори кат од куќа која имаше еден кат, во суштина беше таван. Подоцна се преселивме во едно место кое не беше многу далеку од Хобарт и можев пеш да одам на работа, а Џен го користеше автомобилот. Кога се преселивме, од две простории се проширивме во две спални соби, дневна соба и кујна. Тогаш мислевме дека живееме во палата.

Подоцна, изградивме мала куќа со ранч и се преселивме во дом кој имаше два ката на улицата Литлџон Роуд, каде го поминавме поголемиот број од годините кога живеевме во Трој.

Кога се вработив во Хобарт имав 21 година, а во тоа време да имаш 21 година се разликуваше од тоа да имаш 21 година денес. Во Хобарт, семејната атмосфера значеше дека имаше и фамилијарни работи кои мора да ги правиш. Бевме членови на кугларскиот тим. Игравме голф. Организиравме роденденски забави – ме потсетуваа на собирите кои ги имавме за имендени во Кентон, но со американска храна која толку многу сакав да ја имам кога бев дете.

Бидејќи не живеевм блиску до моите родители, направив напори да ги посетуваме колку што е можно почесто, а Винс и Стив да поминат со нив некое време барем еднаш во годината. Сакав тие да ги запознаат своите баба и дедо и да научат за нивното македонско потекло. Баба и дедо уживаа во тоа да ги размазат и да ги хранат со македонска храна и слатки.

1gre199912

Инаку, тоа време моето македонско потекло малку отиде во втор план. Додека бев ангажиран во сите овие работи во компанијата, морав да се ангажирам и во заедницата.

Мислам дека повторно беше Џон Лаферти тој кој еден ден, во 1961 или 62 година, предложи да им помогнам во Џуниор Ачивмент (Junior Achievement), програма каде возрасни луѓе работат со ученици од средни училишта за тие да можат во иднина да основаат и да водат бизнис.

Станав советник и уживав во работењето со младите ученици. Остваривме продажба од само 373 долари, но приниципте на учењето како да создадеш свој сопствен бизнис, да го рекламираш и да го продадеш својот производ беа застапени. Еден од тие ученици беше Лери Блекмор, кој беше нашиот благајник и бевме блиски соработници. Таа година, тој беше прогласен како почесен благајник на нашата област.

Искрата се запали, а после тоа веќе не знаев како да кажам не. Секогаш велам дека никогаш не сум зачекорил нанапред, но не бев доволно разумен да направам еден чекор наназад доволно брзо, кога сите други тоа го направија.

Многу направивме за Џејсис во Трој (Troy’s Jaycees):

Го организиравме огнометот во градот за 4 јули. Џон Стенфорд, еден од нашите членови рече, „Веќе го имам правено тоа. Можеме заедно да го направиме.“ Тој беше многу загрижен, како и сите ние, за безбедноста. Секој кој сакаше да помогне доаѓаше на местото каде се собиравме неколку дена пред настанот и го подготвуваме огнометот. Џон ќе земеше едно парче фитил и ќе речеше: „Сакате послушајте ме, сакате не, но мора да трчате побрзо од ова“. Тој ќе го запалеше фитилот и пред да се свртиме, фитилот веќе беше на крај.

Инициравме збратимување на нашиот град со друг град со иста големина – Офенберг (Offenberg) во Германија. До ден денес, Трој ја оддржува оваа програма на збратименост.

Издававме книга за градот секоја година. Хобарт немаше ништо официјално, но во пракса тој стори многу работи во заедницата. Како компанија, направивме многу работи да помогнеме на Трој, но тоа го сторивме тивко.

Започнавме курс за економска едукација на наставниците откако видовме дека постои празнина во знаењето на многумина наставници во полето на финансиите и системот на пазарната економија. За тие што дипломираа, оорганизиравме голема прослава. Проектот беше финансиран од Клејтон Бракнер, легенда во воздухопловното производство, кој беше еден од основачите на Вако Еиркрафт (Waco Aircraft), еден од најстарите производители на авиони. Додека работеа, седиштето им беше во Трој.

Бевме вклучени во продажбата на градскиот водовод. Градоначалникот беше против тоа, но моравме да му се спротивставиме. Но сепак, го убедивме градот да го продаде водоводот.

Продолжува

1slavek3Пишува: СЛАВЕ КАТИН

ЃОРЃИЈА ЏОРЏ АТАНАСОСКИ, СЕСТРА МУ ВИОЛЕТА И БРАТ МУ ЈОСИФ (15)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ЃОРЃИЈА – ЏОРЏ АТАНАСОСКИ“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Семејното дрво на Атанасовски е интересно со своите личности од дедо прадедо до денешни дни со семејството на Џорџ, неговиот брат Јосиф и сестра му  Виолета. Инаку, бизнисмени како Јосиф и Џорџ Атанасоски одат чекор пред другите, наместо тие, времето трча по нив и затоа во својата средина имаат статус на „биг-босови“. Синот на Џорџ-Никола, пак,  е вистинска замена во бизнисот. Тој како и татко му е растргнат и живее во двете татковини, во САД и во Република Македонија.

Семејството Атанасоски, односно Јосиф и Џорџ се сметаат за едни од најбогатите Македонци во дијаспората. Тајната на нивниот успех не е само во завршената школска наобразба, туку во конструкторскиот ген што му го вградило неговото семејство во Прилепско, како последица дека потекнуваат од земја која пред илјада години на светот му дала писменост и култура, кога не постоела Америка.

Прв впечаток од средбите со Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски е скромноста која зрачи од неговата личност, педантноста и стилот на човек од бизнисот. Не од оној, на кој сме навикнале кај нас, на Балканот – занаетчискиот, туку светскиот, планетарниот бизнис. Тоа е од една друга галаксија, до која се доаѓа на специфичен начин, со способност за висок менаџмент, за иновации кои отвораат нови простори и шанси за големи пазари.

Таквите луѓе како бизнисменот Атанасоски одат чекор пред другите, наместо тие, времето трча по нив и затоа во својата средина имаат статус на „биг-босови“. Моите средби со Џорџ во САД и во Македонија ги доживеав на начин на кој не те остава рамнодушен, зашто таквите средби се инспиративни и поттикнувачки во откривањето на нивната смисла и суштина. Мајката природа го изделкала неговиот дух до степен кој му овозможил да дојде до израз во било која поразвиена западна цивилизација.

Во разговите Ѓорѓи и Јосиф како сопственици на „Мајкрофлекс инкорпорацијата“ го велат следното: „Наша цел е за нашите клиенти да обезбедиме високо-квалитетни производи, одличен сервис, брза и ефикасна испорака, односно нивно минимално задржување во магацините на фабриката. Воведувањето на иновации и усовршувањето на системот за подигање и транспорт на производите, е исто така, наша перманентна грижа.

Со еден збор, филозофијата на Компанијата е постојано да го усовршува сервисот, производството и флексибилноста кон клиентите, да одговара брзо на нивните барања, зашто ние постоиме за нив, а не тие за нас. Затоа сензорите на „Мајкрофлекс“ се високо издигнати за да ги фатат на време пораките, предлозите и барањата на нашите ценети потрошувачи“.

Исто така, во хотелот „Сонце ГА“ во Прилеп, имав прилика неколку пати да се сретнам со синот на Џорџ, Никола – Џорџ Атанасоски. Тој е синот кој тргнал по стапките на својот татко Џорџ и дошол во Македонија да живее, да се школува и да ги рашири корените на семејството Атанасоски. Овој млад Американец и натурализиран Македонец, покрај англискиот, добро зборува македонски јазик.

Но, и тој какои татко му е растргнат и живее во двете татковини, во САД и во Република Македонија. Средбите со него беа пријателски, присни како со млад Американец кој се адаптирал на прилепските услови и се чувствува удобно, релаксирано, прилепски како да се родил во Марул. Во разговорите кај него се чувствуваа големата почит и силните емоции кон својот татко – Џорџ.

Така, во последната средба за својот татко, меѓу другото, ми рече:

Како татко и сопруг Џорџ е многу добар. Иако тој е шеф тој, сепак, се враќал дома кај мајка ми, со уље до лактите, по долг ден во фабриката. Тој е шеф кој не се плаши да ги извалка рацете за да се заврши работата. Ми има кажувано многу инспиративни животни приказни и ме научи на многу животни лекции кои ги користам буквално секој ден; се надевам дека еден ден ќе ги следам неговите стапки и ќе бидам исто толку добар човек како што е тој.

Да се овозможи вработување за толку голем број луѓе не само во САД, туку, исто така, и во Македонија, како што прави тој, од несебичната желба за подобрување на Македонија и за благосостојбата на Македонците е навистина инспиративно и јас се обидувам да го имам тоа предвид секој ден – да се обидувам да станам подобра личност. За мене тој е најбрилијантниот човек што некогаш сум го сретнал и тој секогаш е голем татко и има големо влијание врз мене, и мило ми е што сум доволно среќен што тој ми е татко.”

Исто така, младиот Никола ме информира дека неговата мајка Кристина Силвија Атанасоски (родена Нинковиќ) била родена на 6.12.1962 година во градот Чикаго, во државата Илиноис. Завршила гимназија, а потоа се запишала на дршавниот колеџ Дејтона, каде се здобила со звање имотен инвентор и стручњак за развој. Таа денес живее во Ормонд Бич и работи како агент за недвижнини. Се омажила и во брак со Џорџ била 15 години, со кои има три деца – Кристифот, Мајкал и Никола.

1gre1999

Семејството на Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Кристофер Атанасоски е роден во Дејтона Бич на 09.10. 1985 година. И тој живее во Ормонд Бич, каде завршил гимназијаи а бил на Колеџот Дејтона и работи во „Мајкрофлекс инкорпорацијата“. Тој обожава да лови и рибари, а се занимава и со развој на телото (бодибилдинг).

Мајкал Атанасовски е роден во Дејтона Бич на 27. 12. 1986 година. Тој како и својот постар брат Кристофер завршил гимназија, запишан е на Државниот колеџ Дејтона, а работи во фабриката „Мајкрофлекс“. Тој е вљубеник во скијање на вода, риболов и е многу добар механичар.

Никола Атанасоски е роден исто така во Дејтона Бич на 25.08.1993 година. Тој завршил основно и гимназија во Дејтона Бич, а првите две години ги завршил во Гимназијата „Мирче Ацев“ во Прилеп. Сега е студент на Државниот колеџ Дејтона. Никола доаѓа со задоволство волетниот период во Прилеп, каде има голем број пријатели и пријателки. Тој се чувствува како да е од Македонија и, како што вели: „Македонија е мојата татковина и мојата љубов“.

Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски има и син од првиот брак со Љубица Атанасоска Николиќ, родена во с. Гермијан, Битолско. Тој се вика Дејан и е првиот син од четирите машки чеда на Големиот Џорџ. Дејан e роденна 08.10.1974 година во Њујорк, а го завршил своето образование на Универзитетот Ембри Ридл. Тој е женет со Мара, родена Миланоска, на 21 август, 1974 г. со која има две деца, Александра и Филип, а со другата жена Луана има син Антони, роден 1994 година. И тој како и своите браќа работи во фабриката на својот татко Џорџ – Мајкрофлекс инкорпорацијата.

Брат му Јосиф Атанасовски е роден на 14.09.1948 година во Марул и е прво дете на Алексо и Спасија Танасоски, како што ги викале во селото. Учел во Марул и Прилеп, за потоа, на 21 март 1967 година, патиштата да го однесат во САД. Јосиф во САД се оженил со Елен, со која има две деца: Џон роден на 23.02 1975 и Кристина родена на 08.01.1991 година. Џон е оженет со Мишел. Денес Јосиф како пензионер среќно живее со Сузана Петковска.

Сестра му Виолета Атанасоска – Макормак, пак, e родена на 19 август, 1956 година, во с. Марул. Таа е доктор по медицински науки – кардиолог и е директор на одделот за кардиологија во здравствениот медицински центар – Бровард во Форт Лаудердел. Таму живее со својот сопруг, Американец по потекло, адвокатот Томас Ф. Макормак кој е роден на 16 мај, 1960 година. Тие имаат две деца Кристи родена на 16 март, 1999 година и синот Томас роден на 3 ноември, 2000 година.

Продолжува

1slavek1Пишува; СЛАВЕ КАТИН

ИСЕЛУВАЊЕТО НА СЕМЕЈСТВОТО АТАНАСОСКИ ОД МАКЕДОНИЈА ВО АМЕРИКА (14)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ЃОРЃИЈА – ЏОРЏ АТАНАСОСКИ“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Иселувањето од прилепскиот крај на Ѓорѓија Џорџ Атанасоски за САД и Канада започнало особено по Втората светска војна. Македонците во новата стредина се самоорганизираат во македонските клубови и здруженија кои се формираа како потреба за ублажување на носталгијата, копнежот по своите, од кои многумина биле подолго одвоени. Тоа особено било изразено кај семејството Атанасовски

Преселбите на Македонците од Пелагонија, родниот крај на семејството Атанасоски се интензивирале по Втората светска војна и траат сè до денес. Македонците започнале да се доселуваат по градовите во Република Македонија, а потоа во Европа и во прекуокеанските земји, иселување кое добива траен карактер.

Особено во седумдесетите години од минатиот век, притисокот за организирани барања на работници од разни европски агенции и компании, стана сè поголем. Таквите барања ги прифатија и бироата за вработување, преку кои се вршел упис на заинтересираните работници, а потоа и разни агенции и посредници кои ги упатувале нашите луѓе директно во западноевропските држави, а потоа во САД, Канада, Австралија и други земји.

Во почетокот Македонците, кои биле работоспособни млади луѓе, како самци, без семејства оделе на привремена работа, за да заработат, да спечалат некоја пара и потоа да се вратат назад во татковината. Подоцна се покажа дека само мал број од македонските граѓани кои заминале при крајот на шеесеттите и во почетокот на седумдесеттите години на минатиот век се вратиле во татковината.

Таков е случајот со Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски, кој е пример за еден од Македонците кои се вратиле во татковината и инвестирале во неа. Најголемиот број Македонци се приспособиле на животните и работни услови во новите средини, во новите земји. Тие си ги земале и своите семејства, а со тоа започнал новиот бран емиграциони движења од Македонија кон светот.

Таквиот бран на иселување го зафатил и семејството Атанасоски. Најпрвин заминал Јосиф, потоа Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски, а подоцна и татко му Алексо, мајка му Спасија и сестра му Виолета.

Уште од почетокот на масовното доаѓање на македонските емигранти во САД и Канада, тие почнале да се самоорганизираат. Македонските клубови и здруженија се формирале како потреба за ублажување на носталгијата, копнежот по своите, од кои многумина биле подолго одвоени, но и потребата за меѓусебно дружење и комуницирање и за полесно реализирање на одделни нивни заеднички потреби.

Така, постепено почнале да се јавуваат нови облици на дејствување на спортски, фолклорен, културен, образовен и друг план, кои со текот на времето прераснувале во богат мозаик од активности на многу полиња. Се разбира, зависно од условите, потребите и можностите на Македонците во новите средини.

Слична или идентична судбина со Македонските доселеници во САД и Канада има и семејството Атанасоски. Ова денес познато и признато семејство во САД има длабоки корени во дедовската земја Македонија. Така, корените на семејството Атанасоски, како и на нивното село, датираат од многу оддамна.

Според некои документи, легенди и на бројни раскажувачи корените на ова македонско семејство можат да се најдат исклучиво во Прилепско и битолскиот регион, од каде се рашириле ширум Македонија и во светот.

Прадедовците и дедовците на Ѓорѓија (Гога) Атанасоски, Боше, Атанас, Ризо и Стојан се родиле во Марул. Единствено неговиот пра-пра дедо Тане бил роден во селото Клекоперци, Прилепско, кој се преселил во Марул во 1810 година. Исто така и неговиот татко Алексо е роден во Марул, а сега живее во Флорида, САД. Мајка му, пак, Спасија е родена во селото Добрушево, Битолско, а почина во Флорида, каде живееше со своето семејство.

Дедовците на Гога (Ѓорѓија) Ризо и Стојан биле едни од најбогатите, највредните и најдобрите во селото. Се занимаваме со трговија и земјоделие, со што ја изградиле куќата во Прилеп уште во 1918 година. Тие биле познати и признати трговци и големи домаќини во прилепскиот крај. Дедото Стојан дури имал своја работилница во Марул.

Татко на Ѓорѓија, Алексо попримил многу манири од своите преттци. Како млад домаќин, освен што бил еден од најдобрите во земјоделието и сточарството, секогаш бил со добра волја, весел и расположен за шеги, другар како што секој би посакал, а во работата вистински професионалец. И денес како пензионер во Флорида ги зачувал тие манири.

1tovo12345

Алексо, Спасија и Џорџ со синовите

Мајка му Спасија, пак, била убава мома од Добрушево, питома и вредна домаќинка и мајка, со афинитет за раскажување и слушање со внимание. Таа била столбот на семејството Атанасоски, која влијаела врз воспитанието на децата. Освен синот Гога (Ѓорѓија-Џорџ), Алексо и Спасија во шеесет и петгодишниот брачен живот, имаат уште еден постар син, Јосиф и ќерката Виолета, како и едно покојно чедо Благоја. Најстариот син Јосиф заминал прв за САД, потоа Ѓорѓија и на крајот Алексо, Спасија и Виолета. Тие живеат во Флорида. Јосиф и Ѓорѓи се партнери во бизнисот, а Виолета е кардиолог.

Според кажувањата на вујкото Војне Атанасоски, семејството на Алексо и Спасија било прочуено не само во селото, туку и пошироко во Прилепско и Битолско. Тој ми раскажуваше за згоди и незгоди весели и тажни приказни за семејството Атанасоски, како и за селото Марул. Според него селото било постојано на истото место како и денес. Заради економските прилики и неприлики многумина заминале во други градови и држави, особено по Втората светска војна.

Гога (Ѓорѓија), а особено Јосиф, како млади луѓе, слушале многу приказни од дедото и татко им. Затоа, како и сите нивни врсници имале желба да завршат барем средно образование и правеле обиди да најдат некаква работа или да одат на работа во странство. Така и направиле.

Треба да се нагласи дека десетина години по ослободувањето, Македонија била сиромашна, без развиено стопанство, така што младите луѓе, особено во понеразвиените и пограничните подрачја, немале друг излез освен да ја напуштат земјата. Или како што вели Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски во тоа време морало „Да се бара Сонце под ведро небо“.

Тој од родителскиот дом го понесол сознанието за подобра иднина, но го понесло и единственото чувство дека е Македонец, дека ќе остане тоа во кој и да било дел од светот да се наоѓа и дека кога тогаш ќе се врати во Македонија. Кај него секогаш тлеела донаторската љубов и голема хуманост кон луѓето, кон македонското, кон посреќната иднина на човештвото.

Продолжува

1slavek1Пишува; СЛАВЕ КАТИН

ДОАЃАЊЕТО НА ЃОРЃИЈА ЏОРЏ АТАНАСОСКИ ВО СОЕДИНЕТИТЕ АМЕРИКАНСКИ ДРЖАВИ (13)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ЃОРЃИЈА – ЏОРЏ АТАНАСОСКИ“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Името и делото на Ѓорѓија Џорџ Атанасоски е тесно поврзано со неговата втора татковина – Соединетите Американски држави (САД). Затоа во оваа пригода ќе дадеме кус историски преглед за САД, земјата во која живее, се развива, проширува, опстојува и постигнува напредок семејството Атанасоски

Соединетите Американски Држави – ветената земја, како ја нарекваат Македонците и другите доселеници, се сојузна република со Северна Америка, сместена меѓу Атланскиот и Тихиот Океан, меѓу Канада и Мексико, составена од 50 сојузни држави и еден сојузенокруг. Заедно со Аљаска и Хаваите, таа е една од најголемите во светот, во која живеат над 250 милиони жители. Најголем број Американци се доселени од Европа, првенствено од Велика Британија и од Ирска, потоа од Германија, Италија, Русија од Октомвриската револуција), од Полска, Норвешка, Шведска, потоа има бројно црнечко (африканско) население, Индијанци, Јапонци, Кинези, Македонија и други народи.

Главен град е Вашингтон, кој се наоѓа во Сојузниот округ Колумбија и заедно со предградијата има над три милиони жители. Други важни метрополи се: Њујорк, Чикаго, Лос Ангелес, Филаделфија, Детроит, Бостон, Балтимор, Кливленд, Сан Франциско и други. Релјефот на САД е многу разновиден: континенталниот дел се дели на неколку големи географски области, различни по простор и природни богатства. Таму владее од континентална, суптропска, приморска, континентално-планинска и арктичка до умерено топла океанска клима. САД располага со големо богатство на планини, езера и реки. Најпознати езера се: Горното, Хјурон, Мичиген, Ири и Онтарио, а од реките Мисисипи, Мисури, Рио Гранде Колорадо и други.

Најстари познати жители на денешната територија на САД се Ескимите и Индијанците. Се претпоставува дека од Европјаните на Северноамериканскиот континент први дошле Норманите пред илјада години. Кристифор Колумбо ја откри Северна Америка во 1492 година, а во почетокот на 16 век почнаа да доаѓаат и првите европски колонисти од: Англија, Франција, Холандија, Шведска, Шпанија, кои, за да освојат простори, воделе војна со Индијанците

Инаку, во интервјуто што го водевме во телевизијата „Сонце“ на 29 април 2012 година, бизнисменот Ѓорѓија–Џорџ Атанасоски беше искрен, расположен и отворен во разговорот и во продолжение, меѓу другото за неговото преселување во Соединетите Американски Држави одговори на моите прашања како што следното:

СН-К: Како се снајдовте во Њујорк и како течеше животот?

ЃА: Со авион преку Ирска и Атлантскиот Океан се приземјивме на аеродромот во Њујорк. Во овој мегалополис стасав на 28 април 1970 година. Таму ме чекаа брат ми и неговата девојка, па заедно отидовме во станот каде што тие живееја во познатиот кварт Менхетн.

Во Њујорк останав седум години. За мене е значаен овој огромен град бидејќи таму се исшколував и некако Њујорк го чувствувам како мое родно местоТри години работев како инженер, меѓутоа со брат ми решивме, наместо за други, да работиме за себе. Затоа отворивме своја компанија во Милфорд, место оддалечено еден и пол час од Њујорк.

СН-К: По Њујорк, дали следи Флорида и нови предизвици?

ЃА: Во почетокот стартувавме како три компании. Останавме таму до 1980 година. Потоа размислувавме да се преселиме на Флорида, каде веќе една година произведувавме специјални машини за повеќе фирми што имаа потреба од нив. Кога се поврзавме како три компании со останатите, добивме работа од познатата фирма „Кодак“. Натаму го проширивме производството и правевме машини кои одеа на јапонскиот пазар. Кога веќе направивме за Јапонија, тогаш ние произведовме и за нас. И бизнисот ни тргна многу добро.

Конечнорешивме да се преселиме на сончевата Флорида, која климатски ни беше мошне добра опција. Дојдовме до Ормонд Бич. Таму купивме триесетина хектари земја до една главна магистрала. Имавме многу идеи, бевме доста ангажирани и посветени на тоа да успееме, па така започна нашата флоридско – американско – македонска лична, семејна и бизнис приказна.

Инаку, во Њујорк од 1974 до 1980 година бев секретар на Македонското друштво кое беше наше убаво катче во мегалополисот на Ист Ривер. А во Њу Џерси одев во нашите духовни храмови „Св. Никола“ и „Св. Кирил и Методиј“, за која црква татко ми даде донација, бидејќи тој по една и пол година дојде кај мене во Њу Џерси заедно со мајка ми и сестра ми. А јас за црквата на Флорида дадов 188.000 долари. Во меѓувреме кога добив државјанство по четиринаесет годиниетогаш навистина бев горд и задоволен. Во 1984 година дојдов во Прилеп. За првпат по подолго време. И така речиси на секои две години сум во мојата Македонија.

1cari1234Мостот Бруклин во Њујорк

СН-К: Идеите, идеалите и битката за самостојна Македонија, дали отсекогаш сте ја носеле во себе и постојано сте ја промовирале?

ЃА: Доаѓам во мојата татковина за која уште одамна пред 1991 година, насекаде велев дека ќе биде самостојна, суверена, независна Република Македонија. И пред осамостојувањето, Македонското друштво организираше демонстрации пред ОН, затоа што ние и тогаш се залагавме да имаме суверена Македонија. И предадовме документ со нашите барања во тој дух. Сакам да истакнам дека за време на приемот во Организацијата на Обединетите нации, отидовме заедно да се радуваме и да го прославиме големиот чин.

Во 1992 година се организиравме шеесет и двајца Македонци – патриоти, се собравме и се договоривме да создадеме организација – „Македонски светски конгрес“. На тој конгрес мене ме избраа за претседател и развивме доста значајна активност. Лобиравме и лобираме за вистината на нашето име и нашите национални достоинства во мултикултурното американско општество. Постојано на реверот ја носам значката на која се наоѓа цела етничка Македонија и горд сум на тоа.

СН-К: Нели корените не се забораваат, каде и да се наоѓа човек во светот?

ЃА: Да. Јас сум роден во Марул, Прилепско и таму сакам да изградам една викенд куќа. Барем еднаш нека е годишно, меѓутоа ќе одам да седнам, да си приспомнам на моето време, да ги видам градините и полето. Да си муабетиме со моите драги пријатели и роднини. Во Прилеп имам многу пријатели. И не само во Прилеп, туку речиси во сите градови во етничка Македонија. Далечината го прави своето но носталгијата и спомените траат вечно.

Ние Македонците од сите делови на нашата земја веќе еднаш треба духовно да се обединиме и економски да се поврземе. Работам на таа стратегија подолго време и се надевам на нејзино реализирање.

СН-К: Вие сте лауреат на повеќе награди и признанија, ќе издвоите ли некои?

ЃА: Кога луѓето го ценат и валоризираат трудот и активноста, тоа некако се преточува во награди и признанија. Добитник сум на наградата „Елис Ајленд“. Тоа е големо признание, бидејќи влегов меѓу стоте избрани луѓе од разни земји, кои се наградени за хуманитарни, бизнис, културни и други придонеси и мисии. Кога се даваше дипломата, носев значка со шестнаесетзрачното сонце. Со душа и со срце работам за македонската кауза. Тоа беше своевидна промоција на Македонија.

СН-К: Во 2013 година се навршија стоте години од Букурешкиот договор, како гледате на овој погубен договор за Македонија?

ЃА: Во 2013 година, на 10 август (житар), требаше да се обединиме сите Македонци, од сите делови на етничка Македонија, и се разбира од Австралија, Америка, Канада и Европа. Да излеземе масовно и во тој момент да прогласиме дека Букурешкиот договор веќе не важи, затоа што нема македонски потписници. Не е лесно, но ако го почнеме тој процес да го запознаеме светот со вистината, ние ќе успееме да ги постигнеме целите за кои се залагаме.

СН-К: Имате силна љубов кон црквата, дали сте верник?

ЃА: Верувам само во Господ и во никој друг. Го молам Тој да ѝ помогне на Македонија, рече на крајот од разговорот бизнисменот Ѓорѓија–Џорџ Атанасоски.

Продолжува

1slavek1Пишува; СЛАВЕ КАТИН

ФАКУЛТЕТСКИ ОБРАЗОВАНИОТ ЛУ ВЛАШО ЈА ОТПОЧНА РАБОТНАТА КАРИЕРА (10)

Работев во одбори – Советодавниот совет на Факултетот за сметководство, Советодавниот одбор на библиотеката, Советодавниот одбор на Колеџот за бизнис и советодавниот одбор за Центарот Воинович, програма за јавно раководство во училиштето.

Не го правев сето тоа за да добивам награди, го правев затоа што сакав и затоа што чувствував дека можам да придонесам и сакав да го поддржам мојот универзитет. Така што, беше навистина убаво изненадување кога ја добив наградата за Заслужен алумни од Универзитетот во Охајо во 2001 година. Тоа беше еден од најгордите моменти во мојот живот, никогаш не ни помислив дека универзитетот може да ми одаде таква чест.

Посакувам само да беа тука моите родители и да можеа да ме видат. А придoбивките беа прекрасни, свечена вечера, дури и автомобил во парадата на дипломираните студенти на Универзиетот во Охајо.

Сепак, додека моите денови на колеџот завршуваа, размислував за работа и, за среќа, дипломирав и работа веќе ме чекаше. Повторно, по завршувањето на училиштето на работа.

Веќе го имам тоа направено, да отидам веднаш од матурската на мојата прва работа преку лето, во ноќните смени во Репаблик Стил, а таму работев во текот на летните месеци додека одев на училиште.

Така си размислував да се приклучам на таа компанија со полно работно време откако ќе дипломирам. Претходно сум работел во ѕидарскиот оддел – многу тешка работа. Татко ми и постариот брат и двајцата работеа таму, така што си помислив дека може да има некоја работа за мене во дирекцијата во Кливленд, каде би можеле да живееме поблиску до мојот роден град.

Работа во главните канцеларии на Репаблик ќе ми овозможеше полесно да ги посетуваме моите родители. Што се однесува до времето на патувањето тоа би било како на пример од на татко ми селото Брезница да се отиде 20 милји подалеку после Битола, за ние да стигнеме во Кентон – околу 60 милји, или 32 километри. Секако, патувањето ќе ни беше со кола, а не со магаре и ќе ни беше лесно да го направиме тоа.

Но, можете да претпоставите, Репаблик Стил немаше слободни работни места за мене.

За време на еден ревизорски час, со професорот по сметководство кој се викаше Ралф „Сид“ Бекерт, јас дознав за Хобарт. Тој ни прочита едно писмо од Џон Лаферти, кој дипломираше на Универзитетот во Охајо, кој велеше дека компанијата бара работници. (Сид подоцна ми стана добар пријател, по него го именував нашиот огранок на Универзитетот на Охајо алумни. Тој беше болен и во тоа време беше близу до смртта и се надевам дека тоа беше нешто што му ги разубави последните денови од животот.)

Така, аплицирав во Хобарт. Ме повикаа на интервју. По некое време, Џон ми се јави по телефон, додека се уште бев во куќата на братството, изговорајќи ги магичните зборови: „Лу, се јавувам само да ти кажам дека ти нудиме работа. Откако ќе ја прочиташ понудата, те молам извести не што мислиш.“

Потоа дојде писмото:

„Согласно нашата позиција, ви нудиме работно место во општо сметководство… Вашата почетна плата за работното место се предлага да биде 425 долари месечно, со прилагодување од 25 долари на крајот од два шестмесечни периоди.

Сè се случи многу брзо. Имав интервју на 26 мај, денот на мојот роденден. До 1 јуни одговорив дека ја прифаќам работата.

Денес, во 2021 година, таа почетна плата би била 40.000 американски долари, што сè уште е под опсегот од 60.000 долари нагоре во повеќето компании. А јас сум оженет и имам дете кое има 3 месеци. Успеававме да преживееме, но, оф, беше тешко.

Можев да изнајмам стан. Купивме кревет, купивме детско креветче и купивме телевизор. Ги купив на кредит, што го добив затоа што ќе почнам со работа во Хобарт, главниот работодавач во Трој. Во тоа време, сите меѓусебно се познаваа.

Надоместот што го добив по незгодата со окото во средното училиште, ми беше доволна да си го купам првиот автомобил на крајот на мај истата година и ми помогна со готовинското учество за мојата прва куќа. Се спакувавме, како и бебето Винс, ги ставивме сите наши работи во багажникот и се возевме до Трој, Охајо.

1cari123456

Тој е речиси 200 милји оддалечен од Кентон, Охајо, а моите родители би рекле: „Кај го најде тој пусти Трој?“ Мама и тато се надеваа дека ќе завршам во Кентон и ќе се оженам за Македонка, но не излезе така. Како и обично, соништата на родителите и децата се различни.

Догледање на факултетскиот живот, добредојде на корпоративниот живот

Мојот живот чудесно се измени. А јас ќе помогнам во тоа да настанат чудесни промени во компанијата на која се придружив.

На нашата фотографија има најмалку тројца сметководители во класа на четири вработени: јас, Хал Вилис, Ед Кокс и Валтер Јанг. За мене вистинско изненадување беше тоа што Валтер ми стана зет! Во Хобарт станавме вистински пријатели.

Уште едно изненадување настана кога откривме зошто ние тројца бевме ангажирани на место на еден сметководител.

Името на тој сметководител беше Имер Тобајас. Не беше дека обемот на работата на Тобајас нешто страшно се зголемила па требало тројца за да го заменат. Тој направи проневера на парите, во износ од околу 400.000 американски долари, навистина голема сума на пари, како покачување на плата од 95 долари неделно.

Омер беше љубител на уметност и својата куќа ја наполни со скапи уметнички дела – вредни околу 200.000 долари. Тоа е износ според проценките кои Њујорк Тајмс ги доби од галериите кои ги дадоа делата на аукција да се врати долгот кон Хобарт.

Привлечноста на Омер кон проневерата не заврши тука. Откако отслужи седум години затвор во Државниот затвор во Охајо и беше пуштен на условна казна, повторно го уапсија. Наводно, му била дадена одговорноста во затворот да води книговодство, и тој ги проневерил и средствата на другите затвореници во затворот!

Беше разбирливо што компанијата не сакаше повторно да му даде таква контрола на само еден човек.

Ние, новодојденците, ги запознавме сите луѓе кои го направија Хобарт тоа што беше: Џон Лаферти, кој ме вработи, Карл Хувер, мојот прв менаџер – менаџерот на општото сметководство, Бил Бекер, кој ја надгледуваше табулацијата. На сите нив сум им благодарен што ме „израснаа“ како млад вработен.

Карл беше долгогодишен член на персоналот, фин човек кој знаеше да застане и да ги објасни нештата. Работењето за него во Општото сметководство (ОС) беше вистински благослов, се здобив со големо знаење за бизнисот поради него. Некое време во ОС работев во одделот за табулација, мојот прв допир со автоматизацијата, колку и да беше на основно ниво.

Опремата, која ги содржеше нашите главни сметководствени книги, беше програмирана со употреба на разводни плочи кои и кажуваа на машината што да направи.

Продолжува

1slavek3Пишува: СЛАВЕ КАТИН

ЕДЕН ДЕН СО КРАЛИЦА НА ПЕСНАТА  ЕСМА РЕЏЕПОВА – ТЕОДОСИЕВСКА – II ДЕЛ

ЕДЕН ДЕН СО КРАЛИЦА НА ПЕСНАТА  ЕСМА РЕЏЕПОВА – ТЕОДОСИЕВСКА – II ДЕЛ

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе го презентираме вториот дел од интервјуто со Есма Реџепова – Теодосиевска водено во „Домот на хуманоста и Музејот на музиката на Есма и Стево Теодосиевски“ на 1 ноември 2014 година

КАТИН:  Почетоците на пеењето Ви беа во поранешна СФР Југославија, место каде просторно и естрадно беше тешко да се успее. Кажете ни за Вашата кариера во тој период?

Есма Реџепова: Во споредба со Македонија, Југославија беше голема држава, па со самото тоа имаше и голема понуда во музиката. И во тоа време постоеја пејачи кои не успеваа, пејачи кои секогаш настапуваа во кафеани. Меѓутоа, постоеше висок критериум – кој и каде може да настапи. Јас, на таа југословенска сцена се наметнав со својот квалитет и тоа беше пресудно до ден-денес да бидам популарна на тој простор. И денес, кога настапувам во сите поранешни југословенски републики, салите се полни, луѓето ме препознаваат на улица, ме чувствуваат за своја.

КАТИН: Маршалот Тито беше маркантна личност во тоа време. Зборуваме за времиња во кои бевте млада и славна. Пренесете ни некои од спомените за настапот пред Тито во 1961 година и потоа.

Есма Реџепова: И во овие моменти се чувствувам возбудена од тие мигови во кариерата. Во тоа време да се настапува за Тито и пред Тито беше голема чест за секој уметник. Но, малкумина беа оние кои успеаја да ја имаат таа чест. За да се настапи пред еден таков државник од светски ранг се поминуваа безброј проверки. Есма и Ансамблот „Теодосиевски“ беа едни од ретките што беа окарактеризирани како подобни за настап пред него. Секако, тоа беше големо признание за нас.

Во 1961 година настапивме на Самитот на неврзаните, што се одржа во Белград, но после тоа имаше многу настапи пред други државници, кои беа гости на Тито. Во многу наврати, кога тој одеше во посета на други земји, нè носеше и нас со него, со цел да претстави дел од културата на народите што живеат во Југославија. Со него и неговата сопруга Јованка имавме многу средби. И двајцата се дел од моите убави и вечни спомени.

1cari1234567899Есма со пријатели

КАТИН: Вие со Стево и неговиот оркестар имавте настапи во целиот свет. Можете ли да ми кажете колку концерти имате одржано?

Есма Реџепова: Стево беше добар аналитичар. Според неговите податоци до 1984 имавме околу 15.000 концерти, од нив над 2.000 беа хуманитарни. Оттогаш па наваму веќе не ги броевме. Знаете, порано пеев како што се прикажуваат кинопретстави, од 16, од 18, од 20 часот. Во Бугарија и на поранешните југословенски простори имав по три-четири концерти дневно.

Сакам и ова да го кажам, кога бев на турнеја низ Европа, во 1995 година и кога ги обиколив сите театарски сцени, ја добив наградата „Примадона на европското пеење“, која секогаш ја добиваше оперски пејач. Многу бев среќна зашто гласовните можности ми ги оценија како ретки, несекојдневни, со убави орнаменти. Во операта треба да направиш еден орнамент за да ја дигнеш публиката на нозе, а јас ги правам во низа, без никакви проблеми.

Сум настапила на сите 5 континенти. Во Европа, речиси и да нема земја во која не сум настапила. Во Азија сум настапувала многу, во Ирак, Иран, Пакистан, Авганистан, Јапонија, но некако неостварена желба ми е да настапам во Кина. Многупати сум гостувала во САД и Канада, во Мексико. Исто така, добро сум позната и во Австралија, но не само кај Македонците кои живеат таму, туку и на поширокиот аудиториум.

Еден од концертите на кој ќе се сеќавам е концертот во „Хајд Парк“ во Сиднеј, во 2009 година, каде настапив пред 300.000 публика. Тоа е необјасниво чувство. Се вееја знамиња од многу земји, но најсреќна бев кога видов дека во таа маса на народ имаше и Македонци, кои ме пречекаа  со различни македонски знамиња.

КАТИН: Ве нарекуваат Кралица на ромската музика, навистина блескаво  признание. Како ја добивте таа титула?

Есма Реџепова: Навистина, особено ми е мило што официјално сум прогласена за „Кралица на ромската музика“. Тоа се случи во 1976 година, во Индија, во градот Чандигар каде се одржа Светски фестивал на ромската музика. Таму имаше претставници од 20 земји. Целта на Фестивалот беше да се најде во која земја во светот, каде што живеат Роми се пее и свири музика што е најблиску до пенџапската музика во Индија, затоа што научно е докажано дека Ромите потекнуваат од Индија од регионот на Пенџап.

Во таа силна конкуренција сите едногласно одлучија дека песната што ја пеам јас е најблиску до оригиналната и дека кај мене се задржани најголем број традиционални елементи. Тоа беше причината што јас ја добив титулата „Кралица на ромската музика“, додека, пак, Стево Теодосиевски, иако не беше Ром беше прогласен за „Крал на ромската музика“, затоа што ја негуваше традицијата и оригиналноста на истата.

КАТИН: Познато е дека го освоивте светот, но се чини дека најтешко беше да се освои Македонија. Каков беше интересот за Вас во вашата татковина?

Есма Реџепова: Морам да бидам искрена и да ја кажам вистината. Имено, едно време, додека работевме во Белград, два-тројца ни ги затворија вратите во Радио Скопје. Ме немаше речиси 25 години, ни на радио, ни на телевизија. Но со Стево бевме упорни, се боревме и се изборивме за својата музика, за своето право и мислам дека успеавме. Еве, се покажа успехот. Луѓето во Македонија подоцна се освестија.

Некаде во 1986 година, направија едно убаво шоу со мене, кое се емитуваше на телевизија за Нова година. Оттогаш веќе нема проблеми. А во последниве три години ме има повеќе затоа што мислам дека дотогаш Македонија и не знаеше што правам јас во светот…. И Вие не зборувавте многу за тоа. -Не, не сум зборувала, но моите менаџери од Холандија ми рекоа дека треба да направам една прес-конференција и да кажам што работам. Тогаш ги презентирав сите материјали за мене, сè што е пишувано во светот за моите концерти, сите насловни страници, награди, благодарници…

КАТИН: Благодарение на Вашата неуморна заложба во културата, добитник сте на највисокото признание Национален уметник на Република  Македонија за 2013 година. Вие сте третиот носител на ова признание по Симон Трпчевски и Милчо Манчевски. Вашиот коментар за наградата?

Есма Реџепова: Многу се радувам и горда сум што ја добив титулата Национален уметник на Република Македонија. Секако дека сум презадоволна, затоа што тоа е признание за целокупната моја работа на музички план. Сакам да кажам дека оваа година за првпат бев предложена да ја добијам оваа титула, ме предложи Концертната агенција „Маестро фолк фест“, чиј ексклузивец сум јас. Ги исполнив сите критериуми кои беа наведени во Законот за национален уметник и ја добив титулата. Среќна сум и горда во исто време, затоа што за секој еден уметник крајна цел е добивањето на оваа титула.

Исто така, сакам да кажам дека се радувам на сите награди, тоа е валоризација на мојот труд, без разлика дали се доделени за музика или за мојата хуманитарна работа. Но, сепак, постојат неколку награди кои се од исклучително значење, затоа што се добиени во конкуренција на големи имиња од светот на музиката. Веќе ја спомнав наградата „Кралица на ромската музика“, „Примадона на европското пеење“, секако, тука е влезот во 50 најдобри вокали на сите времиња, каде друштво ми прават Марија Калас, Павароти, Ела Фицџералд и останати имиња кои ја задолжиле светската музика.

КАТИН: Се вративте во Македонија и решивте на својот град да му подарите музеј. Кажете ми нешто за таа идеја?

Есма Реџепова: Јас овде ја почнав кариерата. Тогаш ми помогнаа во Радио Скопје и тоа не го заборавам. Со Стево постојано мечтаевме да се вратиме. За својата работа добивме многу признанија, многу подароци, над две илјади благодарници за хуманитарните концерти. Сакавме Македонија да го види тоа. Сакавме да се вратиме и не згрешивме. Многу ми е убаво во Македонија. Овде сум родена, детството го минав овде. И единствено во Македонија правев хуманитарни концерти.

Никогаш немам направено концерт овде за да заработам. Заработував на концертите во светот. И денес го правам тоа. Сега сите 47 деца ми се згрижени со семејства, со станови, со автомобили. Ми остана да го завршам уште Домот на хуманоста. Се надевам дека тоа ќе биде годинава.

КАТИН: Вие сте Кралица на ромската музика, светски признат естраден уметник, жена на човекољубието и добрината. Какви се вашите идни планови и дали постои разлика меѓу Есма естрадниот уметник и Есма на приватен план?

Есма Реџепова: Многу ми е мило што сè уште сум доста активна на полето на музиката. Во тек е правењето планови за настапи за 2015 година, а течат и преговорите за издавање на ново ЦД за странска продуцентска куќа. Накратко кажано, во кујната на Есма Реџепова Теодосиевска, сè уште се подготвува музика.

Инаку, постои разлика меѓу Есма на професионален и Есма на приватен план. Ако на сцена сум нескротлива, во приватен живот сум многу мирна жена, која повеќе слуша, а помалку зборува. Сакам да се дружам со луѓето, сакам да им помагам на сиромашните, на некој начин сакам да ги заштитам послабите.

Ги сакам животните, се грижам за кучињата скитници, кои живеат во мојата околина, да добијат храна барем еднаш дневно. Не сум недопирлива, баш напротив себеси се сметам како дел од народот, ме радува што луѓето така ме доживуваат. Отсекогаш сум сакала мирен живот исполнет со љубов и почитување кон останатите.

КАТИН: Во Вашата кариера сте испеале многу песни. Имате ли некоја што ви е посебно драга?

Есма Реџепова: Па, сите песни ми се драги и со задоволство ги изведувам. Меѓутоа, песната „Зошто си ме, мајко, родила“ ја сакам многу. Не може да помине концерт без неа и без „Чајорије шукарије“..

Продолжува

1SlaveK2Пишува: СЛАВЕ КАТИН 

ЕДЕН ДЕН СО КРАЛИЦА НА ПЕСНАТА ЕСМА РЕЏЕПОВА – ТЕОДОСИЕВСКА – I ДЕЛ

Илустрираното  монографско дело „55 години Есма со нејзината песна “ на авторот Славе Катин, издадена во 2015 година, на 410 стр страници, во издание на Издавачката куќа „Македонска искра“ и асоцијацијата „Кралицата Есма и Стево Теодосиевски“ од Скопје, а со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија е на македонски, англиски и ромски јазик.

Монографијата е посветенo на амбасадор на ромската песна и македонски музички освојувач на сите меридијани. Име познато и признато, уважено и респектирано во музиката. Вистината за Есма Реџепова – Теодосиевска е една необична, интересна и многу убава приказна, која е облагородена во оваа монографија и со авторовата имагинација, знаење и умеење, Есма е претставена како пример за афирмација на македонската и ромската песна и за Република Македонија.

Овој пат за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе го презентираме интервјуто на авторот на овие редови Славе Катин со Есма Реџепова – Теодосиевска од 1 ноември 2014 година. Тогаш во „Домот на хуманоста и Музејот на музиката на Есма и Стево Теодосиевски“ водевме разговор со музичката ѕвезда Есма Реџепова-Теодосиевска, Кралица на песната, национален и истакнат естраден уметник и хуманист, позната и призната македонска и ромска интерпретаторка.

Инаку, во нејзиното семејство песната, музиката и фолклорот беа секојдневно присутни и беа дел од семејната традиција. Ја нарекуваа Кралица на ромската песна, жената која со својата неверојатна интерпретација ги урна музичките бариери во светот. Таа беше големата пејачка, чиишто концерти беа распродадени неколку месеци однапред.

Поради својата хуманост, беше номинирана за Нобеловата награда за мир, имаше одгледано и здомено 47 момчиња, и испеано многу хуманитарни концерти. Велеше дека е најсреќна дома, во својата Македонија.

Според признанијата и успесите што ги имаше постигнато, Есма Реџепова – Теодосиевска веројатно беше најуспешниот македонски естраден уметник на сите времиња. А, доколку навлеземе малку подлабоко во нејзиниот приватен и интимен живот ќе сфатиме дека таа беше нашата втора Мајка Тереза.

Таа беше целосно поддржана од Светската организација на Ромите, од македонските и меѓународните лајонс-клубови и од 50 невладини, хуманитарни организации од областа на културата, уметноста, естрадата, хуманитарноста, женските движења и други асоцијации во Македонија и од балканските земји. Есма Реџепова-Теодосиевска беше лидер со нејзините севкупни хумани, добротворни, културни, уметнички и други остварувања посветени на мирот, човекољубието, толеранцијата и разбирањето меѓу народите и земјите, без разлика на нивната национална, етничка и верска припадност. Затоа и била номинира за еден од кандидатите за Нобелова награда за мир.

Во интервјуто, меѓу другото,  на одреден начин се потсетуваме на нејзиното минато кое беше исполнето со интересни мигови за еден врвен естраден уметник, како Кралица на ромската песна. Разговаравме за животот, делото, постигнатите успеси и сѐ она што го прави тој уметнички трон да биде огледало на музиката, на љубовта кон песната и на сѐ она што беше одлика на еден голем музички уметник кој постигнал врвни резултати во земјата и светот. Есма на достоен начин ја афирмираше македонската, ромската и другата музика, а со тоа и Македонија преку неа да биде позната и призната ширум светот.

Започневме со прашања од нејзиниот почеток до денот кога го водевме интервјуто со Есма како врвен, познат и признат естраден уметник.

КАТИН:  Вие сте Ромка од Скопје, како што велите  самата, воспитана сте од Вашиот починат сопруг Стево Теодосиевски, со кого го обиколивте светот и го ширевте сознанието за Скопје, за Македонија… Какви се вашите спомени за тоа време?

1del1234567899 

Есма со семејството

Есма Реџепова: Со Стево Теодосиевски се запознав веднаш после мојот настап на манифестацијата за млади таленти „Микрофонот е Ваш“. На тоа натпреварување јас бев претставник на моето училиште „Гоце Делчев“, додека, пак, Стево во тоа време работеше како корепетитор за народна музика во Радио Скопје. Откако победив, Стево дојде во мојот дом и бараше согласност од моите родители за да може да станам член на Ансамблот „Теодосиевски“. 

Тие се договорија Стево да ме школува и да се грижи за мене до моето полнолетство. Стево вложи премногу во мојата кариера. Тој ме подучуваше на овој стил на пеење, јас сум негов производ и за сè што сум постигнала на професионален план му должам токму нему. Штом почна нашата соработка веднаш почнаа концерти, најпрво низ Македонија, а за кратко време станав многу популарна во цела поранешна Југославија и пошироко.

Стево Теодосиевски се договори со моите родители да ме школува до 18 години, а неговата мајка Параскева, која јас ја викам втора мајка, продолжи да ме воспитува.

КАТИН:  Каков беше Стево во приватниот живот? 

Есма Реџепова: Многу ми е мило да кажам дека во приватниот живот Стево беше многу мирен човек, исклучително внимателен како сопруг. Накусо кажано, тој беше глава на семејството и се грижеше за сите обврски во домот, освен за кујната и за готвењето. Секогаш се трудеше да ми биде убаво и ништо да не ми недостасува. Најболни и најтешки беа последните денови поминати со него. Знаеше од што боледува и знаеше дека набргу ќе дојде разделбата меѓу нас. Тие денови ги минувавме заедно.

Не сакав да поверувам дека болеста ќе го оттргне од мене. Ми беше многу тешко. Сакав да заминеме заедно. Тој го знаеше тоа. Ме молеше да не размислувам така. Со тивок глас ми велеше: „Ти ќе продолжиш таму каде што застанавме заедно, затоа што ако ти престанеш да пееш, јас навистина ќе умрам, а додека ти ги пееш моите песни јас вечно ќе живеам“. Тој аманет ме врати во живот и продолжив да работам исполнувајќи ја најголемата желба на мојот сопруг, Стево.

КАТИН: Се навршија 55 години дружење со песната, можете ли да ни евоцирате малку спомени, да нè потсетите на Вашите почетоци?

Есма Реџепова: Почнав да пеам како дете, на 11-годишна возраст во емисијата „Микрофонот е Ваш“. Тоа беше една многу популарна емисија на Радио Скопје. Директорот ми рече да пеам, но јас се плашев дека татко ми нема да се согласи. Но откако директорот на Радиото разговараше со него, тој ме пушти и јас освоив прво место со песната „Чајорије шукарије“.  Тогаш почна мојата кариера, а кога имав 12 години, во цела Југославија веќе беше популарна песната „Чајорије шукарије“.

Потоа, Стево Теодосиевски се договори со моите родители да ме школува до 18 години, а неговата мајка Параскева, која јас ја викам втора мајка, продолжи да ме воспитува. Така ми почна кариерата. Се преселивме во Белград и почнавме да правиме кариера во Европа, во светот. И ете, сѐ уште дишам, жива сум, пеам… Многу ми е жал што Стево не го дочека ова. Тој не е веќе меѓу живите, но неговата песна живее во целиот свет. На сите концерти ги пеам неговите композиции – „Милке, душо“, „На сред село тапан чука“, „Зошто си ме мајко родила“ и многу други, кои веќе се обнародија.

КАТИН: Денес после 55-годишна работа на естрадата, кога би требало да ги сублимирате сите настапи, подеми и падови и приватно и професионално, какви се Вашите размислувања за овој долг период?

Есма Реџепова: Навистина, горда сум што можам да се пофалам со толку долга и успешна музичка кариера. Ова е редок јубилеј, кој им го посакувам на сите мои колеги. Навистина, убаво е некој да може толку долго да се одржи на светската музичка сцена. На професионален план, во текот на овие 55 години постигнав многу, всушност, го достигнав врвот и долги години се одржувам таму.

Се закитив со многу награди и признанија, но, сепак, некако најдраги ми се титулите: „Кралица на ромската музика“, „Примадона на европското пеење“, „Милениумска пејачка“,како и номинацијата на Националното радио на САД кога бев избрана во 50 најдобри светски вокали на сите времиња. За да се постигне тоа, потребно е многу одрекувања и целосна посветеност на работата.

Во приватниот живот, како што многу наши пријатели го потврдиле тоа, бев добра сопруга, домаќинка, мајка на нашите 47 синови и една ќерка. Секако, дека приватниот живот е исполнет и со среќа и со тага. Имаше моменти за кои мислев дека немам сила да ги издржам, дека нема да можам понатаму, но секогаш наоѓав сила и мотив повторно да се вратам во живот. Тоа беа моментите кога губев блиски членови на моето семејство, но, сепак, најтешко ми беше кога го изгубив мојот Стево. За среќа, во тие моменти покрај мене беа моите деца, кои ми даваа поддршка и заеднички наоѓавме сили да продолжиме понатаму.

КАТИН:  Може слободно да се каже дека Вие сте музички амбасадор на Македонија. Покажавте дека музиката може да ги урне сите бариери, и музички, и јазични, и верски. Како успеавте во тоа? 

Есма Реџепова: Навистина, на моите концерти сакав да ја афирмирам мојата Македонија. И тоа го чинев преку песната. На моите концерти собирам луѓе од различни вери. Еве, на пример, во Холандија, која е мешана, во Англија, во Америка, на моите концерти доаѓаат различни луѓе.

Мене, како глас, како интерпретација ме прифаќаат сите во светот и ме сакаат зашто јас сум специфична пејачка, нема таква во светот. Ме нарекуваат Кралица на ромската песна и можеби тоа е причината. Знаете, луѓето сакаат да го слушнат она што не можат да го слушнат никаде на друго место. Можеби и затоа моите концерти во светот се распродадени и по пет-шест месеци однапред.

Продолжува

1SlaveK2Пишува: СЛАВЕ КАТИН