Писмена честитка по повод денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј

По повод денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, претседателот на Македонската Алијанса, господинот Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упаќа следната честитка:

Почитувани,

Дозволете ми во свое име и во име на Македонската Алијанса искрено да ви го честитам денот посветен на св. Кирил и Методиј, сесловенските просветители кои со својата животна посветеност и дела постигнаа неверојатен цивилизациски напредок, не само во својата родна грутка Македонија, туку и за сите словенски народи.  

Во овој период на безобразно растргнување на Македонскиот идентитет нека делотот на сесловенските просветители биде потсетник за тоа колку нашата псименост и посебност се важни за нашето општество.

Браќа Македонци говорете го нашиот јазик и користете кирилица во сите форми на вашето изразување, бидејќи само така можеме да се бориме со оние кои решиле целосно да не редефинираат.

Нека ни е среќен празникот!

 

 

                                                                                   МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

                                                                                            Претседател,

                                                                                    Ѓорѓија Џорџ Атанасоски