Алаѓозовски: Над 20 објекти од културата прокиснуваат, меѓу нив и зградата на „Танец“

Прокиснување на зградата, обнова на инструмените, чување на дел од народните носии, како и изработка на копии на работните носии, се меѓу проблемите на НУ-Ансамбл за народни игри и песни „Танец“, кои денеска му беа предочени на министерот за култура Роберт Алаѓозовски, за време на неговата посета на институцијата.

Министерот Алаѓозоски истакна дека како Министерство и како Влада имаат заложба да ги решаваат проблемите и да ги подобрат условите во кои творат уметниците и затоа, вели, нема да се работат големи капитални проекти, туку ќе се фокусираат на реконструкција на постојните институции.

– И покрај тоа што и овој објект е нова зграда, односно доградба, бил оставен недовршен. Дел од зградата е без покривна конструкција поради што повторно има протекување кое што ги оштетува работните простории и ако не преземеме нешто ситуацијата ќе се влоши. Во таа смисла ние правиме приоритети на санација на објектите и очекуваме дека и овој проблем брзо ќе го решиме, рече Алаѓозоски.

Досега, додаде Алаѓозососки, преку 20 институции пријавиле проблеми со прокиснување, кои ќе бидат разгледани од Комисија на Министерството на терен, како и предлог – проектите за нивна санација по што ќе се решаваат по критериумот на ургентност и приоритет и во зависност од буџетеските средтва. Доколку буџетот е во добра финансиска кондиција, веќе во 2018 година ќе се пристапи и кон санирање на проблмеите во „Танец“.

Директорот на „Танец“, Стојанче Павловски, изјави дека иако имале нови вработувања, сепак, секогаш имаат потреба од млад кадар, поради повредите кај играорците кои се случуваат во текот на работата. Во однос на инструментите, додаде, се доста застарени и треба да се обноват.

– Потребни ни се нови инструменти, материјали за нивно тековно одржување. Контрабасот ни е во очајна состојба и сега за концертот позајмуваме контрабас, вели Павловски.

Ансамблот за народни игри и песни „Танец“ брои 86 вработени, располага со годишен буџет од околу 50 милиони денари. На 18 декември во МОБ ансамблот ќе го одржи традиционалниот предновогодишен концерт