Министерот за економија Крешник Бектеши денеска учествува на конференцијата „Investment prospective: Western Balkans“ во организација на Бугарското претседателство со Советот на ЕУ и Бугарскиот форум за бизнис лидери, која се одржува во рамки на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија.
За време на престојот, Бектеши ќе оствари билатерална средба со министерката за туризам на Република Бугарија Николина Ангелова, а ќе учествува и на состанокот на премиерот Зоран Заев со главниот извршен директор на Светска банка, Кристалина Георгиева.