Објавен конкурс за Школата за млади лидери на претседателот Иванов

Објавен е конкурсот за 9.Меѓународна обука за млади лидери, што под покровителство на претседателот Ѓорге Иванов, ќе се одржи од 20 до 31 август во Охрид.

Годинашната тема на школата е „Инспирирање и развој на исклучителни млади лидери“.

– Програмата е наменета за млади луѓе со завршено високо образование кои имаат желба преку нивните лидерски вештини да придонесат за позитивен развој на општеството и околината во која живеат и работат, соопшти денеска Кабинетот на Претседателот.

Како што се наведува во објавениот конкурс, програмата на школата опфаќа предавања и практични вежби за лидерство, со еминентни предавачи од земјава и од странство, а наставата се одвива на македонски и на англиски јазик.

На конкурсот, што е отворен до 23 мај, може да учествуваат сите млади од Македонија и наши иселеници што живеат во странство. Условите за конкурирање, предвидуваатапликантите да имаат одлично познавање на англиски јазик, да имаат просек, еднаков или поголем од 8,5 на додипломските студии, а работното искуство од минимум една годинаќе се смета за предност. Апликацијата, што треба да се достави до Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, треба да содржи биографија, кратко мотивациско писмо, копија од уверение за положени испити, потврда за напреден степен на познавање на англиски јазик и две препораки.

Школата за млади лидери првпат беше организирана во август 2010 година во Охрид. Во изминатите осум години во школата учествуваа 320 млади луѓе со различна академска и професионална определба . Учесниците на досегашните школи се организирани во Алумни асоцијација – ИСЛАА, регистрирана како посебно здружение, кадешто преку организација на семинари, панел дискусии, предавања и учества во младински настани, продолжува развојот на знаењата и вештините на досегашните учесници на школата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *