Во домот на култура „Илинден“ во општина Илинден вечер ќе биде отворена 19. Литературна манифестација „Илинден 2018“.
На отворањето ќе биде промовирана книгата „Триптих за Македонија“ од Раде Силјан, а ќе ја претстави писателот Ефтим Клетников. Во музичкиот дел од отворањето ќе настапат Марјан Јанкоски и „Портал“.
Манифестацијата ќе трае до 19 мај и ќе опфати повеќе културни настани – промоции на книги, портрети и средби со писатели, изложба, како и традиционалното Литературно матине на кое ќе настапат повеќе писатели за деца и млади.
Централен настан годинава ќе биде поетскиот митинг „Стихови за душата“ на 18 мај, со учество на триесетина писатели од Македонија и странство.