Кафе-дебата „Визијата за Европа 70 години по Конгресот во Хаг“

Кафе-дебата на тема „Визијата за Европа 70 години по Конгресот во Хаг“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Европското движење во Република Македонија .

На темата, како што најавуваат организаторите, ќе дебатираат вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, Амбасадорот на Франција во Република Македонија Кристијан Тимоние, претседателот на Француското европско движење Ив Бертончини, професорот и политиколог  Нано Ружин, како и претседателката на Европското движење во Република Македонија Милева Ѓуровска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *