Пратеничката Татјана Прентовиќ денеска и утре ќе учествува на Седница на Комисијата за соработка и развој на Парламентарното собрание на Франкофонијата во седиштето на ФАО во Рим.
Прентовиќ е член на Делегацијата на Секцијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Франкофонијата.
Во агендата на оваа седница се повеќе теми. Ќе се дебатира за дигиталната и економската франкофонија, безбедноста на храната во земјите на франкофонскиот простор, информатичка поддршка на земјоделството, активностите на француската агенција за развој, активностите на Светската банка во областа на економскиот развој.
Ќе се разговара и за франкофонскиот простор, следење на економската стратегија на Франкофонијата, примена на информатичките технологии во полза на одржливо земјоделство, здравствените системи во франкофонскиот простор, следење на меѓународните трговски преговори водени во рамките на СТО.
На учесниците на оваа седница ќе се обрати Жак Крабал, парламентарен генерален секретар на Парламентарното собрание на Франкофонијата, претставници на Организацијата за храна и земјоделство на ОН, Монсеф Фолен, експерт за економија и одржлив развој во МОФ, Бенуа Шарет, известител од Канада, Ндула Тиам, известител од Мали и бројни експерти.