Прв пат по четири месеци македонскиот репрезентативец од редовите на Леванте, Енис Барди, беше стартер во поставата на Пако Лопез и тоа можеби на натпревар од кој зависеше опстанокот во “Примера”. Му се оддолжи на најдобар можен начин, постигнувајќи два идентични гола за само две минути и направи пресврт во резултатот против Атлетик Билбао и тоа на гостувањето на стадионот “Сан Мамеш”, каде Атлетик е неприкосновен. Се друго беше техника.
-Енис Барди е момче кое сака да направи многу работи во фудбалот. Тој поседува голем талент и јас често и многу разговарам со него. Му објаснувам дека треба уште многу да работи. Тој знае дека имам огромна доверба во него. Станува се подобар и во контекст на тоа неговата минутажа ќе се зголемува-изјави Лопез.
Инаку на 4 кола до крајот на првенството, Леванте има 9 бода предност пред Ла Коруња која е во зоната на испаѓање.