Германскиот шампион, Баерн Минхен, ја одреди цената за “слободата” на полскиот интернационалец, Роберт Левандовски. Иако пред извесно време, “баварците” соопштија дека полјакот не е на продажба, на негово инсистирање тие одредија цена за која би го пуштиле да си замине. Имено, откупната цена на договорот на Левандовски изнесува 100 милиони евра. Меѓу клубовите кои посакуваат да го видат во своите редови се Реал Мадрид, Манчестер ј., Челзи и ПСЖ. И самиот Левандовски најави дека сака нов предизвик и дека сака да си замине од Баерн.
Левандовски во баерн дојде во 2014 година од редовите на Борусиуја Дортмунд. Досега во овие три години одигра 187 натпревари и постигна 145 гола. Инаку договорот на Левандовски и Баерн е со важност до 2021 година.