Соопштение за преговорите Димитров-Коsијас во Охрид

Почитувани,

Во врска со новата преговарачка средба меѓу шефовите на дипломатиите Никола Димитров и Никос Коsијас во Охрид, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го соопштува следното:

Владата на Зоран Заев и Никола Димитров и покрај серијата понижувања со преименувањето на аеродромот и автопатот, освен добри дипломатски манири не добива ништо за возврат од Грчка страна. Средбата во Охрид потврдува дека Грција нема намера да се откаже од своите уцени, за што сведочи и ставот на лидерот на Грчката опозиција Киријакос Мицатокакис, кој јасно порача дека без променет Устав и отстранет од нив замислениот Македонски иредентизам, не е можен договор.

Македонската Алијанса ја повикува Владата да престане со понижувањата. Прекривањето на симболот на сонцето од Кутлеш во хотелот каде преспа Коsијас е срам и дно за надворешната политика! Што е следно? Да не ветиле Заев и Димитров дека Македонија нема да ја победи Грција во квалификациите за Европското првенство во ракомет?

Бараме транспарентност! Има ли Владата план Б за преговорите или влета во Грчката замка за директни  преговори ризикувајќи го стратешки важното покровителство на ООН? Кој ќе понесе одговорност доколку пропаѓањето на директни преговори оди на штета само на Македонија? Зошто Заев и Димитров самите ја загрозуваат Времената Спогодба? Ако актуелните функционери не се способни да се изборат за Татковината и сопствениот народ, тогаш нека си дадат оставка и нека заминат веднаш. Има кој поседува храброст и знаење за тоа како се штитат Македонските национални интереси.

БАРАМЕ ИТЕН ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ! ДА ГИ ЗАЧУВАМЕ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ!

Македонската Алијанса уште еднаш потсетува дека  единствен суверен владетел на Македонското име и идентитет е само Македонскиот народ. Ниту една Влада нема мандат да влегува во авантури за сметка на иднината на Татковината. Силно сме уверени дека единствен правилен против одговор на Грчките уцени е да се прекинат преговорите се додека не се обезбеди спроведување на пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг и брзо членство во НАТО. Меѓународната правда мора да важи за сите!

 

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Претседател, 

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *