Македонскиот тенор Благој Нацоски, придружуван од пијанистката Јанинка Невчева, вечер во 20 часот ќе одржи соло-рецитал на големата сцена на Македонската опера и балет.
На рециталот насловен „Sole e Amore“ или „Сонце и љубов“ ќе бидат изведени композиции од повеќе познати автори: Винченцо Белини, Реиналдо Хан, Џоакино Росини, Џакомо Пучини, Франческо Паоло Тости и Бенџамин Бритн.
Во сите соло песни ќе преовладуваат токму љубовта и сонцето, односно со претежно весел карактер, кој буди оптимизам кај слушателот. Циклусот „Венеција” од Рејналдо Хан, ќе биде изведен за првпат во Македонија.