Рецитал „Сонце и љубов“ на Благој Нацоски во МОБ

Македонскиот тенор Благој Нацоски, придружуван од пијанистката Јанинка Невчева, вечер во 20 часот ќе одржи соло-рецитал на големата сцена на Македонската опера и балет.

На рециталот насловен „Sole e Amore“ или „Сонце и љубов“ ќе бидат изведени композиции од повеќе познати автори: Винченцо Белини, Реиналдо Хан, Џоакино Росини, Џакомо Пучини, Франческо Паоло Тости и Бенџамин Бритн.

Во сите соло песни ќе преовладуваат токму љубовта и сонцето, односно со претежно весел карактер, кој буди оптимизам кај слушателот. Циклусот „Венеција” од Рејналдо Хан, ќе биде изведен  за првпат во Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *