Македонската православна црква, како и другите православни цркви што дејствуваат во Австралија, има своја Епархија што е значајно духовно и културно просветно тело. Таа треба да ги штити, да ги организира и да ги афирмира сите македонски црковно-патриотски интереси и потреби, овозможувајќи им на македонските доселеници од сите делови на Македонија да ја чувствуваат националната и црковната слобода. Епархијата обезбедува услови за сѐ поголема афирмација на целокупното културно наследство и современиот напредок на македонскиот народ.Тоа е потврдено и од австралиската влада, која Македонците ги смета за одделен народ со свој национален идентитет и со големи заслуги за културниот развој и на другите народи и претставува жив мост за пријателските односи меѓу Македонија и АвстралијаСпоред делото на авторот на овие редови „Македонските православни црковни општини во Австралија, Канада и САД“, „Нова Македонија“ 1991 година, Австралиско-македонската црковна епархија е формирана со одлука на Светиот архиерејски синод на МПЦ со цел да ги продлабочи врските и да ја јакне љубовта меѓу македонсктие доселеници во Австралија со Татковината и со Црквата.Во почетокот беше заедничка за САД, Канада и Австралија, како Американско-канадска – австралиска црковна епархија, кога во 1969 година, за прв архиереј на заедничката епархија беше избран митрополитот г. Кирил.Од есента 1981 година, за архиереј на австралиската епархија е избран митрополитот г. Тимотеј, во која меѓу другите, потпретседатели биле познатите исленици: Васил Мојанов, Ристо Алтин, Коста Радин, Ванчо Неделковски и други. Од 1995 година, надлежен архиереј за Австралиската епархија беше избран митрополитот Петар, Денес во Австралија има две епахии: Австралиско-новозеландска и Сиднејско- австралиска епархија).Седиштето на Австралиската епархија се наоѓаше во Мелбурн во државата Викторија, каде што постојано има архиерејски заменик. Меѓу нив биле тогашниот повардарски митрополит Михаил, кој потоа беше поглавар на Македонската православна црква; а потоа свештениците Методија Лазаревски и Ѓорѓија Кацарски, Раде Атанасовски, Спасе Стефановски, и многу други кои заедно со членовите на црковните општини играат огромна улога во афирмирањето на црквата и нацијата.Првата канонска визитација на Австралија ја изврши во почетокот на 1969 година, заедно со митрополитот дебарско-кичевски г. Методиј. Таму посетуваат голем број македонски цркви и црковни општини. Инаку, со Австралиската епархија, која во 1974 година е одвоена од Американско-канадската епархија, митрополитот Кирил активно раководи до 1982 година.Притоа, со одбран тим на свои најблиски соработници ги изработува првата епархиска конституција со експозе и новите правилници, со кои македонските црковни општини ќе се усогласат со светите канони и новиот Устав на МПЦ-ОА. Според нивното слово ќе бидат формирани и раководени новоизградените македонски православни цркви.По враќањето од Австралија, врши обемни подготовки за посета на Канада и САД. Во канадската метропола Торонто, каде македонската етничка заедница е најбројна, заедно со ѓаконот Александар Цандовски ќе им биде нивното седиште и тука се преземени темелни потфати за формирање на првите органи и тела на Американско-канадско-австралиската македонска епархијата.Така, во 1969 година заминува за Канада, со седиште во Торонто, со цел да ја организира прекуокеанската Американско-канадската епархија. Потоа на 10 август 1969 година, во катедралниот храм “Свети Климент Охридски Чудотворец” – во Торонто, со величествени свечености е извршено неговото востоличување во епископскиот Светиклиментов трон на Американско-канадско-австралиско- македонската православна епархија од страна на неговото високопреосвештенство митрополитот дебарско-кичевски Методиј.Во текот на две и половина децении, митрополитот Кирил ќе одигра голема духовна и национална улога, особено во Американско-канадско-македонската епархија, оттргнувајќи десетици илјади Македонци од српските, грчките, бугарските и други цркви, со цел да доаѓаат во македонските православни храмови. На тој начин е спречена натамошната асимилација и денационализација на македонскиот православен народ на тие американски простори.Кога во 1971 година, во МПЦ беше востановена и Полошко-кумановската епархија, митрополитот Кирил беше избран за нејзин администратор со сите права и должности кои произлегуваат од Уставот на МПЦ-ОА, за потоа, во 1987 година да биде назначен за Полошко-кумановски митрополит.Неговото архипастирствување со оваа Епархија беше крунисано со најголем успех преку возвеличувањето на Шар Планина, со изградбата на манастирот посветен на “Свети Наум Охридски Чудотворец”, на надморска височина од околу 1.000 метра.Од 1996 година митрополитот Кирил беше претседател на Хуманитарната организација “Милосрдие” при МПЦ-ОА, која за негово време имаше обезбедено храна, лекови, медицински помагала, разни апарати и друга помош во вредност од десетина милиони евра. Помошта се распределува на најбедните, гладните, изнемоштените, на селски и други помали амбуланти, деловни центри и асоцијации во РепубликаМакедонија на кои им е најпотребна. “Милосрдие” најголемиот хуманитарен дострел го потврди во војната во Република Македонија 2001-2002 година, кога помошта за загрозеното население значеше елементарен опстанок.Митрополитот господин Кирил целиот свој живот го посвети на духовно-црковното, националното, културното, односно на сестраното единство на македонскиот народ во Татковината, и во дијаспората. Американските, канадските и австралиските власти, следејќи ги и согледувајќи ги големите успеси на македонските иселеници од сите делови на Македонија, предводени од нивниот митрополит Кирил, кој заедно со своето свештенство, секогаш ги ориентираше како Македонци да бидат лојални граѓани на тие држави, како нивни втори татковиниМитрополитот г. Кирил беше прогласен за почесен граѓанин во повеќе од 15 града во САД и во Канада и во неколку града во Австралија. Исто така, во Република Македонија тој беше добитник на повеќе признанија, плакети, како и на Орден заслуги за народ.Тој како надлежен на Полошко-кумановската епархија почина на 79- годишна возраст на 11 јуни 2013 година. Си отиде без најава, без да речеш збогум. По негова желба и со оставена порака кај авторот на овие редови како негов биограф, неговите посмртни останки се погребани во манастирот „Свети Ѓорѓи“ во Дељадровце, Кумановско.Таму е неговото вечно почивалиште. Меѓутоа личностите како митрополитот Kирил не умираат, тие остануваат за навек во мислите и молитвите. Неговото име и дело ќе останат вечни за Македонската православна црква – Охридска архиепископија, за Американско-канадско-австралиско-македонската епархија на МПЦ-ОА, за Полошко-кумановската епархија, за Македонците од етничка Македонија насекаде во светот и за Република Македонија.ПродолжуваПишува: СЛАВЕ КАТИН |