Моралниот суд – Македонска вистина е здружение на видни Македонци за одбрана на македонизмот, македонското име, јазикот, културата, религијата и постоењето на македонската нација како рамноправна ачленка меѓу народите и државите во светот.
Моралниот суд на Македонија е формиран во август 2022 година во состав: Ефтим Клетников, претседател и членовите Дардан Венетски, Сотир Костов, Цветан Гавровски, Нестор Огинар и Валери Стефановски, како народен суд против аморални антимакедонски акти на поединци и институции во државата Македонија и светот.
Инаку, претседателот на оваа значајна македонска патриотска организација Ефтим Клетников е македонски поет, книжевен и ликовен критичар, есеист и преведувач, познат во Македонија и пошироко. Исто така и другите членови на Моралниот суд се познати и признати личности со патриоотски дух и продолжувачи на вистината за за Македонија кај идните генерациите..
Основна цел на Моралниот суд на Македонија е утврдување морална одговорност на носители на јавни функции за тешки кривични дела протрив државата Македонија и Македонската народ – велепредавство, геноцид и злосторство против човештвото.
Моралниот суд на Македонија првата морална пресуда ја изрече и обзнани на 10 мај 2023 во Скопје против Зоран Заев и Никола Димитров поради промена на името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ.
Моралниот суд на Македонија втората морална пресуда ја изрече и обзнани на 12 октомври 2023 во Скопје против македонскиот дел од македонско-бугарската меѓувладина експертска комисија за историски и образовни прашања за ревизија на македонската историја, отфрлајќи ја нејзината работа како ништовна како антидржавна, антиисториска и антимакедонска.
Моралниот суд на Македонија при Македонскиот манифест на 30 мај 2024 година ја објави третата морална пресуда за бруталното и нехумано судење и драконските казни на лицата кои на 27 април 2017 година влегоа во Собранието во одбрана на Уставот и демократијата. Судот е на мислење дека ова е политички процес кој ги загрозува македонските национални интереси и угледот на земјата во светот
Така, Моралниот суд – Македонска вистина на својата седница одржана на ден 20 мај 2024 година врз основа на Основите, Целите и Правилата за организирање и функционирање на Судот, заклучи дека треба да донесе морална пресуда и јавно да го соопшти својот суд во врска со скандалозното и селективно обвинение и уште поскандалозното, селективното и нехуманото судење и осуда на 16 македонски патриоти, учесници во настаните од 27-ми април 2017 година.
Затоа, Моралниот суд – Македонска вистина е на мислење дека ова е инкриминирано дело сторено од Јавното обвинителство и Судот во спрега со политички и полициски структури, заради создавање услови кои треба да овозможат остварување зацртани политички цели. Обвинението е подигнато од Вилма Русковска, а пресудата е донесена од судскиот совет на Кривичниот суд Скопје I со кој преседаваше судијата Добрила Кацарска.
Улогата на Моралниот суд – Македонска вистина е да расправа за суштината, значењето, околностите, последиците и нанесената штета врз македонската демократија, врз владеењето на правото и заштитата на правата на граѓаните. Потоа да се заштити загрозениот и повредениот автентичен национален македонски идентитет на целиот македонски народ, како и личното право на национален и личен идентитет на секој Македонец посебно.
Исто така, Моралниот суд се бори да се заштитат националните (колективни и лични) вредности од аморалните чинови и акти, кои во суштина се срамен идентитетски геноцид. Моралниот суд – Македонска вистина морално ќе ги осудува злоупотребите, пречекорувањата и неправилното извршување на овластувањата, должностите и одговорностите на носителите на државни и јавни функции.