Честитка по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден до сите Христијански верници во Република Македонија кои се водат по Грегоријанскиот календар

Почитувани,

Претседателот на Македонска Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, по повод големиот Христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до Бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов, и до сите христијански верници во Република Македонија кои се водат по Грегоријанскиот календар:

Со особена радост и задоволство во пресрет на празнувањето на најголемиот христијански празник Христовото Воскресение – Велигден, дозволете ми на православните верници кои се водат по Грегоријанскиот календар во земјата и во странство, од името на Македонската Алијанса и од мое лично име да го честитам Велигден и да Ви посакам здравје, благодет и спокој во секој дом и во сечие срце.

На сите верници од Католичка вероисповед им посакувам пријатни празнични денови!

 

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Претседател, 

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски