Вицепремиерката Грковска на молитвениот појадок во Вашингтон

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска која е во посета на Соединетите Американски Држави, денеска ќе присуствува на традиционалниот молитвен појадок во Вашингтон.

Во рамки на посетата на САД, вицепремиерката Грковска ќе има средба и со заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, како и со Брус Шварц, заменик-помошник на Јавниот обвинител на САД.  Предвидени се средби и со високи претставници на Меѓународната програма за лидерство на Стејт Департментот и на Бирото на УСАИД за демократија, човекови права и управување.

Вицепремиерката Грковска во Вашингтон ќе учествува на безбедносен форум посветен на штетното кинеско и руско влијание на Балканот, а на посебен настан на Универзитетот Џон Хопкинс, со аналитичарот Едвард Џозеф ќе дискутира на тема „Зошто е толку тешка борбата против корупцијата во мојата земја“.