И Таравари на консултации кај Курти, Ахмети побара од косовскот премиер отворено да каже дали ќе учествува на изборите

Седмите претседателски избори во земјава се закажани за 24 април годинава. Додека партиите се уште ги немаат објавено официјалните кандидати, идејата за претседател Албанец, албанската опозиција, заедно со претседателот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари ја разговарале, како што информираа вчера од Беса, на братска средба во Приштина со косовскиот премиер Албин Курти. Средбата доаѓа и на помалку од 100 дена од единаесеттите парламентарни избори во земјава, за чие праведно и фер организирање е формирана техничка влада, на чело со премиерот Талат Џафери, но се уште во јавноста не е извесно позиционирањето на АА, која во моментов е во владината коалиција, но официјално не се знае како ќе настапи на изборите за новиот парламентарен состав.

Liderët e Lidhjes Evropiane për Ndryshim (LEN), Izet Mexhiti., Bilal Kasami dhe Afrim Gashi dhe kryetari i Aleancës për Shqiptarët, Arben Taravari, sonte në Prishtinë kanë realizuar takim me

Средбата на лидерите на опозицискиот албански блок – Европскиот сојуз за промени, Изет Меџити, Билал Касами и Африм Гаши, како и претседателот на АА, Арбен Таравари со премиерот на Косово, Албин Курти и претседателот на косовското собрание Глаук Коњуфца завчера во Приштина, од Беса ја оценуваат како братска на која, како што велат, било разговарано за новите можности за соработка во насока на унапредување на позицијата на Албанците во земјава и за европската перспектива на државите и најавуваат дека ќе продолжат и во иднина.

Беса, преку соопштение вчера, порача дека сите присутни лидери на средбата со Курти ја посочиле и идејата за претседател Албанец – фигура која, како што се вели во соопштението, ќе го обедини албанскиот фактор во земјава и достоинствено ќе ги претставува сите граѓани на нашата земја.

За средбата соопшти и Кабинетот на Курти, наведувајќи дека имало пријателски разговор за политичките случувања во нивните земји, за новите можности за соработка во насока на унапредување на позицијата на Албанците во земјава и за европската перспективата на државите.

Лидерот на Беса, Касами завчера на неговит Фејсбук профил објави дека средбата со Курти минала во пријателско опкружување, како и дека било разговарано на повеќе теми меѓу кои и унапредување на положбата на Албанците во Северна Македонија.

Претседателот на Движењето Беса Биљал Касами на денешната прес-конференција истакна дека по се што се случило по локалните избори, неопходни се предвремени парламентрани избори што побрзо.

-Во многу пријателско опкружување, разговаравме за политичките случувања во нашите земји, за соработката што ќе придонесе за унапредување на положбата на Албанците во Северна Македонија, економскиот развој на двете земји и факторизацијата на Албанците во регионот. Сите заедно ни претстои голема работа и обврски, објави Касами за средбата на неговиот Фејсбук профил.

Беше објавена и фотографија од средбата на која се наоѓаат лидерите на ЕСП и Таравари со Курти, а присутен е и претседателот на косовскиот Парламент Глаук Коњувца.

-Доаѓа. Доаѓа. Големата промена доаѓа, пишува на објавената фотографија.

Генералниот секретар на Алијанса за Албанците Арбер Таравари вечерва за ТВ 24 Вести изјави дека заедно со Алтернатива идниот понеделник ќе одржат протестен марш со пораката „Доста е“, со цел

Сопартијците на Таравари вчера дадоа различни изјави за неговата средбата со Курти во друштво на албанскиот опозициски блок обединет во Европскиот сојуз за промени.

Додека министерот за здравство Фатмир Меџити изјави дека е во постојна комуникација со Таравари и оти сите средби на АА се јавни, а нејзината единствена цел е европска Македонија, претседателот на Централното собрание на АА, Зијадин Села, за ТВ21 изјави дека Таравари не се координирал со него пред средбата во Приштина.

Министерот за здравство Фатмир Меџити најавуви нови вработувања во здравствениот сектор. Тој рече дека вработувањата ќе следат откако другите здравствени установи под капата на ресорот ќе се

– Партијата никогаш не ги крила своите средби. Значи и кога се среќава со Али Ахмети, со лидерот на ДУИ и со опозицијата, со сите. Тие се јавни, нема што да криеме. Единствената цел на Алијанса и на претседателот Таравари е европска Македонија, изјави Меџити, одговарајќи на прашањето на прес-конфренцијата на вчерашниот настан на Клиниката за урологија.

Села, пак на прашањето на ТВ 21 дали Таравари се координирал со него како Централно собрание во однос на средбата што ја остварил во Приштина, одговорил дека тоа не го направил.

-Не, воопшто. За сите детали обратете се кај претседателот на партијата, изјавил Села.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети, пак, во интервју за косовската телевизија „РТК“, коментирајќи ја средбата рече дека косовскиот премиер треба отворено да каже дали неговата партија Самоопределување ќе учествува на изборите во Македонија, но смета дека на Албанците во земјава не им требаат многу партии.

Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети во интервју за косовската телевизија „РТК“ ја коментира средбата на косовскиот премиер Албин Курти со лидерите на опозициските а

– Нема ништо лошо во запознавањето, но она што го кажа Меџити не се совпаѓа со изјавата на Курти што ја даде во Скопје, во која рече дека Движењето Самоопределување не учествува на овие избори. Ако има стратегија да се камуфлираат работите, не е добро, да ги кажеме работите отворено и ништо не не спречува, рече Ахмети.

Прашан дали вклучувањето на Самоопределување на изборите во Северна Македонија ќе влијае на изборните резултати, Ахмети смета дека ќе нема влијание бидејќи, како што вели, „албанскиот електорат е доста дефиниран во Македонија“.

Лидерот на ДУИ тврди дека не е во непријателство со ниту една политичка партија ниту во Косово, ниту во Албанија, ниту во Македонија, но смета оти на Албанците во Северна Македонија не им требаат многу партии.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *