По посетата на Македонија во 1968 година Атанас Близнаков испрати писмо и до весникот ,,Нова Македонија”, објавено под наслов ,,Меѓу чесните Македонци нема место за лаги и фалсификати”, во кое, меѓу другото, се вели:„Поминаа неколку месеци откако се разделив од моите блиски, пријатели и познати; откако се разделив од македонскиот народ, неколку месеци откако ја напуштив нашата мила татковина, слободна Македонија.Роден сум во југозападниот костурски крај, но јас отидов и бев пречекан во слободна Македонија. Само слободна Македонија ги пречекува македонските иселеници што доаѓаат во Народна Република Македонија, таа ги пречекува македонските иселеници онака како што мајката ги пречекува своите мили чеда.Македонскиот народ од Вардарска Македонија ги стави основите на македонската Народна Република, на Републиката за која се бореа македонските национални движења внатре во Македонија.За овие скапи цели и идеали се бореше и Македонско-американскиот народен сојуз во Америка, дотогаш, до кога некои од раководителите на Сојузот не отидоа во Бугарија, и сега, за своите лични интереси станаа слуги на бугарските национални аспирации и интереси.Секој прогресивен и чесен Македонец во Америка знае што се пишуваше во ,,Народна волја”, органот на Македонскиот народен сојуз во Америка, какви резолуции се донесуваа на конгресите на МАНС, а особено по 1944 година кога сите се радувавме што македонскиот народ од слободниот дел на Македонија, т.е. Вардарска Македонија, го извојува своето национално, социјално и политичко право да зборува на својот македонски мајчин јазик, да се радува и да ја развива својата национална историја и култура.Во борбата против балканските и германските фашисти, македонскиот народ и народностите од Вардарска Македонија, под окрвавеното знаме на Крушевската Македонска Република, македонски борци, во заедница со прогресивните југословенски народи, ја извојуваа својата национална, политичка и социјална слобода, со широки национални и политички права за Македонците и за сите народности во Македонија, и ги поставија основите на македонската народна Република, за која се бореа и илинденските борци, за македонската република за која се бореше Гоце Делчев, Никола Карев, Лазар Поп Трајков, Питу Гули и многу други македонски борци. Но, ќе дојде денот кога и народот од Егејска и Пиринска Македонија ќе зе здобие со правото да се самоопредели во рамките на балканското единство, за слобода, братство и мир меѓу сите балкански народи.Затоа нема и не може да има вистинско пријателство и мир меѓу балканските народи, додека праведно не се реши македонското национално прашање, а за да се реши праведно, балканските државници треба да се откажат од асспирациите кон Македонија, да ги отфрлат сегашните големобугарски и големогрчки фалсификувани истории за македонското национално прашање.Голема историска неправда е да се одречува народ, кој ја создаде азбуката и ги стави темелите на историјата и културата на сите словенските народи, и таа наука, историјата и културата ги зачува словенските народи од претопување и обезличување!Јас верувам дека е долг на секој Македонец, а особено на нас постарите, што долго време сме биле во македонските национални и политички движења, што знаеме зошто станува антимакедонската кампања, да напишеме нешто за македонското национално прашање и да дадеме објаснување од каде и зошто се појавуват тие пропаганди”, вели во писмото Близнаков.Слично или идентично писмо од Атанас Близнаков е објавено во списанието „Македонија” во бројот 194 од јуни 1969 година.Продолжува Пишува: СЛАВЕ КАТИН |