ТВ СОНЦЕ – ЕДЕН ОД НАЈПОПУЛАРНИТЕ МАКЕДОНСКИ НАЦИОНАЛНИ МЕДИУМИ (21)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ЃОРЃИЈА – ЏОРЏ АТАНАСОСКИ“ ОД СЛАВЕ КАТИ 

Телевизија „Сонце“, како национална сателитска телевизија, за првпат започна со емитување на сопствена  програма во Македонија и во светот на 12.11.2008 година. Нејзин основач е господинот Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, кој ги финансира изградбата и развојот на телевизијата.

Концепцијата и уредувачката политика на оваа ТВ-куќа е да информира за случувањата и политиката на Македонија, кои се базираат врз основната цел – афирмација на македонските национални вредности во Република Македонија, во преостанатите делови на етничка Македонија, па и во целиот свет, поточно секаде каде што живеат и работат луѓе чија етничка и државна припадност ги поврзува со Р. Македонија, и секаде каде што има Македонци – во Европа, во Америка, во Канада, во Австралија.

Телевизија „Сонце“ подоцна креираше програмски концепт што ќе биде во исто време и близок до гледачите, но и автентичен и различен од преостанатата ТВ-понуда. Со својот одлично едуциран кадар, со сопствена ТВ-продукција, оваа телевизија создаде голем број програмски содржини, чии теми ја откриваат вистинската приказна и историја на Македонија.

Од својот почеток телевизијата работи на негување на македонската кауза, а како доказ за тоа е и долгогодишното излегување на светскиот македонски неделник „Македонско сонце“.

Со индивидуални капацитети, но и со чувство за тимска работа вработените ја водат оваа ТВ-станица до зацртаните цели. Затоа денес оваа телевизија има позитивни резултати од истражувањата за гледаноста и рејтингот.

Ориентирана кон сопствена продукција на исклучително квалитетна информативна програма,  како  и  на  историски,  документарни,  политички, детски и други емисии, како, на пример,

„Македонија мајка на светот“ со авторот Дардан Венетски, емисија што достигна врвна гледаност, потоа  емисиите  „Сончевина“,  „Македониум“, „Будење со Јулија“, „Jади бурек“,„Неделен витраж“, „Естрада +“, „Врел костен“,„Спортски агол“, „ТВ-фељтон“, „Меѓу редови“,„Низ призма“ „Бизнис анализи“, „Македонски црковни   светилишта“,   „Македонски   бисери“, „Под лупа“, „ИТ свет“, како и „Најубави бајки“ за најмалите гледачи и многу други секојдневни емисии.

Значи,  ТВ „Сонце“, става акцент на темите што навлегуваат со својата програма, пред сè во суштината на македонската вистина, содржини што ја прават оваа телевизија да биде поинаква од другите ТВ-куќи и да биде во постојана комуникација со своите гледачи во Македонија, но и со нашите иселеници.

Оваа нејзина определеност се чувствува во сите нејзини програмски содржини.

Инаку, телевизијата изигра важна улога во социјализацијата во 20 и 21 век, Taa е телекомуникациски систем за емитување и примање подвижни слики и звук. од големи растојанија. Исто така, овој термин се однесува и на сите аспекти на телевизиското програмирање и пренос.

Според пишаните документи, телевизијата е електронски систем, со помош на кој оптичката слика и звукот се претвораат во електронски сигнали, кои се пренесуваат до приемникот, каде што се претвораат во оптичка слика и звук.

Зборот телевизија за прв пат е употребен во 1900 година, на меѓународен конгрес во Париз, кога се изврши електрично пренесување на слика и на звук. Тогаш терминот „телевисија беше општо прифатен.

Телевизијата стана комерцијално достапна во експериментална форма во доцните 1920-ти. По Втората светска војна, подобрена форма на телевизија беше популаризирана во Соединетите Американски Држави и Велика Британија, а телевизорот стана воспоставен во домовите, бизнисите и институциите. Во текот на 1950-тите, телевизијата стана примарен медиум за обликување на јавното мислење. Во текот на 1960-тите, телевизијата во боја се здоби со популарност во САД и другите развиени земји кои го следеа примерот.

Достапноста на медиуми за складирање како што се VHS (1976), ДВД (1997) и Blu-ray дискови со висока дефиниција (2006) им овозможи на гледачите да користат телевизор за да гледаат снимен материјал како што се филмови и телевизиски програми. На крајот на првата деценија на 2000-тите, со преминот кон дигитална телевизија, популарноста на телевизијата значително се зголеми. Од 2010 година, со појавата на паметната телевизија. Интернет телевизијата доведе до достапност на телевизиски програми на Интернет преку услуги како што се Netflix, BBC iPlayer и Hulu.

2felt2244

Интересно е да се нагласи дека во 2013 година, 79% од домаќинствата ширум светот поседувале телевизор. Замената на гломазните високонапонски дисплеи со катодни зраци (CRT) со компактни, енергетски ефикасни, рамни панели како што се плазма дисплеи, LCD (кои се со флуоресцентно позадинско осветлување и LED) и OLED дисплеи беше значајна хардверска револуција која започна со навлегувањето на потрошувачкиот пазар.компјутерски монитори кон крајот на 1990-тите и набрзо се проширија и на телевизорите во текот на 2000-тите.

По 2010 година, повеќето телевизори на продажба имаат рамен панел, главно LED. Неколку производители на телевизори објавија прекин на производството на CRT, DLP, плазма, па дури и флуоресцентни LCD уреди со позадинско осветлување во средината на 2010-тите. Во блиска иднина се очекува постепено да се заменуваат LED диоди со OLED монитори.[9] Водечките производители исто така најавија дека сè повеќе ќе произведуваат паметни телевизори во средината на 2010-тите. Се очекува паметните телевизори да станат доминантна форма на телевизор до крајот на 2010-тите.

Телевизиските сигнали првично беа дистрибуирани само како копнена телевизија, моделирани според радиодифузните системи. Копнената телевизија користи предаватели кои пренесуваат телевизиски сигнал на дадена радио фреквенција со голема моќност до поединечни телевизиски приемници.

Освен оригиналниот метод на копнена телевизија, телевизиските сигнали се дистрибуираат и преку коаксијален кабел или оптички влакна, сателитски системи и преку Интернет. До почетокот на 2000-тите, телевизиските сигнали се пренесуваа како аналогни сигнали, но наскоро повеќето земји се префрлија на дигитални сигнали, а транзицијата се очекува да биде завршена ширум светот до крајот на 2010-тите.

Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН