За Социјалдемократскиот сојуз на Македонија здравјето на граѓаните е врвен приоритет а почитувањето на законите принцип кој мора да важи за сите.
Одлуката на Владата за раскинување на договорот со концесионерот за рудникот Казандол, поради неисполнети клучни услови, е одговорност пред граѓаните, пред законите, процедурите, здравјето и животната средина.
Оваа одлука е од особена, исклучителна важност за граѓаните од југоисточниот регион на Република Македонија.
Моите, нашите сограѓани, од Валандово, Богданци, Дојран, Гевгелија, први го кренаа гласот. Поддржани од граѓанските невладини организации, граѓаните протестираа и предупредуваа за штетноста на одлуката на поранешната власт и опасноста што ја носи.
Како одговорна партија го слушаме гласот на граѓаните и нивните заложби, коишто беа потврдени и на реферндуми во засегнатите општини.
Создаваме услови за производство на здрава храна во целиот регион и здрав живот за сите.
Со ова се исполнува и дадениот збор пред граѓаните дека нивното здравје нема да биде загрозено и доколку не се исполнат потребните услови рудник нема да се гради.
Здравјето на граѓаните, квалитетната и чиста животна средина се далеку над кој било приватен интерес. Секој граѓанин има право да живее и функционира во чиста и здрава животна средина.
СДСМ останува целосно посветена на зголемување на економскииот раст, заштита на животната средина и здравјето на граѓаните.