Писмена реакција за ставот на Директорот за Заводот за статистика

Почитувани,

Во врска со ставот на Директорот на Државниот Завод за Статистика, Апостол Симевски, кој најави спроведување попис дури во 2020, но без графата за етничка припадност, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

Македонската Алијанса ја повикува Владата да соопшти дали наводно личниот став на Директорот за Државниот Завод за статистика дека следниот попис не треба да ја попишува етничката припадност е став и на Зоран Заев и СДСМ. Како тоа кога се воведува двојазичност  се врзува со наводните 20 проценти на Албанската заедница, а кога ќе треба попис тогаш етничката припадност била стара пописна категорија која била важна само во поранешна Југославија. Срамота!

Попис мора да има и ќе има во согласност со потребите и спецификите на Република Македонија. Доста е веќе од задоволување на уцените на Али Ахмети и ДУИ. Политичките пазари на сметка на сигурната иднина на Татковината нема повеќе да поминуваат. Не може ниту да се отвора прашањето за двојазичност без да претходно да се спроведе попис. И заради Уставот и заради темелните вредности на кој почива Уставниот поредок мора да има попишување на етничката припадност.

ДА ГИ ЗАЧУВАМЕ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ! СТОП ЗА РАЗДАВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАЦИОНАЛЕН ИДЕНТИТЕТ!

Пред следниот попис мора да се дефинираат нови правила. Сметаме дека е најдобро Претседателот на следната Државна пописна комисија да биде лице со висок морален кредибилитет кој ќе предложен од Македонската дијаспора и кој не бил вклучен во претходните срамни политички пазари.

 

 

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Претседател,

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *