30. Министерски состанок на ОБСЕ во Скопје, се очекуваат клучни одлуки за иднината на организацијата

Северна Македонија и главниот град Скопје се домаќини на 30. Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа – ОБСЕ, на кој учествуваат околу 1000 делегати од 57 земји членки на Организацијата и земји партнери.

На најголемиот меѓународно-политички настан организиран во земјава од независноста присуствуваат шефовите на дипломатиите на најголем број од земјите-учеснички на ОБСЕ – САД, Канада, Велика Британија, министри од земјите-членки на ЕУ и на НАТО, од Медитеранот, Блискиот Исток и Централна Азија.

Në Shkup filloi darka joformale e ministrave të Punëve të Jashtme, pjesëmarrës në Këshillin e 30-të Ministror të Organizatës për Siguri dhe Bashkëpunim në Evropë – OSBE, të organizuar nga she

Министерскиот состанок кој што се оджува  во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ официјално ќе го отворат претседателот на Владата на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, претседавачот со ОБСЕ, министерот Бујар Османи и претседателот на Парламентарното собрание на ОБСЕ, Пиа Каума. На отворениот дел од пленарната седница Извештај ќе поднесе генералниот секретар на ОБСЕ, Хелга Марија Шмид. 

На првиот ден предвидени се и два пропратни настани: Потпишување на заедничката изјава за борба против корупцијата во Југоисточна Европа преку враќање на имотот и користење на дигитализација по кој ќе следи и адресирање на влијанието на климатските промени врз човековата безбедност во областа на ОБСЕ. Утре, ќе се одржат три придружни настани на тема „Млади и граѓанско општество“, „Се работи за луѓето – влијанието на теренските операции на ОБСЕ во 2023 година“ и „Зачувување на плурализмот – безбедност на жените новинарки“.

Акредитираните новинари ќе можат да ја проследат и завршна пленарна сесија на Министерскиот совет на ОБСЕ по која ќе следува завршна прес-конференција со претседавачот, министерот за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи, со претстваник на Малта која е следниот претседавач на Организацијата и генералната секретарка на ОБСЕ Шмид.

Министерскиот состанок започна вчера со неформалната вечера на поголемиот број министри, на која тема на разговор беше воената агресија врз Украина и потребата од функционална Организација во време на конфликти и зголемени тензии.

На неформалната вечера присуствуваа и државниот секретар на САД Ентони Блинкен и потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел, кои си заминуваа непосредно по вечерата. Тие се разминаа со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров кој во Скопје пристигна доцна синоќа. 

Средба на Блинкен со Лавров не беше најавена, а и Борел пред доаѓањето изјави дека нема да разговара со рускиот министер за надворешни работи Лавров.

Блинкен во Скопје беше пречекан од премиерот Ковачевски, а имаше средба и со министерот за надворешни работи Османи. На двете средби првиот американски дипломат ја реафирмираше американската поддршка за членство на земјава во ЕУ, го истакна придонесот на земјава како НАТО-сојузник, а го поздрави и успешното претседавање со ОБСЕ.

-Морам да ви кажам колку сме благодарни на вашето претседавање со ОБСЕ во многу тежок период. Завршивте исклучително добра работа, успеавте да ја проширите мисијата на ОБСЕ и покрај значителните пречки. Знам дека бевте подготвени да продолжите, но мило ми е што Малта ја преземе палката, рече Блинкен.

Тој нагласи дека САД силно ја поддржуваат нашата европска интеграција, работата за зајакнување на демократските институции, за поголема енергетска диверзификација во регионот и пошироко,.

-Во сето ова можете да сметате на САД како силен партнер и затоа една од причините поради кои сум тука оваа вечер не е само заради ОБСЕ туку и за Северна Македонија и да покажам колку го цениме партнерството кое го имаме, нагласи Блинкен кој е првиот државен секретар на САД кој ја посетил земјава.

Борел пак на заедничката прес-конференција со Ковачевски порача дека Министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје ќе биде добра прилика министерот за надворешни работи на Русија Лавров, да чуе директно од учесниците зошто Русија е осудена и изолирана, а потоа ќе може да се врати во Кремљ и да пренесе дека ЕУ и ОБСЕ остануваат обединети во осудувањето на агресивното и незаконско однесување на Русија.

Потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел вечерва изјави дека министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје ќе биде

-Вашата одлука да дозволите Лавров да учествува е во согласност со нашата заедничка цел да го одржиме мултилатерализмот жив и Лавров треба повторно да слушне од сите зошто ја осудуваме Русија и зошто ја изолираме. Ова е добра прилика за него да чуе директно од учесниците на овој состанок зошто Русија е осудена и изолирана, а потоа ќе може да се врати во Кремљ и да му каже на господарот на Кремљ дека ЕУ и ОБСЕ остануваат обединети во осудувањето на агресивното и незаконско однесување на Русија. Тоа ќе биде навистина многу корисно од оваа гледна точка, рече Борел по средбата со премиерот Ковачевски. 

Состанокот на ОБСЕ во Скопје решија да го бојкотираат Украина и земјите од Балтикот, поради присуството на Лавров. Ним синоќа им се придружи и Полска. 

– Едноставно не можеме да го игнорираме фактот дека рускиот министер за надворешни работи ќе биде присутен на масата на организацијата која треба да гради мир и безбедност во Европа, рекол полскиот министер за надворешни работи Шимон Шинковски вел Сек.

Министерскиот совет во Скопје ќе го означи крајот на едногодишното претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ. Нов претседавач ќе биде Mалта откако во понеделникот беше постигнат компромис меѓу земјите-членки по ветото од Русија и Белорусија за Естонија.

null

Министрите за надворешни работи во Скопје ќе разговараат и за прашањето на буџетот на Организацијата, како и за мандатите на четворица високи функционери на ОБСЕ, вклучително и германската дипломатка Хелга Шмид како генерален секретар. Нивните мандати истекуваат на 4 декември, а се уште нема договор дали и кој ќе ги наследи, поради забелешките на Русија и Белорусија.

Министерскиот совет на ОБСЕ ќе го следат над 300 новинари од земјава и од странство. Поради одржувањето на министерскиот состанок, со одлука на Владата, вработените во државната и јавната администрација на територијата на градот Скопје вчера работеа до 12 часот, а денеска е неработен ден како за државната и јавната администрација, и за основните и средните училишта на подрачјето на главниот град. Дел од сообраќајниците низ градот по кои ќе минуваат странските делегации и денеска ќе бидат затворени за сообраќај.