ДЕЛ ОД ПРАВИЛАТА НА ФОНДАЦИЈАТА „АТАНАС БЛИЗНАКОВ” (8)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Врз основа на точка 5 од Одлуката на Универзитетскиот совет за формирање Фонд „Атанас Близнаков” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје донесена на 148-та седница од 18.IV.1977 година, Советот на Фондот на седницата од 1. IX.1978 година ги донесе Правилата на Фондот „Атанас Близнаков” при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” – Скопје

Во нив, меѓу другото се вели дека Фондот „Атанас Близнаков” при Универзитетот ,,Кирил и Методиј” во Скопје за стипендирање на студенти кои покажуваат особени резултати во студиите е формиран со Одлука на Универзитетскиот совет донесена на 148 седница од 18.ИВ.1977 година врз основа на лично изнесената желба на Атанас Близнаков, како и врз неговото последно завештание и тестамент.

Седиштето на Фондот ,,Атанас Близнаков” е при Универзитетот „Кирил и Методиј” во Скопје. Задачата на Фондот „Атанас Близнаков” е да помага, по пат на стипендирање студенти кои покажуваат особени резултати во студиите во нивното натамошно образование, стручно оспособување и усовршување.

Основач на Фондот „Атанас Близнаков” е Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје врз основа на желбата на македонскиот сонародник Атанас Близнаков од Гери, Индијана, САД, кој сега живее во Скопје, изразена лично, како и со неговото последно завештение и тестамент.

Со Фондот „Атанас Близнаков” управува Советот на Фондот. Советот на Фондот го сочинуваат тројца постојани членови и тоа: Атанас Близнаков, Димче Стојанов – Мире и Томе Буклески-Маќули од Скопје, како и четворица членови избрани од Универзитетскиот совет. Постојаните членови ќе бидат доживотни членови на Советот на Фондот, а избраните членови со мандат од две години.

По смртта на постојаните членови на нивно место Универзи­тетскиот совет избира нови членови од редовите на општестве­но-политичките работници надвор од Универзитетот. Сите членови на Советот на Фондот „Атанас Близнаков” ќе работат без надоместок.

Советот на Фондот избира Управен одбор од три члена од своите редови. Членовите на Управниот одбор се потписници на документите за располагање со средствата на Фондот. Исплатата се врши со два потписа.

Стипендиите на студентите се даваат за учебните месеци во текот на годината, и тоа од 1 септември заклучно со 30 јули. Фондот има свој печат и штембил, печатот е во форма на круг, во чија средина е амблемот на Универзитетот, а наоколу е испишан следнив текст: Фонд „Атанас Близнаков” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” – Скопје.

Сите средства на Фондот се чуваат во банка со седиште во Скопје и во Чикаго и гласи на име: Фонд „Атанас Близнаков” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” – Скопје.

Средствата потребни за реализација на годишниот фонд од кој ќе се испаќаат стипендиите, ги определува Атанас Близнаков. По неговата смрт годишниот фонд за стипендирање ќе го определува Советот на Фондот. Годишниот фонд за исплаќање на стипендиите на студентите се формира само со приходите добиени како камата од средствата на Фондот.

Советот на Фондот „Атанас Близнаков” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје доверениот имот нараснат, недистрибуиран и приходите од имотот ќе ги држи континуирано и ќе го користи само за доделување стипендии на студенти кои покажуваат посебни резултати во студиите.

Сите административно-технички и финансиски работи во врска со користењето на средствата од Фондот „Атанас Близнаков” ќе ги врши Работната заедница на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.

Од средствата на Фондот „Атанас Близнаков” се доделуваат стипендии на вредни и талентирани студенти кои покажуваат резултати во стидирањето како признание и стимулација во нивната натамошна работа. Изборот на стипендистите се врши по пат на конкурс, а врз основа на единствени критериуми.

Советот на Фондот „Атанас Близнаков” кога донесува програма за остварување на целите за кое е формиран Фондот, утврдува за колкав број студенти, за кои факултети, односно научни области ќе бидат доделени стипендиите во учебната година и висината на стипендиите во сообразност со административните критериуми за стипендирање.

Единствените критериуми за избор на стипендисти се: способност и успех на студентите; потекло од работнички семејства и материјалната положба на семејствата на студентите; други критериуми утврдени со конкурсот за доделување стипендии од Фондот. Стипендиите можат да се доделуваат само на оние кандидати кои немаат стипендија или кредит по некоја друга основа. Стипендијата се продолжува за наредната учебна година доколку стипендистот успешно ја завршил претходната година.

1kov11

Корисникот на стипендијата е должен во почетокот на секој семестар да му достави на Советот на Фондот „Атанас Близнаков” потврда за запишан и завршен семестар и за предвидените и положените испити, и тоа за зимскиот семестар до 30-ти септември и за летниот до 15-ти март.

Советот на Фондот „Атанас Близнаков” на крајот од секоја учебна година поднесува до Универзитетскиот совет извештај за работата на Фондот и финансиски извештај.

Овие правила на Фондот влегуваат во сила со денот на усвојувањето од страна на Советот на Фондот.

Продолжува

 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *