Премиерот Димитар Ковачевски денеска од Прилеп порача дека политиката треба да ги тргне рацете од верата. -И трето, сметам дека на државата и треба носење одлуки во однос на интегрирање во ЕУ, бидејќи во спротивно ќе го гледаме она што го гледавме 11 години, а вие добро се сеќавате дека во тие 11 години не направиме ниту милиметар исчекор кон зачленувањето во НАТО и ЕУ. Единствено гледавме улични борби на Кале во кои едни подигнуваа конструкција за верски објект, а други го напаѓаа верскиот објект. Тоа на државата не и треба. Нашите граѓани сакаат да живеат во држава членка на ЕУ, а не со пасоши на туѓи држави да одат и да живеат во туѓи држави во ЕУ, истакна Ковачевски по посетата на ИКТ центарот за чување и заштита на податоци во Прилеп каде беше придружуван од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.