Премиерот Ковачевски ќе учествува на 20. Виенски економски форум

  Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе учествува на 20-то јубилејно издание на Виенскиот економски форум.

Според програмата, предвидено е премиерот Ковачевски да говори на панел- сесијата „Градење економска соработка во тешки времиња“, заедно со премиерите на Албанија, Еди Рама, на Косово, Албин Курти, на Бугарија Николај Денков, како и министерот за економија на Молдавија, Думитру Алаиба, најави владината прес-служба.

Во рамки на Форумот, претседателот на Владата Ковачевски ќе оствари билатерални средби со премиерот на Косово, Албин Курти и со еврокомесарот за економија Паоло Џентилони.

Ковачевски ја предводи делегацијата во која е заменик министерот за финансии Филип Николовски.