За 30 отсто поевтини роамингот за македонските граѓани со земјите од ЕУ, од 2028 цените се изедначуваат

  Македонските граѓани од овој месец  имаат за 30 проценти поевтин роаминг со земјите од ЕУ, потврди денеска министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу.

-Од 1 октомври веќе стапи во сила Договорот помеѓу операторите на ЕУ и операторите во Западен Балкан за намалување на цените на роаминг податоците во склоп на процесите во ЕУ. Тоа значи дека нашите граѓани и бизнисот од РСМ кога ќе одат надвор веќе имаат 30 проценти помали трошоци за роаминг и обратно, значи граѓаните или бизнисите од ЕУ во РСМ ќе имаат 30 проценти намалени трошоци за роаминг, рече министерот Алиу кој одржа брифинг со медиумите.  

Прашан конкретно што би значело тоа во однос на цените, Алиу рече дека тие се во надлежност на операторите. 

– Конкретно, најверојатно операторите очекуваме овие денови да излезат со понуди, со пакети во коишто ќе ги имаат, ќе ги понудат (цените), бидејќи Договорот е помеѓу операторите на ЕУ и операторите на Западен Балкан, рече министерот Алиу.  

Тој нагласи дека се дефинирани и активности за натамошно постепено намалување на цените за роамингот и тоа во 2026 година  ќе има исто така намалување за 30 проценти, а се очекува во 2028 година цените за роаминг да бидат исти како цените на тие услуги коишто ги има на домашен пазар.

-Тоа значи дека во 2028 година истите цени ќе ги имаме како внатре така и надвор од државата, вели министерот за информатичко општество и администрација.  

На новинарско прашање Алиу посочи дека сите оператори се согласиле да ги намалат цените и оти од операторите зависи како ќе комуницираат со граѓаните и дали ќе информираат преку кампањи, бидејќи станува збор за приватен сектор.

2 thoughts on “За 30 отсто поевтини роамингот за македонските граѓани со земјите од ЕУ, од 2028 цените се изедначуваат

  1. Hey! Do you know if they make any plugins to assist with Search Engine Optimization? I’m trying to get my site to rank for
    some targeted keywords but I’m not seeing very good gains.
    If you know of any please share. Kudos! You can read
    similar blog here: Scrapebox AA List

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *