Депонирани оставките на министрите на ДУИ, власта чека потег од Мицкоски

Министрите во Владата од редовите на ДУИ вчера поднесоа писмени оставки од функцијата до премиерот Димитар Ковачевски, во насока на исполнување на едно од барањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, а со цел да бидат изглазани уставните измени со што би се деблокирала евроинтеграцијата на земјата. Од СДСМ го поздравија потегот и порачаа дека на потег е Христијан Мицкоски да покаже државнички капацитет и одговорност. Од ВМРО-ДПМНЕ и натаму опстојуваат на позицијата за брзи избори. 

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, вчера упати јавно писмо до премиерот Ковачевски, во кое вели дека министрите и владините функционери од редовите на Демократската Унија за Интеграција поднесуват оставки од функциите што во моментов ги извршуваат и оти оставките ќе се материјализират автоматски во моментот кога опозицијата ќе гласа за уставни измени. 

Скопје, 5 септември 2021

-Ценејќи дека нашата земја, Република Северна Македонија, е во критична фаза од нашата европска иднина, имајќи ја во предвид тежината на интеграцијата како политичка организација во последните 20 години, ценејќи дека големите одлуки бараат одговорност и политички, национални и државни жртвувања од секој од нас, тргнувајќи од условот на опозицијата дека ќе гласаат за уставните измени доколку Демократската Унија за Интеграција излезе од Владата, се наведува во писмото од Ахмети.

Во него лидерот на интегративците меѓу другото потенцира и дека интеграцијата на земјата во ЕУ останува стратешки интерес за сите граѓани на државата. 

-Легитимно избрани по волја на албанскиот гласач, свесни за надежите и соништата на луѓето да станат дел од големото европско семејство, имајќи во предвид дека Демократската Унија за Интеграција и јас остануваме посветени на определбата дека евроатлантските интеграции, со целосни права на државата, освен во НАТО, исто така и во Европската Унија, како и непрекинатото сојузништво со Соединетите Американски Држави, беа, се и остануваат најголем интерес на сите наши граѓани, без разлика на нивната национална и верска припадност, стои во писмото од Ахмети.

Ваквата одлука ја најави завчера министерот за надворешни работи Бујар Османи и потпретседател на ДУИ, одговарајќи на новинарски прашања за уставните измени. 

Шефот на дипломатијата Бујар Османи во објава на Фејсбук посочи дека е во редовна комуникација со министерската за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска во насока на надминување на

-Сите нивни барања ги прифативме. Бараа ДУИ да излезе од Владата. Ставот на ДУИ е јасен, одлуката ќе се активира дента кога ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа. Дури може сега да ја потпишеме со одложено дејство и таа да влезе во сила дента кога ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за уставните измени, рече Османи на средбата со новинарите.

И вицепремиерот и министер за политички систем Артан Груби в понеделникот на телевизиско гостување рече дека се подготвени да излезат од Владата во истиот момент кога ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат за уставните измени.

Прашан дали ДУИ се подготвени да излезат од Владата доколку тоа е цената што треба да се плати, Груби рече дека не само да излезат од Владата, туку и да се откажат од прв премиер Албанец во Владата, да се откажат од Пржинската Влада…

Во моментов 74 пратеници во Собранието се „за

-Од сето тоа да се откажеме и да одиме или на предвремени избори веднаш по гласањето на уставните измени или да одиме на редовни избори. Ако им се седи во Влада уште една година, пет, шест месеци, 10 месеци колку има, нека си седат во Владата, само нека гласаат за уставните измени. ДУИ во истиот тој момент од изгласувањето на уставните амандмани, излегува од Владата и им овозможува да владеат без ништо од тоа што очекуваме до крајот на мандатот, рече Груби во понеделникот во телевиското гостување.

Депониранирањето на условените оставки на министрите во Влада од редовите на ДУИ, ги поздравија од СДСМ со оценка дека ставајќи го државниот пред партискиот интерес ДУИ покажала одговорност кон врвната стратешка цел, европската иднина на земјата и сите наши граѓани. На потег е велат, Мицкоски, да покаже државнички капацитет и одговорност.

null

-Со одлуките на Централниот одбор на СДСМ, како и со оваа одлука на ДУИ, сите услови кои ги поставуваше Мицкоски за ДПМНЕ да поддржи уставни измени се исполнети, вклучително и Влада без ДУИ. Големите државнички одлуки бараат државнички капацитет и одговорност. На потег е Христијан Мицкоски да покаже и докаже дали има државнички капацитет, дали му е важна европската иднина на земјата или само својата фотелја во Белата палата.

Од владејачката партија и коалицкси партнер на ДУИ, потенцираат дека членството во ЕУ е врвна стратешка цел, не е борба за власт туку борба за иднината на државата и од тоа нема да отстапат. 

-Гласот за уставните измени е глас за Европа, за сигурна и стабилна иднина. Со глас за Европа во македонското Собрание Мицкоски и ДПМНЕ имаат шанса, наместо да ја блокираат, наместо да ја одвојуваат македонската од европската агенда, да ја поддржат. Мицкоски треба донесе одлука, пратениците на ДПМНЕ да дадат поддршка за уставните измени и продолжување на европскиот пат. Мицкоски мора да донесе одлука и да преземе одговорност, глас за ЕУ или изолација, наведуваат од СДСМ.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во кусата пишана реакција го поздрави потегот на министрите на ДУИ, но го повтори ставот дека се за брзи избори.

Централниот и Извршниот комитет на ВМРО-ДМНЕ вечерва на состаноци зад затворена врата во партиското седиште ја утврдува листата на кандидати за пратеници на претстојните парламентраниизбори н

-Добро е што ДУИ по 20 години власт е подготвена да замине во опозиција од каде ќе може да одговараат за криминалот и да ја докажуваат својата невиност. Откако ДУИ го направи првиот чекор, си поднесоа оставки, сега само тие да бидат неотповикливи и да одиме на брзи избори, бидејќи се друго е одолговлекување и играње играчки на грбот на државата и иднината на граѓаните, се посочува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Едно од барањата на опозицијата на лидерската средба меѓу претседателите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, одржана на почетокот од јуни, беше да се формира влада во која нема да учествува ДУИ.

Потребата за носење на уставните измени минатата недела го мина комисискиот филтер, а пленарната седница е закажана за 18 август. За да помине предлогот за уставни измени потребно е двотретинско мнозинство или поддршка од 80 пратеници. Од власта изјавија дека им недостигаат осум пратеника, од опозицијата велат не е точно дека фалат уште осум пратеника до потребното мнозинство за гласање, туку дека има пратеници од владејачкото мнозинство, вклучително и од СДСМ, кои се против уставните измени.