Иницијативата за уставни измени на проверка во Министерството за правда, собраниската постапка се очекува да почне кон средината на јуни

Предлог-иницијативата за промена на Уставот подготвена од Работната група за уставни измени е доставена до Министерството за правда, каде се врши проверка и кога ќе биде целосно подготвена ќе биде испратена до Владата, која треба да ја разгледа и усвои и да ја достави до Собранието. Според собранискиот претседател Талат Џафери, од моментот на доставување на иницијативата за уставни измени до Собранието, па до нивно усвојување минимално се потребни четири и пол месеци. Според информации на МИА, постапката за усвојување на уставните измени би требало да започне кон средината на јуни. 

Во моментов во Министерството за правда се врши проверка на Предлог-иницијативата на Работната група од номотехнички аспект, по што би требало да биде преведена на албански јазик и кога ќе биде подготвена ќе се најде на седница на Влада. Владата треба да ја разгледа и усвои Предлог-иницијативата, по што таа ќе биде доставена до Собранието на понатамошна постапка.

Собранискиот спикер Џафери на вчерашниот брифинг со новинарите изјави дека процесот на промена на Уставот може да почне и без постигнат политички дијалог и да се искористат триесетте дена до првото гласање за постигнување договор. 

– Процедурално не е пречка да се отпочне процесот и да продолжат преговорите за политички консензус. Не е невозможна мисија, имајќи ги предвид овие рокови. И додека течат тие рокови има време за дебата. Процедурално е можно, рече Џафери.

 Nga momenti i paraqitjes së iniciativës për ndryshime kushtetuese në Kuvend deri në miratimin e tyre, kërkohet minimumi 4,5 muaj. Procesi mund të fillojë edhe pa arritur dialog politik dhe t

Од пристигнувањето на иницијативата за уставни измени во Собранието, потребни се 30 дена за таа да биде разгледана, по што ќе се одржи пленарна седница на која треба да се гласа.  

Одлуката за пристапување кон измени на Уставот треба да ја донесе Собранието со двотретинско мнозинство, односно со најмалку 80 гласа, а бидејќи се работи за промена на Преамбулата, потребно е таа да добие и т.н. Бадентерово мнозинство, односно за неа да гласаат и најмалку 21 од 40-те пратеници кои не се припадници на мнозинската македонска заедница.

Ако одлуката за пристапување кон измени на Уставот биде усвоена од Собранието, иницијативата се враќа до Владата, која треба да го подготви текстот на нацрт- амандманите на Уставот со образложение. Вака подготвениот текст се доставува до претседателот на Собранието, кој го проследува до пратениците и до шефот на државата најдоцна 30 дена пред одржувањето на собраниската седница на чиј дневен ред ќе се најде иницијативата.

Амандмани може да се поднесат само за она што е предмет на измените на Уставот и тоа право го имаат секој пратеник, работно тело и Владата како предлагач до најдоцна осум дена пред седницата на Собранието. Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, го утврдува нацртот на амандманот на Уставот. По ова, следува јавна расправа која не може да биде подолга од 30 дена.

Собранието на Република Северна Македонија ја започна седницата за избор на новата техничка влада која треба да ги организира предвремените парламентарни избори. 

Потоа, Владата поднесува предлог-амандмани до Собранието, кои треба да бидат прифатени од Комисијата за уставни прашања, која потоа доставува извештај со дополнет предлог на текстот на собраниската седница. Секој еден пратеник може да поднесе амандман на текстот. Текстот на предлог-амандманите се усвојува со 61 глас, а за да бидат усвоени, предлог-амандманите треба да бидат поддржани од најмалку 80 пратеници. 

Според Џафери, за спроведување на уставните измени ќе биде неопходен политички консезус, бидејќи без него постапката не ќе може да тече, бидејќи доколку предлогот за промена на Уставот не добие поддршка од најмалку две третини од пратениците на првото гласање, процедурата ќе биде прекината.

– Ова ги надминува интересите на мнозинството. Ова веќе не е само интерес на мнозинството, ова е интерес на државата на граѓаните. Државата 30 години работи макотрпно на тоа да ги оствари двете стратешки цели кои ги определиле уште при осамостојувањето, ова е можноста, смета Џафери. 

Работната група во петокот ја усвои Предлог-иницијативата за потребата од измени на Уставот со насоки за изменување и дополнување. Промените се во делот на Преамбулата каде после „…бошњачкиот народ“ се додаваат зборовите: „бугарски народ, хрватски народ, црногорски народ, словенечки народ, еврејски народ, египќански народ“. Втората измена, како што изјави претседателката на Работната група, Маргарира Цаца Николовска, е во делот за дијаспората и во амандманот 34 кој е заменет со член 49 и амандманот 2. Во овој амандман на Уставот со кој се заменува членот 49 и амандманот 2, после бошњачкиот народ се додаваат зборовите „бугарски народ, хрватски, црногорски народ, словенечки народ, еврејски народ, египќански народ“. 

Премиерот Димитар Ковачевски во саботата го повика на средба лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски на која, меѓу другото би се разговарало за евроатланскиот пат на земјата. Мицкоски се согласи на средба со тоа што исто така побара на неа да се разговара за тоа што ќе биде со земјата доколку не се усвојат уставните измени. Очекувањата се дека оваа средба би се случила најрано викендов, имајќи предвид дека премиерот Ковачевски деновиве е на службено патување во Братислава. 

Во однос на уставните измени вчера реагираа и Здружението Обединети Торбеши и Партија за европска иднина – ПЕИ, кои преку соопштение посочија дека Торбешите, како и секоја друга етничка група во земјава имаат право на задржување и негување на својата култура, фолклор и традиција. 

– Со големо внимание ја следиме дебатата околу предлогот за не внесување на Торбешите во Уставот на Северна Македонија и би сакале да ја изразиме нашата реакција. Уставот треба да биде направен да ги заштитува правата на сите граѓани без разлика на нивната раса, вероисповед, пол или етничко потекло. Принципите на рамноправност и инклузивност се од суштинско значење во изградбата на едно демократско и разнолико општество. Овие права треба да бидат заштитени и поддржани, сочитајќи ги со законите и меѓународните конвенции, се наведува во соопштението, во кое се посочува дека последниот Попис во земјава како Торбеши се изјасниле 6017 граѓани.

Како краен рок за уставни измени се посочува ноември, кога треба да заврши и скрининг процесот и да се одржи втората меѓувладина конференција и со што ќе почнат преговорите по поглавјата.