Прашањето за името на агендата разговори на Ципрас во Брисел

Отворените прашања во грчката надворешна политика, односно спорот за името, грчко – турските односи и кипарското прашање, се дел од агендата на грчкиот премиер на средбите и активностите што ќе ги има во Брисел за време на Самитот на ЕУ.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, Алексис Ципрас, ќе се осврне на позициите на Грција за европската перспектива на Западен Балкан и за преговорите на Атина со Скопје и Тирана.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, грчкиот премиер за спорот со името ќе разговара и на неговите средби со европските лидери.

– За време на Самитот, господинот Ципрас се очекува да има контакти со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, со германската канцеларка Ангела Меркел, со претседателот на Франција Емануел Макрон и со премиерката на Велик Британија, Тереза Меј, со кои ќе разговара за Турција, Кипар и за името на ПЈРМ, пишува грчката новинска агенција, пренесе МИА.

One thought on “Прашањето за името на агендата разговори на Ципрас во Брисел

  1. What a well-written and thought-provoking article! It offered new perspectives and was very engaging. Im curious to hear other opinions. Feel free to visit my profile for more related content.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *