Ѕанакопулос: Решение со сложено име за севкупна употреба

 Се надевам дека нашите соседи ќе продолжат да преговараат со добра волја за да најдеме заемно прифатен договор, вели портпаролот на грчката влада Димитрис Ѕанакопулос  во интервју за грчката телевизија „Blue sky“, јави допсникот на МИА од Атина.

Ѕанакопулос, уште еднаш ги повтори позициите на официјална Атина за сложено, ерга омнес име, без да навлегува во дополнителни технички детали, што точно содржи текстот испратен од грчката до македонската страна.

– Она што е вклучено во конкретниот текст е договор што се базира на општата позиција на грчката влада: сложено име, што важи за сите и за севкупна употреба. Што значи за сите? Во секој случај, потребна е уставна ревизија, значи дека ова име ќе треба да се користи и во внатрешноста на соседната земја. Според тоа, очигледно е дека се поставува темата и за уставна ревизија, вели Ѕанакопулос и додава дека решението треба да се движи токму во оваа рамка.

На прашањето дали евентуалниот договор би бил пакет решение или проблемот би се решавал на делови, портпаролот на грчката влада, објаснува дека „кога говориме за меѓународни прашања, што се доста сложени и се однесуваат и на внатрешни административни процедури потребно е време“, а самите меѓународни договори „ги обврзуваат страните и треба да има имплементација, бидејќи во спротивно имаа прекршување на меѓународното право“.

– Во вакви меѓународни прашања, секогаш постои договор за решение кое предвидува конкретен временски рок за да се направат сите неопходни административни процедури, штом претходно се договорат основните услови, брз база на кои може да одиме напред, објасни портпаролот на грчката влада.

Димитрис Ѕанакопулос, во интервјуто го повтори она што го има споменато и шефот на грчката дипломатија, дека Грција не е под притисоци и не постои временски рок за решение

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *