Во самиот финиш на натпреварот со Њу Орлеанс, во обид да пресече топка на противникот, извонредниот плејмејкер на Голден Стејт, Стеф Кари згазна на ногата на противникот и заработе незгодна повреда.
Кари со помош на патерици го напушти теренот, а потоа веднаш замина во болница. За негова и за среќа на екипата, снимките утврдија дека не се работи за кинење на лигаментите на скочниот зглоб, туку само за истегнување.
Сепак повредата значи оддалечување на Кари од тренинзите и натпреварите на Голден Стејт извесно време. Според тоа каков третман и услови, особено здравствена заштита имаат кошаркарите на НБА, може да се очекува брзо враќање на Кари на теренот.